fbpx

Кој НАЧИН на ПЕШАЧЕЊЕ најбрзо ги СОГОРУВА МАСТИТЕ?

tonus

Во една од претходните статии зборувавме за некои интересни, не баш познати бенефити од пешачењето, а во оваа ќе се посветиме повеќе на ефектите од пешачењето врз топењето на вишокот маснотии.

Како што е општо познато, пешачењето може да биде одлична физичка активност за согорување масни наслаги. Сепак, постојат различни типови, односно брзина и темпо на одење. Не сите делуваат исто на топењето масно ткиво.

Било кој тип на одење или физичка активност троши одредено ниво на калории, но забрзаното одење во период од 45 минути, поттикнува поголемо ,,ангажирање” на масните наслаги или складираните маснотии. Тоа е особено добро за согорување на длабоките масни наслаги на стомакот и струкот, наречени висцерални маснотии.

Ваквите маснотии не само што додаваат на тежина, туку се и посебен ризик-фактори за дијабет и кардиоваскуларни заболувања.

"“Online”/

Две работи се клучни кога станува збор за согорувањето масно ткиво преку пешачењето:

I) Пешачењето мора да биде доволно брзо за да се забрза работата на срцето до зона во која ќе почнат да се користат маснотиите.

II) Пешачењето треба да е доволно долго за да се ангажираат резервните маснотии, наместо само да се потрошат помалите шеќерни залихи, складирани за брзо користење по потреба.

Кога можеме да сметаме дека сме во ,,зоната” на согорување на масните наслаги?

Можеме да сметаме дека сме ,,навлегле” во оваа зона кога работата на срцето или неговиот пулс (отчукувања во минута) ќе ни биде 60 -70% од максималниот.

Во ваква ситуација, односно при овој напор, околу 85% од согорените калории се од масти, 5% од протеини и 10% од јаглехидрати.

Колку треба да биде пулсот за да навлеземе во оваа зона зависи од повеќе фактори, помеѓу кои највеќе од возраста, телесната тежина и физичката спремност (на интернет можете да најдете повеќе табели со потребниот пулс и возраста на пример).

За мерењето на пулсот постојат повеќе апликации на паметните телефони и мерачи на пулсот. Сепак, тие не се воопшто неопходни, самото тело ни кажува кога надминуваме 50% од нашиот капацитет.

 

НАИЗМЕНИЧНО – БАВНО, БРЗО, БАВНО, БРЗО

Наизменичното брзо, па потоа успорено одење можеби е најдобриот начин за согорување на вишокот масти.

Со забрзаното одење полесно влегуваме во зоната каде се согорува масното ткиво, а лесно ќе го забележите и ,,влезот” во зоната – потешко дишење, чувство на напор, поинтензивно потење, но сепак можност за разговор. Одењето по нагорни патеки или планинарењето е исто така одличен избор.

Колку долга треба да биде прошетката за да почне топењето масти?

Веројатно нешто повеќе од половина час, но тоа зависи од повеќе фактори. Ако имате голем вишок на тежина, согорувањето би требало да почне и порано. Одењето над половина час ќе ви обезбеди дополнително поголемо согорување на калории од резервните маснотии.

Загревањето со поспоро темпо е значаен дел од секој тип на физички ,,кардио” вежби. Првите десетина минути, додека темпото е поспоро, би требало да дојде до согорување на поголемиот дел од резервните шеќери во мускулите. Ова претставува еден вид на сигнал за телото дека активноста ќе биде подолга и дека треба да се подготви за согорување на маснотиите. Ако почнете директно со побрзо темпо, телото нема да го добие потребниот сигнал.

Плус на тоа, ако почнете веднаш со побрзо темпо, повредите заради недоволна истегатост на мускулите и зглобовите се поверојатни, а поверојатна е и шансата побрзо да се заморите и да застанете.

Затоа, почетниците треба да почнат со околу 15 минутни прошетки дневно, па постепено да ги зголемуваат. Зголемувањето на времетраењето би требало да бидем околу 5 минути, неделно. По некое време, како што рековме, најдобро е да се вметнат повеќе серии од неколку минутно забрзано темпо помеѓу пријатните прошетки.

Неколку важни совети за прошетки кои ќе ви помогнат со ослободувањето од масните наслаги

Многу е важно да се чувствувате пријатно додека обавувате било каква физичка активност, па така и при пешачење. Заради ова, најпрво треба да си обезбедите пријатни обувки и облека која ќе ви овозможува слободни движење во сите насоки, но и ќе ви ја изнесува потта нанадвор. Доколку имате одредени помошни средства за мерење пулс и се водите според апликации, тоа е одлично, но како што кажавме, ова е далеку од задолжително.

• Започнете со загревање од 5-10 минути, а потоа зголемете ја брзината. Кога ќе почувствувате дека напорот е преголем, успорете, па потоа повторно забрзајте.

Обидете се што поголем период да поминете во ,,зоната” за која зборувавме. Зоната ќе ја почувствувате ако имате забрзан здив, потење и чувство на напор. Доколку сте во можност и го мерите пулсот, ќе можете попрецизно да се одржите во зоната.

• На крајот завршете повторно со 5-10 минути со споро темпо.

Колку чести треба да бидат овие вежби?

Најверојатно тоа ќе зависи од вашето чувство, но доколку ваква физичка активност практикувате повеќе од 5 пати во неделата, тоа ќе се одрази идеално на вашата телесна тежина и значително ќе ви го намали ризикот од низа заболувања.

Зоната за која зборувавме, се преклопува со она што се смета за умерена физичка активност. Така, скоро секој човек, без разлика на физичката спремност и годините може да изгуби маснотии со редовно пешачење.

Колку калории ќе потрошите при прошетките главно зависи од дистанцата и вашата телесна тежина, а во нешто помала мера од брзината.

Неколку совети за согорување на дополнителни калории:

◦ пешачете по угорнини

◦ практикувајте побрзи, наизменични интервали

◦ пешачете повеќе во дистанца

Дали пешачењето е подобро за слабеење отколку поинтензивните физички вежби?

Поинтензивните физички вежби не согоруваат маснотии колку оние поумерените, но треба да знаете дека буквално секоја физичка вежба е добра за слабеење, без разлика на сé. Прашањето е можеби која е малку подобра од другата. Погоре видовме дека наизменичното брзо, па потоа споро одење е подобро во однос на обичното, но избирањето на најдобра физичка ,,кардио” вежба за слабеење во голема мера зависи од самите вас.

Најдобрата физичка активност за согорување на маснотиите е онаа во која највеќе уживате и можете да ја повторувате секојдневно!


Некои други физички активности кои исто така се вбројуваат во активности со умерен интензитет:

• возење велосипед
• аеробик
• пријатно џогирање
• градинарство
• тенис

Добро е да имате умерени физички активности од различен вид. Тоа ќе овозможи активирање и зајакнување на различни мускули, но и социјализирање и дружење во поединечните и некои полесни екипни спортови.

Значи физичката активност не само што ги намалува килограмите и масните наслаги, туку ги зацврстува мускулите и го забрзува метаболизмот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор