fbpx

Не се доволни витамините и минералите, ни требаат ФИТОХЕМИКАЛИИ!

tonus

 

Oпкружени сме со стотици типови на овошки, зеленчук и разни видови на полнозрнeста храна. Ваквиот вид на храна е богат со витамини, минерали и мнофу важни есенцијални материи – заедно наречени фитохемикалии (хемикалии природно присутни во растенијата) кои се oд особена важност за одржување на доброто здравје, како и за превенција од повеќе заболувања.

Фитохемикалиите консумирани посебно или во комбинација, се покажале како корисни во превенцијата од појава на канцер и во третманот на несаканите ефекти кои се поврзани со ова заболување. Во последно време се спроведуваат повеќе истражувања кои ја испитуваат можноста овие супстанции да се користат за подобрување на третманот на канцер, односно да ја зголемат ефективноста на третманот.

Исто така, фитохемикалиите покажуваат корисно дејство и во превенирањето на срцевите заболувања и контролирањето на дијабетот. Многу значајно е да се каже дека позитивниот ефект кој можеме да го добиеме од овие материи е создаден без притоа да имаме било какви несакани ефекти и токсичност.

"“Online”/

Повеќе научни студии кои се занимаваат со начините на исхрана, покажуваат конзистентни резултати во однос на долгиот, здрав и функционален живот. Земјите во кои исхраната на луѓето се базира на растителна храна (над 60% од исхраната е од растително потекло), населението живее подолго, поздраво и е пофункционално.

 

Како фитохемикалиите помагаат во превенцијата на малигните заболувања и третманот?

 

Како што поминува времето, со многуте истражувања во оваа област, добиваме сè повеќе информации за механизмот според кој се развиваат малигните заболувања, односно механизмот според кој нормалните клетки се трансформираат во малигни. Со други зборови, сè подобро ги разбираме обележјата (hallmarks) на знаците за тоа како канцерот се создава. Испитувањата правени на животински клетки и почетните испитувања правени на човечки клетки, покажале дека неколку од растителните фитохемикалии имаат способност да ги таргетираат и да ги модулираат или изменат овие ,,обележја” на канцерот и да овозможат смалување или повраток на процесот на создавање канцер и неговите симптоми.

Кои се т.н. ,,супер зеленчуци и овошки”, најбогати со фитохемикалии?

Следните овошки и зеленчуци треба да се постојано присутни во вашето секојдневие: портокали, киви, малини, капини, различни видови на јужно овошје, домати, моркови, брокули, зелка, карфиол, спанаќ, грашок, кромид, лук итн. Оваа свежа храна, освен што е богата со фитохемикалии, богата е и со различни други микронутриенти.

Во колкави количиини треба да консумираме овошје и зеленчук?

Ниската калориска вредност и богатиот микронутритивен состав, овозможуваат речиси неограничен внес на свежата храна. Тешко е да се претера, но мора да се каже и дека присуството на прости јаглехидрати (шеќери), генерално кај овошките, може да биде проблем кај луѓето со дијагностициран дијабет, а исто така, во крајна линија за покачувања на телесната тежина, доколку се претерува.

Помалку од 24% од целата популација консумира повеќе од 5 овошки и зеленчуци, дневно- децата, уште помалку. За превенција од повеќе заболувања како и за задоволување на потребите на организмот, нашиот внес на оваа свежа храна треба да биде повеќе од 5 различни видови, на дневна база. Најдобро е тоа да биде свежа храна, со различни бои. Консумирањето на сокови или популарно наречени ,,шејкови”, исто така може да биде добра практика како што веќе кажавме, но во таков случај лесно може да се случи да ,,претераме” со калорискиот внес, што може пак, да создаде други проблеми.

Како да му овозможиме на телото ,,полесно” да дојде до фитохемикалиите?

Клучно за телото да дојде до овие важни хранливи материи е свежата храна во која тие се присутни, да се јаде таква каква што е, свежа, секако со претходно соодветно миење.

Готвењето на зеленчукот и овошјето може да уништи и до над 60% од фитохемикалиите (варење, пржење, печење). Исто така, треба да се избегнува лупење на кората, за максимално искористување на фитохемикалиите. Готвењето на водена пара e следната најдобра опција, но сепак најдобро е овошките и зеленчукот да се јадат свежи!

Најдобро е да се прават различните комбинации од свежи овошки или зеленчуци со различни бои, текстури, облици и големини. Тоа не само што ќе обезбеди поголемо чувство на заситеност(а помалку консумирани калории) и ќе ја намали потребата за масната храна, туку ќе му ги обезбеди на организмот и потребните микронутриенти кои како што видовме, можат и да бидат превенција од сериозни заболувања

Затоа, практикувајте јадење на богати комбинации на салати, со колку што е можно поголем дел од оброците во денот. Правењето на овошни салати може да биде примамливо, а шејковите и консумирањето на овошки како ужина, исто така е добра опција, но треба да се внимава.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор