fbpx

Пиење доволно ВОДА – важно и корисно при СЛАБЕЕЊЕ!

tonus

Добро знаеме дека во летниот период нашата потреба од вода и од течности е поголема. Затоа, потребно е редовно и повеќе да пиеме вода со цел да сме доволно хидрирани. Но, добрата хидрираност може да помогне и со нешто друго – слабеење. Поради тоа, во продолжение ќе се задржиме на ефектот и придобивките од внесот на вода при процесот на слабеење.

Главните принципи на слабеењето

При слабеењето, најчесто се комбинираат промените во исхраната и редовната физичка активност. Меѓутоа, многумина го водат процесот само со промени во исхраната или само со зголемена активност. Но, сепак најдобри резултати се постигнуваат кога овие две промени се комбинираат заедно.

Во тој поглед, клучниот аспект при слабеењето е да се одржува стабилен и континуиран калориски дефицит. Тоа значи, внес на помалку калории од она што ни е потребно и што го трошиме во текот на денот. Со текот на времето, ова доведува до слабеење бидејќи телото е приморано да ги троши резервите (главно кои доаѓаат од масните наслаги). За време на ваквиот дефицит, телото ги искористува резервите со цел да надокнади за калориите, односно енергијата, која му недостасува.

"“Online”/

Постојат бројни стратегии и начини на исхрана кои може да помогнат при процесот на слабеење. Потребните калории кои треба да се внесуваат, односно дефицитот кој е потребен е исклучително променлив и индивидуален за секого и зависи од повеќе фактори, како: возраста, полот, висината, тежината и генетските фактори.

Водата може да го „активира“ метаболизмот?

Покрај физичката активност и балансираната исхрана, доволен внес на вода исто така се смета како корисна алатка при процесот на слабеење. Ваквиот ефект на водата се смета дека се должи на повеќе различни причини.

Пиењето вода може да го „активира“ метаболизмот и да помогне да се согоруваат повеќе калории во текот на денот. Некои истражувања покажуваат дека после 10-ина минути од пиење на чаша вода, телото ги зголемува потребите за енергија за 24-30% во наредниот час. Една студија која го проучувала ефектот на пиењето на ладна вода кај деца со прекумерна тежина, покажала дека потребите за енергија се зголемиле за 25%. Други студии покажале дека пиењето дополнителен 1 литар вода дневно, довело до намалување на околу 2 килограми годишно, кај жени со прекумерна тежина.

Водата може да го намали апетитот пред оброкот

За многумина, пиењето вода пред оброкот го намалува апетитот. Но, истражувањата покажале дека ова најчесто важи само за повозрасната популација. Една конкретна студија покажала дека пиењето вода пред секој оброк, довело до намалување за 2 килограми кај постари лица, во период од 3 месеци. Друга студија пак, покажува дека повозрасни лица со прекумерна тежина, кои пиеле вода пред секој оброк, изгубиле за 44% повеќе тежина, споредбено со групата која не пиела вода. Друга студија покажала дека пиењето вода пред појадокот,  во просек го намалува внесот на калории при овој оброк за 13%. Важно е да напоменеме дека овие резултати главно се однесуваат на повозрасната популација, додека студиите покажуваат дека кај помладите, водата не влијае значително при намалување на апетитот.

Дополнително, пиењето на доволни количества вода е особено важно за исфрлањето на непотребните материи од нашиот организам. Ова би значело дека работата на бубрезите, како и на цревата е целосно зависна од внесот на вода. Доколку овие непотребни материи редовно и правилно се исфрлаат, ние ќе се чувствуваме полесно, подобро и поздраво. Кај луѓето кои не пијат доволно вода може да се јави констипација, надуеност, замор – фактори што може да го отежнат процесот на слабеење.

Колку вода е потребно да пиеме?

Водата е неопходно да ја внесуваме, но многумина не ја внесуваат доволно. Таа треба секогаш да биде преферирана преку пијалоците со шеќер и впрочем тоа е уште еден начин преку кој водата помага за слабеењето. Доколку таа ги замени соковите, слабеењето може да биде многу побрзо и поуспешно. Особено е важно децата и тинејџерите да стекнат рана навика за пиење на вода, наместо на сокови и засладени пијалоци. Поради внесот на големи количини на пијалоци со шеќер, децата се особено подложни на покачување на телесната тежина и формирање на прекумерни масни наслаги.

Општите препораки за внес на вода се движат во опсегот од околу 2 литри на ден. Секако, оваа бројка е општа и не може да ги отслика потребите на секоја индивидуа. Луѓето што се физички активни, што често се надвор на топлото време, имаат значително поголеми потреби за вода. Исто така, бремените жени како и постарите лица, треба да внимаваат на тоа колку вода внесуваат дневно. Треба да напоменеме дека водата доаѓа и од храната, па така зеленчуците, овошјето, готвените јадења, кафето, чајот – се секако извор на значителни количини вода. Важно е да се следат и знаците на нашето тело: чувство на жед или суви усни, чувство на уморно, блага главоболка, надразливост, потешкотии со концентрацијата и сл. Сето ова може да биде знак дека имаме потреба од вода и дека имаме благ или умерен степен на дехидрираност.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор