fbpx

Не само КОЛКУ, важно е и КОГА ја пиеме ВОДАТА! Зошто?

tonus

                 Покрај сите совети за здраво живеење, можеби најосновниот кој постојано и постојано го слушаме е – пијте доволно вода! Сите знаеме дека доброто хидрирање е доста значајно, но дали сте се знаеле дека освен што е важно КОЛКУ пиеме вода, важно е и КОГА и на КОЈ начин ја пиеме?

                Според досегашните достапни податоци, се смета дека во просек, за просечен возрасен човек, потребни се околу 250ml вода на секој час и тоа во првите 10 часови од денот, сметајќи од будењето. Тоа се вкупно 2,5 литри вода. Зошто велиме баш во првите 10 часови?

                   Научниците утврдиле дека филтрацијата на течностите во нашиот организам, што секако се врши од страна на бубрезите, е во исклучително силна зависност или корелација со т.н. “циркадијален ритам”. Станува збор за поим меѓу народот познат како биолошки часовник. Телото има свој главен внатрешен, биолошки часовник кој ни овозможува соодветно да ги регулираме нашите ,,биолошки шаблони” и навики, почнувајќи од оние за јадење, па се’ до спиењето – неопходни процеси за одржување на т.н. хомеостаза или општа телесна благосостојба. Всушност, речиси секоја клетка од организмот поседува свој внатрешен часовник, а поимот циркадијален ритам реферира на главниот часовник задолжен за синхронизација на сите ,,часовници” на периферните ткива. Било какво нарушување на овој систем се поврзува со некаков тип метаболна дисфункција. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте тука: Телото се води од внатрешен ЧАСОВНИК – внимавајте да не го нарушите!

"“Online”/

Бубрезите работат во ,,една смена”

                     Целокупната функционалност на нашите бубрежни клетки, вклучително и продукцијата на хормонот вазопресин, познат антидиуретичен хормон, се силно регулирани од т.н. циркадијални гени. Се работи за гени што се експресираат во секоја клетка, но кај одредени клетки, ткива, односно органи имаат многу силно влијание, што впрочем силно ја определува динамиката на нивната работа. Во случајот на бубрезите, ова значи дека од “активноста” на споменатите гени зависи со која брзина тие ќе филтрираат. Според ова, нашите бубрези ги филтрираат течностите со засилена брзина во првите 10 часа по будењето. Тоа не значи дека бубрезите потоа не функционираат, туку значи дека функционираат со значително намален обем на работа и намалена ефикасност. 

[Поврзано:10 многу значајни совети за здрави бубрези!]

Можни решенија за непосакуваното будење заради потреба од мокрење

                    Будењето заради потреба од мокрење може да биде симптом на одредена состојба во позадина, но некогаш е само резултат на лоши навики. Како и да е, станува збор за исклучително непријатно искуство, дури и ако е еднаш во една вечер. Овој проблем може да се избегне доколку се сменат некои навики. Како можеме да си помогнеме?

  • Пиење на најголемиот дел од течностите во првите 10 часови по будењето. На тој начин нема да се јавува потреба од жед во текот на вечерта.
  • Системот на филтрација на течности на нашиот организам, не зависи само од вкупното количество или волуменот на внесената течност, туку и од динамиката на внесување. Причината се одредени “механосензори” Така, ако одеднаш внесеме поголеми количества течности, тогаш многу побрзо ќе имаме потреба да ги излачиме, отколку ако ја внесеме истата количина, но во одложен период.
  • Не консумирајте повеќе од една чаша вода по периодот (освен ако немате посилна активност или е претопло) од 10 часа по будењето легнувањето.

Повеќе информации на тема вода и здравје, прочитајте тука: Што ни се случува кога не пиеме доволно вода?

Извор:

Circadian rhythms and the kidney

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор