fbpx

Пилешко во куркума сос!

tonus

Кога станува збор за медитеранскиот начин на исхрана, историски гледано луѓето од овој регион на трпезата го имале она што земјата имала највеќе да им го понуди – многу свежа храна (овошје и зеленчук),полнозрнести житарки, мешунки, јатки, семиња итн.

Бидејќи самите животни и нивното одгледување било скапо во однос на средства, но и на простор, употребата на месото во традиционалната медитеранска исхрана било ограничено на празниците, религиозните ритуали и некои специјални пригоди. Впрочем, ова во голема мера важи и за нашата македонска традиционална исхрана.

Денес, науката потврдува дека генерално растителната Медитеранска исхрана, каде месото, па и млечните производи се употребуваат најчесто како гарнир, а не како главно јадење, има бројни здравствени, но и еколошки придобивки.

"“Online”/

[Поврзано: Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – Медитеранска исхрана 2020!]

Како месото да биде дел од здравата исхрана?

Главно, постојат три главни принципи според кои медитеранскиот начин на исхрана се ,,однесува” кон месото и тоа:

  • Процесирани и ,,црвени” месни продукти (паштети, салами, печеници, чајни и слични препроцесирани продукти од месо) речиси никогаш – 0g.
  • Помалку е подобро! – и кога се користи местото, всушност најчесто се употребува како еден вид на зачин. И кога е малку додадено, месото може значително да го подобри вкусот на оброкот!
  • Начинот на подготовка е особено значаен! – никогаш немојте да го подготвувате месото со пржење и исто така избегнувајте печења на скара.

Многу повеќе на тема Медитеранска исхрана и месо, прочитајте во една од нашите претходни статии: Што вели Медитеранската исхрана за месото?

Во продолжение, ви нудиме еден медитерански рецепт во кој се употребува пилешко месо заедно со интегрален ориз и куркума сос.

[Поврзано: За храната – белото е црно, а разнобојното е живот!]

Печено пилешко во куркума сос

Потребни состојки:

  • 2 парчиња пилешки стек (не преголеми)
  • 1 лимон, исцеден
  • 1 лажица ладно цедено маслиново масло
  • 1 лажица куркума
  • ¼ лажица ѓумбир
  • ¼ лажица кумин
  • ¼ лажица димена пиперка
  • ½ лажица сув оригано
  • ½ лажица сув копар
  • Сол и бибер
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • 150g претходно сварен интегрален ориз
  • 100g грчки, нискомаслен јогурт

Начин на подготовка:

  1. Комбинирајте го пилешкото месо со сите останати намирници во поголем сад. Добро промешајте со рацете и оставете ја маринадата да отстои најмалку 30 минути или пак најдобро во текот на претходната вечер.

 

  1. Загрејте ја рерната и поставете една рамна, нелепливата тава за печење. Внимателно испечете го месото, постојано превртувајќи го.

 

  1. Комбинирајте го месото со претходно сварениот ориз и грчки нискомаслен јогурт.

– Овој рецепт прави една порција

 

Нутритивна вредност на 1 порција:

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
800 40g (0,5g фибер)72g35g

Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата, потоа витамините Е и Д, а особено со минералите селен, цинк, фосфор, железо и бакар.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор