fbpx

Пиењето КАФЕ ни е во ГЕНИТЕ?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Луѓето што преферираат турско или црно кафе, исто така сакаат темно чоколадо, покажува едно поново истражување од Northwestern Medicine. Интересно, според нив причините се ,,скриени” во нашите гени!

[Поврзано: Кога чоколадата е здрава храна – Темно чоколадо]

Истражувачите од споменатата студија откриваат дека одредени генетски предиспозиции што предизвикуваат побрз метаболизам на кофеинот, водат и кон префеирање на погорко, турско кафе. Истите генетски предиспозиции се утврдени и кај луѓето што обожуваат темно чоколадо, во споредба со било кое друго млечно.

"“Online”/

Научниците сметаат дека причините за ова не се само вкусовите карактеристики на кафето и чоколадото, туку повеќе нагорникавиот вкус што овие лица го поврзуваат со подобра ментална свесност која се очекува по внесот на кофеинот. Според нив, луѓето се учат да го поврзуваат горчливиот вкус на кафето со стимулирање на будност и подобро расположение.

[Поврзано: Добри вести за љубителите на кафето!]

Бидејќи побрзо го метаболизираат кофеинот, кај овие лица и стимулирачкиот ефект побрзо исчезнува, па затоа тие имаат потреба од повеќе кафе.

[Поврзано: Кафето е здраво, но во кои граници?]

Истото важи за темното чоколадо, иако тоа содржи помали количества на кофеин, доминантно теобромин, про-кофеинска компонента, исто така психостимуланс.

Зошто ни е ова значајно?

Консумирањето на кафето и темната чоколада се поврзува со намалување на бројни ризик-фактори за повеќе болести. Умереното пиење кафе го намалува ризикот од Паркиносонова болест, срцеви заболувања, дијабет тип 2, па дури и од одредени типови на канцер. Темното чоколадо исто така поседува слични квалитети. Повеќе на оваа тема прочитајте тука.

[Поврзано: Уште една причина за КАФЕ – превенција од Паркинсонова болест!]

Досега, кога научниците ги анализираа здравствените бенефити од кафето и темното чоколадо, најчесто се потпираа на епидемиолошките методи. Овие методи можат да упатуваат на асоцијација или поврзаност, повеќе отколку на некаква силна причиниско-последична врска помеѓу консумирањето на овие намирници и подоброто здравје.

Истражувањето за кое зборуваме денес ни покажува дека споменатите генетски варијанти можат да се користат за попрецизно анализирање на врската помеѓу кафето и корисни аспекти од нашето здравје. 

Не секое кафе е исто

Пиењето турско, горко кафе, наспроти кафе со шлаг или премногу шеќер делува многу поразлично врз нашиот организам. Оние што преферираат турско кафе се поразлични од оние што сакаат кафе со крем и засладувачи. Како што веќе споменавме, според наодите добиени во студијата, лицата што пијат турско кафе, преферираат и темна пред останатите видови чоколади, па научниците се заинтересирани подетално да го објаснат овој процес.

Досегашните достапни податоци велат дека бенефитите од пиењето кафе ги добиваме ако сме умерени – ако пиеме 2-3 чаши дневно.

[Поврзано: Наместо енергија, забрзан пулс и главоболка. Како да препознаете дали пиете премногу кафе?]

До 400mg кофеин на ден!

Според врвната Мајо клиника од САД, возрасните лица можат да толерираат кофеински внес до 400mg дневно, без да имаат несакани последици и ефекти. Тоа е екивалентно на 4 до 5 шолји кафе на ден. Сепак, треба да се има предвид дека не е само кафето извор на кофеин. Затоа, бидете особено внимателни и со енергетските, газираните пијалаци, кофеинските чаеви и чоколадите.

[Поврзано: НАЈОПАСНИТЕ калории: ТЕЧНИТЕ калории!]

Децата се особено чувствителни на кофеинот и не е добра идеја воопшто да го внесуваат.

За бремените жени, Мајо клиниката препорачува внесување на кофеин до 200mg дневно (или до 2 шолји кафе).

Треба да се има предвид дека овие препораки важат генерално. Постојат и возрасни луѓе кои имаат особена сензитивност на кофеин, па тие треба да бидат многу повнимателни.

Начинот на кој го пиете кафето, исто така определува дали кафето ви е здрава навика!

Многумина го пијат кафето со многу шеќер, кравјо, полномасно млеко, па и различни високо-калорични кремови.

Значи, заклучокот е јасен,за да ги ,,претворите” вашите дневни ритуали на уживање во кафето, во целосно здрава навика, потребно е:

Fibro Gel
  • Да ги ограничите шолјите кафе до максимум 5
  • Да го пиете кафето без или со сосема малку шеќер
  • Да не користите млеко и различни шлаг кремови (или да користите малку нискомаслено млеко)
  • Наместо високо-калоричните додатоци, користете зачини што одат добро со кафето, како: валнила екстракт, кардамон, цимет, какао прав и слични зачини. Користете и природни засладувачи, како медот.

[Поврзано: 8 причини почесто да уживате во КАКАОТО!],

Извор:

Genetic determinants of liking and intake of coffee and other bitter foods and beverages” , 13 December 2021, Scientific reports

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор