fbpx

Од црвени пиперки се прават и други намази, не само ајвар

tonus

Како што се наближуваме кон есента, забележуваме нови зеленчуци кои се појавуваат на нашите пазари. Сега започнува периодот на можеби еден од најпопуларните наши зеленчуци – црвената пиперка. Таа е најпопуларна и најкористена со причина. Има извонреден вкус, богата текстура, може да се користи како свежа, но и како печена во безброј рецепти. Покрај тоа, таа е исклучително нутритивна и здрава. Токму затоа, денес ви издвојуваме три рецепти за вкусни и здрави намази од црвена пиперка. За подготовка на овие рецепти ќе ви биде потребен некаков тип на блендер.

 

Пиперката претставува еден од најдобрите извори на витамин Ц

 

"“Online”/

Пиперката (Capsicum annuum) е повеќегодишно зеленчуково растение од семејството цветни растенија Solanaceae, во кое се и компирот, доматите итн. Се сретнува во повеќе бои и облици, а на нашите простори најзастапени сорти се: бабурите, зелените пиперки, црвените пиперки, фефероните и сл.

 

Пиперките се густо-нутритивна храна, односно имаат висока нутритивна, а ниска калориска вредност. Содржат висок процент на вода(над92%).

Во 100g свежа пиперка се содржат само 31kcal, од 6g јаглехидрати(4,2g шеќери), 1g протеини и 0.3g масти.

Исто така, количеството на растителни влакна е одлично – 2,1g.

 

Содржат фруктоза и глукоза кои се одговорни за слаткиот вкус.

Што се однесува до микронутритивниот состав, тој е фасцинантен. Освен што се еден од најбогатите извори на витамин Ц (169% од дневно препорачаниот внес), пиперките се и добар извор на витамин Б6, витамин К, калиум, железо, фолна киселина и провитамин А.

Дополнително, тие содржат бројни антиоксидативни соединенија кои даваат разни корисни бенефити за нашето здравје.

 

Намаз од печени црвени пиперки и грав

 

Потребни намирници:

  • 1 конзерва грав
  • 3-4 печени црвени пиперки
  • Малку свеж босилок
  • 3 големи лажици рендан пармезан
  • Сок од половина лимон
  • 2-3 чешниња лук
  • Малку сол и мелен црн бибер
  • Маслиново масло

 

Начин на подготовка:

  1. Во блендер ставете ги сите состојки, освен маслиновото масло и блендирајте додека не добиете мазна, кремава структура. Додадете го маслиново масло и повторно изблендирајте со цел истото да се хомогенизира.
  2. Ваквиот намаз може веднаш да го послужите како прилог во било кој оброк или на парче интегрален леб.

 

 

Намаз од печени црвени пиперки и наут

 

Потребни намирници:

  • 1 конзерва претходно подготвен наут
  • 1-2 чешниња лук
  • Маслиново масло
  • Сок од лимон
  • 3 печени црвени пиперки
  • Малку свеж магдонос

 

Начин на подготовка:

  1. Сите намирници ставете ги во блендер. Блендирајте додека не добиете смеса која е густа и кремава. Додадете дополнителни зачини по вкус и послужете како прилог или со интегрално парче леб.

 

 

Намаз од печени црвени пиперки и фета сирење

 

Потребни намирници:

  • Околу 200g фета сирење
  • 2-3 печени црвени пиперки
  • Маслиново масло
  • Малку сок од лимон
  • Малку средно лут буковец
  • Сол и мелен црн бибер
  • 1-2 чешниња лук

 

Начин на подготовка:

  1. Во блендер ставете ги состојките и изблендирајте додека не добиете фина, кремава структура. Не претерувајте со блендирањето и оставете мали парченца од фета сирењето да се сепак видливи.
  2. Послужете веднаш или оставете ја смесата некој период во фрижидер со цел да се олади. Ваквиот намаз оди одлично со крекери, интегрален леб или како прилог на главно јадење.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор