fbpx

Лесна и брза вегетаријанска пита од јајца и спанаќ

tonus

Денешниот рецепт кој ќе ви го предложиме се подготвува навистина брзо и едноставно. Богат е со протеини, минерали и витамини, а има сосем малку јаглехидрати. Во него се вклучени сезонските зеленчуци спанаќ, млад кромид, црвени домати како и јајца кои се одличен извор на протеини и витамини.

Железото и неговата апсорпција

 Кај вегетаријанците често се јавува проблем со апсорпцијата на железото од храната. Апсорпцијата на железо е помала кога тоа доаѓа од растителни извори, па се проценува дека на вегетаријанците им е потребно 1,8 пати повеќе железо за разлика од луѓето кои консумираат месо. Се смета дека со внес на витаминот Ц, паралелно со внесот на железо, апсорпцијата се подобрува.

Спанаќот може да ни помогне токму со ова, бидејќи содржи високо количество и на железо и на витамин Ц.

"“Online”/

Поради својот извонреден хранлив состав (витамини, минерали и низа фитохемикалии), спанаќот има низа значајни бенефити по нашето здравје, како на пример:

 

Тој е исклучително нискокалоричен и содржи само 23 калории на 100g.

Јајцата – нутритивно сконцентрирана храна

 

Јајцата се особено хранлива намирница. Тие се одличен извор на:

  • Омега – 3 масните киселини (често дефицитарни во исхраната)
  • Витамините од Б групата
  • Минерали – железо, калциум, фосфор, магнезиум, селен, цинк, бакар, натриум
  • Високо квалитетни протеини

 

Едно јајце содржи околу 75 калории, 7 грама протеини, 5 грама на масти од кои 1,6g се заситени.

Тие исто така ги содржат и лутеинот и зеаксантинот – антиоксиданти кои се поврзани со здравјето на очите.

За денешниот рецепт ќе ви бидат потребни само околу 5-10 минути за подготовка и околу 35 минути за печењето, а се добиваат 2-3 порции.

 

Потребни намирници:

  • 250g спанаќ (може и замрзнат, оставете го да се одмрзне некое време пред готвењето)
  • 5 јајца
  • Околу 150g урда
  • 2 црвени домати
  • Мала лажичка лук во прав
  • 1-2 китки млад кромид, ситно исецкан
  • Малку сушен босилок, оригано, сол и мелен црн бибер
  • Малку маслиново масло

 

 

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги јајцата заедно со лукот во прав, сол и бибер. Додадете ја урдата, промешајте, па потоа додадете го и спанаќот и младиот кромид.
  2. Премачкајте го тавчето во кое ќе печете со малку маслиново масло и истурете ја смесата.
  3. Ставете го тавчето во рерна и печете на 200 степени. По околу 20 минути, извадете го тавчето и наредете ги исецканите кришки црвен домат врз питата.
  4. Печете уште дополнителни 15-20 минути.
  5. Зачинете со сушен босилок и оригано и послужете.

 

Нутритивна вредност по порција:

 

Калории: 350 Јаглехидрати: 10g од кои растителни влакна: 5g  Протеини: 27g; Масти: 22g од кои заситени масти: 5g; Витамин K: 650µg; Витамин Б3: 2mg; Витамин Б12: 1,5µg; Витамин Ц: 60mg; Витамин A: 14000IU; Витамин Д: 100IU; Фосфор: 415mg; Селен: 42µg; Железо: 5,5mg; Цинк: 2,5mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор