fbpx

ПИВСКИ СТОМАК – Мит или вистина? Зошто е толку опасен?

tonus

За зголемената телесна тежина и масните наслаги во стомакот секој си има свое ,,оправдување”. Стрес, брз начин на живот, кој подразбира брза и масна храна, немање време за готвење здрава храна, потоа генетика итн.

Интересно, но често и пивото се зема за ,,виновник” за вишокот масти во пределот на стомакот. Сите сме чуле за познатиот ПИВСКИ СТОМАК.

Во продолжение, дали станува збор за мит или вистина и што води кон вишок масни наслаги во стомакот?

[Поврзазно: 5 причини зошто е корисно ПИВОТО, само без претерување!]

"“Online”/

 

Oпшто е раширено мислењето дека лицата што почесто пијат пиво, имаат тенденција да имаат поголем стомак, особено ако се од машкиот пол и особено со процесот на стареење. Но, дали навистина пивото е главниот виновник за овие проблеми?

 

Што го предизвикува пивскиот стомак?

 

Вишокот калории од било кој извор можат да водат кон зголемен обем на стомакот. Тоа би значело дека ако претерувате со било кој вид на храна, вклучително шеќерни и алкохолни пијалаци, ќе имате проблем со вишок масти.

 

[Поврзано: Што се калории и колку дневно треба да внесуваме за да слабееме?]

Како и да е, изгледа дека алкохолот има и поконкретна поврзаност со масните наслаги во пределот на струкот. Генерално гледано, прекумерното консумирање алкохол, покрај другите негативни последици може негативно да се одрази и во однос на килограмите. Претерувајќи со алкохолот, го поттикнуваме црниот дроб да го ,,согорува” алкохолот наместо мастите, со што си го зголемуваме ризикот од гојазност.

 

[Поврзано: Животни навики – Алкохол]

 

Пивото може да придонесе кон здебелување и поради тоа што знае да биде исклучително погодна освежителна течност во летниот период, со која лесно се претерува. Типична флаша пиво содржи околу 150 калории, па пијеќи повеќе пива, имаме реална опасност да влеземе во калориски суфицит. Суфицитот всушност значи да внесуваме повеќе калории, од она што го трошиме.

 

Да не споменуваме дека со пивото ,,оди” и многу храна, која најчесто е сосема нездрава и висококалорична – пици, хамбургери, пржени компири итн. Дополнително, јасно е дека алкохолот делува на зголемување на апетитот.

 

На крајот, се смета дека пивото може да придонесе за дебелеење и според еден друг принцип – содржи вкусови компоненти, т.н. фитоестрогени. Овие компоненти во организмот можат да ја емитираат активноста на женскиот хормон наречен естроген, што евентуално може негативно да се одрази на тежината, особено кај мажите.

 

Зошто маснотиите се ,,складираат” токму во стомакот?


Кога внесувате повеќе калории од што трошите, вишокот се складира како маснотии. Каде во телото ќе бидат најголем дел од резервите главно зависи од возраста, полот и хормоните.

 

Помалите деца имаат слична распределба на резервите низ телото, но тоа се менува со пубертетот. Жените имаат многу повеќе поткожно масно ткиво од мажите, па затоа кај нив маснотиите најчесто се концентрирани во пределот на рацете, бутовите и нозете. Бидејќи мажите имаат помалку поткожно масно ткиво, нивните резерви главно се распределени во пределот на стомакот.

 

Пивскиот стомак е попроширен кај нешто повозрасната популација, главно заради тоа што калориските потреби опаѓаа со текот на годините, а навиките за исхрана најчесто остануваат исти или се влошуваат.

 

Како што нивоата на хормоните опаѓаат, и кај мажите, и кај жените, опасноста од масни наслаги на стомакот се зголемува. Постојат и одредени податоци што укажуваат на тоа дека пушачите имаат поголем ризик од стомачни масти.

 

 

Што е проблемот со пивскиот стомак?

 

Пивото не може директно и ,,самото” да го создаде пивскиот стомак, но видовме преку кои механизми потенцијално придонесува кон зголемување на телесната тежина. Пиењето пиво е сосема здраво и безбедно, доколку е умерено.

Сепак, најважниот заклучок што треба да го изведеме е дека без разлика што го предизвикува и без разлика како ќе го наречеме, пивскиот стомак е сериозен ризик-фактор за различни чести заболувања. Научно, се среќава под името висцерално масно ткиво.

 

 

Висцерални маснотии – најопасен вид телесни маснотии

 

Висцералните маснотии го зголемуваат ризикот од инсулинска резистентност и следствено на тоа носат поголем ризик од дијабет тип 2. Кога обемот на струкот ќе надмине 90cm за жени и 100cm, кај мажите, истражувањата јасно покажуваат дека значително се зголемува ризикото од кардиоваскуларни болести, метаболен синдром и од општата смртност.

Ваквите, висцерални маснотии кои се складирани околу струкот и длабоко навлезени помеѓу органските системи исто така можат да поттикнат поголемо ослободување на триглицериди (маснотии), како одговор на стресните хормонски сигнали, во споредба со маснотиите во пределот на бутовите. Повишените маснотии во крвта се познат ризик фактор за низа срцеви заболувања.

Ова се генерално причините зошто висцералните масни наслаги се сметаат за далеку поштетни од оние поткожните.

Од друга страна, маснотиите околу колковите и бутовите можат поефикасно да ги ,,преземаат” триглицеридите од крвта и да ги складираат безбедно, превенирајќи од нивно складирање во мускулите или црниот дроб, што претставува познат ризик од повеќе заболувања. Дополнително, поткожните масни тиква можат да развијат специјализирани клетки кои се способни да согоруваат маснотии.

Заради овие причини, поткожните ткива се сметаат за побезбедни, па дури и корисни во заштитата од некои метаболитички нарушувања.

[Поврзано: Кои масни наслаги се поопасни – на струкот или бутовите?]

 

 

Како да го намалиме пивскиот стомак?

 

Не постојат таргетирани вежби, а уште помалку прехранбени продукти што ќе ни помогнат да ослабеме конкретен дел од телото. Немојте да паѓате на вакви заблуди.

[Поврзано: Диетите се проблем, а не решение!]

Единствениот правилен начин на слабеење е трајното усвојување на здравите навики, односно принципите на здравото слабеење. Многу повеќе конкретни насоки и совети на оваа тема, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Главни принципи на здравото слабеење – Што треба, а што не треба да правиме?

 

Поврзано: Програма на Д-р Митов за здраво слабеење

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор