fbpx

Најмалку се греши кога се ПЛАНИРААТ оброците. Како се прави тоа?

tonus

Често се случува да имаме недела со повеќе обврски и да немаме време и мотивација за подготовка и планирање на нашите оброци.

 

Понекогаш немаме нови идеи за рецепти или едноставно немаме време за пазарење на потребните намирници. Сето ова е нормално и е честа појава во денешницата. Готовата храна е сè подостапна, имаме сè помалку време за готвење, а сето ова неретко води кон нездрава исхрана.

 

„Meal planning“ или планирање на оброците е нешто што било вообичаена пракса во минатото. Тогаш не постоел денешниот луксуз на купување готова храна и постоење на супермаркети кои ги содржат сите потребни намирници на едно место. Денес постојат навистина многу опции за оброк испланиран во последниот момент и тоа е сосем прифатливо за денови кога сме навистина зафатени.

"“Online”/

Но, постојат бројни придобивки од планирањето на оброците. Истото можеби и нема да ви одземе толку време колку што мислите.

 

 

Која е целта на планирањето на оброци?

 

Без разлика дали имате нормална, вообичаена исхрана или можеби имате исхрана што треба да ви помогне да слабеете или да ја зголемите мускулната маса, планирањето на оброците може значително да ви помогне во остварувањето на целите. Доколку одвоите малку време за да размислите кои ќе бидат вашите оброци наредните денови, вие и покрај обврските, ќе имате целосна контрола врз вашата исхрана. Ова често значи поздрава исхрана, заштедено време и го избегнуваме прашањето „Што да јадеме денес?“.

 

 

Кои се придобивките од правењето план за оброци?

 

1 . Заштедување време

 

Секој тип на планирање е дизајниран помеѓуостанатото и да ни заштеи од времето.

 

Иако можеби изгледа дека ни е потребно повеќе време за планирање на оброците, всушност тоа е добра инвестиција. Планирањето може да биде за наредните неколку денови или пак за целата наредна седмица. На овој начин не трошиме време секојдневно, смислувајќи што да подготвиме за ручек или вечера.

 

Дополнително, доколку направиме листа и за потребните намирници за тие оброци, заштедуваме време и околу пазарењето, бидејќи имаме јасна слика за она што ни е потребно.

 

 

2 . Заштедување пари

Кога знаеме точно што ни треба за подготовка на оброците кои сме ги испланирале, шансите се помали да купуваме импулсивно намирници кои всушност и не ни се потребни. Исто така, доколку претходно имаме подготвено оброк, немаме потреба од купување на готова храна, која најчесто е доста поскапа, но и помалку здрава. Искористете ги свежите, евтини, сезонски зеленчуци и овошја од пазарите и подгответе вкусни и здрави јадења однапред.

 

 

3 . Поздрави оброци

 

Со претходно планирање на нашите оброци, воспоставуваме целосна контрола врз намирниците што ќе ги искористиме во нивната подготовка. Имајќи готов оброк, избегнуваме импулсивното јадење предизвикано од силен глад. Најчесто „брзата храна“ се консумира поради нејзината достапност и практичност.

 

Доставата до дома е исто така нешто што може да доведе до често консумирање на нездрава храна, бидејќи е навистина лесно достапна.

 

 

4 . Поголема разновидност во оброците

 

Доколку имаме повеќе рецепти за нашите оброци и ги комбинираме со текот на времето, ние всушност имаме поразновидна исхрана отколку опциите кои ни се нудат преку готовата – брза храна. Исто така, доколку го запишеме нашиот план за оброци, може да согледаме кои рецепти или тип на храна прекумерно и пречесто ги користиме.

 

Разновидната исхрана е всушност клучот за добро здравје и внес на сите потребни нутриенти. На нашиот блог постојано објавуваме нови, вкусни и здрави рецепти кои се надеваме дека ќе ви послужат како инспирација и ќе ги искористите во вашето следно планирање на оброците.

 

 

5 . Подобра контрола врз калориите

 

Во рецептите што сами сме ги подготвиле, знаеме точно кои намирници и во кои количини сме ги употребиле. Ова е клучно при внимавањето и бележењето на внесот на калории. Со јадењето на брза храна ние навистина немаме увид во тоа колку калории и какви макронутриенти внесуваме. Ова може да претставува проблем и може лесно да доведе до несвесно прекорачување на дневните потреби.

 

 

6 . Ги подобруваме нашите готвачки вештини

 

Неискусните готвачи, доволно е да започнат со лесни, едноставни рецепти, а потоа можете истите тие да ги проширувате и надградувате. Постојат безброј извори на рецепти што даваат јасно и лесно упатство за подготовка. Со редовна пракса нашите готвачки вештини се подобруваат, а тоа отвора врата и за нови јадења и рецепти. Некои истражувања покажуваат дека готвењето е активност која помага со намалувањето на стресот и не прави да се чувствуваме релаксирани и среќни.

 

 

Како до полесен план?

 

Планирањето не мора да биде сложено и секогаш е најдобро да се започне со вашите омилени оброци. Доколку немате доволно идеи, земете инспирација од книги со рецепти, од интернетот или нашиот блог. Пожелно е подготвување на неделен план, бидејќи на тој начин најмногу заштедувате време и ја намалувате потребата од одење во супермаркет.

 

Покрај ова, некои општи совети за добро планирање се:

 

  • Планирајте ги и искористете ги деновите кога ќе имате повеќе време за готвење
  • Гответе јадења што може да се јадат и наредниот ден
  • Искористете ги намирниците што веќе ги имате дома
  • Користете сезонски овошја и зеленчуци за вашите рецепти
  • Редовно додавајте нови рецепти и мешајте ги со веќе постоечките
  • Асоцирајте денови со тип на јадења – на пример понеделник нека биде ден за паста, вторник е ден за риба и сл.
  • Бидете флексибилни и не плашете се од менување и промена на постоечкиот неделен план

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор