fbpx

Дали пливањето е преценето како спорт за цело тело?

tonus

Во овие летни горештини секој бара некаков начин да се разлади и освежи, без разлика дали е тоа со ладна и лесна храна или со некакви ладни пијалаци. Сепак, веројатно најдобриот начин за справување со жештините е минувањето време во вода – базен, езеро или море. Но, освежувањето е далеку од единствена придобивка од пливањето.

 

[Поврзано: Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно вода?]

 

Иако за пливањето да премине во редовна навика за физичка активност постојат повеќе предизвици, како одвојување време, средства и желба за учење, во продолжение дознајте зошто барем во летните месеци сосема вреди да се обидеме да бидеме почесто активни во вода.

"“Online”/

 

[Поврзано: 5 начини како физичката активност помага за ПОДОБРА ДИГЕСТИЈА]

 

 

Илјада и една причина да продолжите да пливате

 

Покрај бројните научно документирани придобивки од пливањето, многу често луѓето го опишуваат чувството во вода како ослободувачко, па дури и како на еден начин исцелувачко во однос на насобраниот стрес од секојдневието. Многумина често пати го нагласуваат и неизмерното уживање во чувството на лебдење или минување време во простор ,,без гравитација”. Секако, постојат и различни фобии поврзани со водата, но тие не се толку чести.

 

[Поврзано: Физичка активност – како помага да се чувствуваме подобро во својата кожа?]

 

Секој тип на физичка активност е добар избор, особено ако редовно се практикува!

 

Практикувањето на било каква физичка активност, особено на редовна основа, има потенцијал да ни обезбеди широк спектар на здравствени придобивки: одржување на идеална телесна тежина, подобро здравје на срцето, намален ризик од дијабет и метаболен синдром, па дури и превенција од малигни заболувања итн.

[Поврзано: Физичка активност и превенција од малигни болести]

 

Вежбањето можеби има поголеми придобивки за нашето ментално, отколку за физичкото здравје! Повеќе на оваа тема, погледнете на видето, кликнувајќи на следниот линк: Физичка активност и ментално здравје.

 

[Поврзано: Зошто физичката активност е најдобриот антиоксиданс?]

 

Здравствени придобивки од пливањето

 

Да се осврнеме на поконкретните придобивки што има да ни ги понуди пливањето во споредба со останатите активности.

Секако, придобивките од овој спорт се различни во зависност од степенот на подготвеност, односно од степенот со кој сте вложени во пливањето. Како и да е и самото присуство во водата без да имате позахтевни движење, може да се смета за активност во вода и е корисна во одредена мера.

Што велат истражувањата за пливањето?

 

 

Пливањето може да помогне за побрзо намалување на масното ткиво. Едно истражување објавено во Journal of Exercise Rehailitation, покажува дека жените во средна возраст кои пливаат по 1 час, три пати во неделата, имаат значително намалување на масното ткиво во споредба со оние што не практикуваат ваква активност.

 

Пливачите имаат и подобрена флексибилност, издржливост и подобар липиден профил (маснотии и холестерол).

 

Со половина час пливање, со умерено темпо, се трошат од 250 до 360 калории, во зависност од тежината. Тоа се доста повеќе калории од повеќето често практикувани активности.

 

[Поврзано: Која активност троши НАЈМНОГУ КАЛОРИИ за 30 минути?]

 

  • Пливањето е една од најдобрите вежби за срцето

Т.н. ,,кардио” вежби се активности што го инволвираат срцето, но и белите дробови и целиот циркулаторен систем. Пливањето е една од најефективните кардио вежби. Пливајќи, си обезбедуваме подобра адаптација на помали количества кислород, односно имаме поефикасно искористување на кислородот од вдишаниот воздух. Познато е и дека пливачите имаат подобар капацитет на бели дробови.

 

Голем број студии потврдуваат дека оваа активност може значително да помогне во намалувањето на крвниот притисок. Едно истражување од 2016-та година, за испитаници има 20 млади мажи кои практикувале пливање со умерен интензитет, во период од 2 месеци. Резултатите покажале дека тренинзите биле особено поволни не само за крвниот притисок, туку и за здравјето на ѕидовите на срцето.

 

Пливањето го подобрува и капациетот на белите дробови и помага за подобра контрола на крвниот шеќер.

 

[Поврзано: Во зависност од вашата возраст, што можете да направите за вашето СРЦЕ?]

 

  • Пливањето – тренинг со НАЈМАЛ РИЗИК ЗА ПОВРЕДИ и вежба за буквално ЦЕЛОТО ТЕЛО

 

За разлика од повеќето активности што таргетираат специфична мускулна група, пливањето истовремено ,,ангажира” низа различни мускулни групи, обезбедувајќи на тој начин тренинг за целото тело. Пливајќи не ги користиме само мускулите на рацето, туку и оние во околината на стомакот, грбот и нозете, речиси во ист обем.

 

Со пливањето не само што ќе изградите посилни мускули, туку ќе си ја зголемите издржливоста и мускулната маса.

 

Во споредба со било кој тип на вежби, пливањето иако ги ангажира речиси сите мускулни групи и троши многу калории, истовремено е  најбезбедниот тренинг што можете да го имате кога станува збор за  повредите. Заради овие причини, тренинзите што подразбираат ваква активност се препорачуваат на лицата со различни физички повреди, но и за оние со одредени ментални нарушувања. Пливањето е безбедно и за трудниците, а постојат и студии што велат дека мајките и нивните бебиња можат да имаат голема корист од пливањето за време на бременоста.

 

Пливајќи не вршиме дополнителен напор на нашите зглобови, па повредите се помалку можни. Овој факт упатува и на тоа дека пливањето е идеален избор за лицата со состојби како остеопороза или артиритис.

[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност?]

 

  • Забавна активност која ќе ви го намали стресот

Можеби ви е здодеано од активностите како пешачење, возење велосипед или трчање. Секако, тие се одлични за вас, но за да биде трајна, физичката активност мора да биде задоволувачка и диверзитетна. Пливањето може да биде одлична замена или интересно надополнување на активностите што веќе ги имате. Особено е забавно за помладите, а поинтересно го прават пред сè различните начини на пливање што можат да се изведуваат, но и копметитивниот дух и дружењето.

 

[Поврзано: Физичка активност – кои се 5-те предности од вежбање со партнер?]

 

Пливањето е одличен избор за намалување на стресот кој се насобира во секојдневието. Како и повеќето физички активности, пливањето ви овозможува барем за момент да ги оттргнете мислите од секојдневните проблеми. Дополнително, пливањето поттикнува лачење одредени хормони на задоволство, што ќе ви го направат тренингот уште позадоволувачки, а ќе уживате и непосредно по излегувањето од вода.

 

[Поврзано: Како да препознаете прекумерен стрес на работното место?]

Други дополнителни придобивки од пливањето:

 

  • Погодна вежба за лица со било какво ниво на физичка подготвеност

  • Одличен избор за лицата со некаков тип на попреченост

  • Активност која овозможува и социјализација, како и повеќето други физички активности

  • Може да помогне за лицата со астма

  • Го подобрува сонот и расположението

  • Обезбедува разладување во жешките летни денови

  • Физичка активност, односно способност што во одредени моменти може да ви го спаси вашиот живот, но и животот на некој друг човек

  • Ги зголемува енергетските нивоа

  • Физичка активност без потење

  • Активност што може да биде од значителна помош за лицата со деменција, но и со некои други нарушувања и синдроми

  • Активност што ја подобрува сликата за нашето тело, односно самодовербата

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор