fbpx

8 КОНКРЕТНИ чекори кон ПОДОЛГ ЖИВОТ

tonus

Веројатно не постои човек што не сака да живее долг и здрав живот.

Благодарение на технолошкиот напредок и медицината, животниот век денес е ектремно подолг во однос на тоа што бил не така одамна.

Кога станува збор за животниот век на човекот, постојно зборуваме за просекот, но колкав е всушност природниот век на поединецот, ,,запишан” во неговиот наследен материјал? Научните истражувања на темата велат дека тој изнесува околу 100 години. Според некои, околу 115, а според други – дури и до 125 години!

"“Online”/

[Поврзано: ОСУМТЕ тајни на луѓето што живеат над 100 години!]

Ова е всушност должината на животот која научниците ја ,,измериле” според хромозомите, или уште поточно, според нашите теломери.

Животните навики се важни!

 

Знаеме дека според денешните стандарди, во реалноста многу ретко има некој што доживува и 90 години, па така, се поставува едно многу логично прашање: Ако сме веќе ,,програмирани” да живееме над 100 години, зошто тогаш повеќето од нас не стигнуваат ниту до 80-тата година од животот? Каде се јавува проблемот?

Претпоставувате, во нашите навики, односно начинот на живот кој го водиме.

Значи, точно е дека генетиката го определува здравјето и животниот век во голема мера, но треба да бидеме свесни дека генерално работите зависат од нашето однесување и начин на живеење!

Во продолжение 8 едноставни чекори кои треба да ви овозможат поотворен пат кон долговечноста!

1 . Минувајте повеќе време надвор

 

Можеби од прва звучи чудно, но поминувањето време во природа може и те како да има бенефит за нашето здравје, па дури и да ни го продолжи животниот век.

Кога сме надвор, под дејство на сончевата светлина клетките на кожата почнуваат да продуцираат витамин Д.

Витаминот Д, кој во исто време е и хормон, е есенцијален за над 4000 клеточни процеси во нашиот организам, почнувајќи од најпознатото или здравјето на коските, па сè до одржувањето на доброто ментално здравје.

[Поврзано: Витамин Д – КЛУЧОТ за над 4000 клеточни процеси!]

Одржувањето на овој витамин во оптимални нивоа е веројатно најлесниот и најевтиниот начин да си го подобрите здравјето и да го зголемите очекуваниот животен век.

[Поврзано: Како само 20 МИНУТИ минати во природа прават чудо за вашето ЗДРАВЈЕ?]

Огромен дел од популацијата има недостаток од витаминот Д. Одредени статистики велат дека процентот е дури над 50! Повеќе околу суплементирањето со витаминот Д и неговите најосновни карактеристики, прочитајте во една од нашите претходни статии.

Важно е да се каже дека треба да бидеме внимателни со изложеноста на сонце поради UV зраците, кои можат да ни направат големи проблеми.

[Поврзано: Што е УВ зрачењето и како да се заштитиме?]

2 . Бидете секојдневно физички активни!



Едно истражување покажува дека луѓето што вежбаат интензивно околу 3 часа на неделна основа, имаат ДНК и клетки што се 9 години ,,помлади” во споредба со оние што не вежбаат.

Три часа неделно е нешто повеќе од 30 минути во текот на денот (не секој ден).

Најлесниот начин да формирате навика за активност е да ја повторувате секојдневно (или преку еден ден барем на почетокот), дури и ако имате одредени проблеми со мотивацијата на почетокот.

 

[Поврзано: Физичка активност – 5 предности од вежбањето со пријател!]

 

Редовната активност исто така ќе ви помогне да го подобрите сонот и нивоата на енергија.

 

Важно е да се каже дека кога велиме редовна активност, веднаш не мислиме на нешто со силен интензитет. Едноставно, секој чекор вреди и се брои.

 

[Поврзано: Придобивки од физичката активност]

 

3 . Практикувајте растителна исхрана

 

Во однос на очекуваниот животен век, три фактори во исхраната се можеби клучни – типот на мастите, изборот помеѓу свежа и процесирана храна и во крајна линија телесната тежина. Нормалната телесна тежина е директно поврзана со зголемувањето на очекуваниот животен век.

[Поврзано: Сезона на свежа храна: Клучни причини зошто е нужно да стекнеме навика за јадење свежи продукти]

Вегетаријанците или лицата кои генерално имаат растителна исхрана, внесуваат поздрави маснотии, јадат повеќе свежа храна богата со антиоксидативни материи и генерално се послаби.

 

[Поврзано: Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – Медитеранска исхрана 2020!]

 

Исхраната е директно поврзана со заболувањата од кои највеќе луѓе умираат – тоа се пред сè кардиоваскуларните или срцеви заболувања. Но, тука можат да се вбројат и други многу чести заболувања кои го намалуваат квалитетот, како и должината на животот – дијабет, артритис, болести на дигестијата итн. Огромен број заболувања имаат поврзаност со исхраната, што би значело дел од третирањето мора да подразбира и план за оброци.

 

[Поврзано: Во зависност од вашата возраст, што треба да правите за вашето срце?]

 

4 . Најдете начин за справување со стресот на подолги патеки

 

Животниот век може да биде намален од стресот главно на два начини. Првиот начин е директен, преку негативните ефекти на стресот во однос на менталното и физичкото здравје, на подолг рок.

 

[Поврзано: Како да препознаете прекумерен СТРЕС на работното место]

 

Вториот начин е преку негативните однесувања кои доаѓаат како последица од хроничниот стрес. Овие лоши навики подразбираат пред сè емотивно јадење, недоволно спиење, пушење и прекумерна употреба на алкохол и опијати.

 

[Поврзано: Како смеењето може да помогне при хроничен стрес?]

 

Јасно е дека проблемите со стресот се проблемите на модерното време и нереално би било да мислиме дека целосно можат да се избегнат. Затоа, наоѓањето начин за соодветно и трајно контролирање на стресот, може значително да ни го продолжи животот.

5 . Добра социјална конекција

Луѓето што живеат најдолго, најчесто имаат навистина силни социјални кругови, односно постојано се опкружени со роднините, но и со пријателите. Истражувањата покажуваат дека ова е особена важност, бидејќи осаменоста е силен ризик-фактор за зголемен стрес и различни психички, па и физички заболувања.

Дополнително, од претходните истражувања јасно е дека навиките се ,,заразни”, па на пример доколку имате тројца блиски пријатели кои се обезни или пушат, голема е вројатноста и вие да ги преземете истите лоши навики. Секако, истото ќе важи и за добрите.

[Поврзано: Дружењето го намалува ризикот од депресија!]

6 . Правете редовни превентивни прегледи и тестови

Подобрувањето на шансите за подолг живот преку медицинските тестови и скрининзи веројатно не е ,,најзабавниот” начин да си го продолжиме животот, но со сигурност претставува еден од најефективните.

 

Секако, предизвик е самите да знаете когаи каков тест ви е потребен. Затоа, важно е да имате редовен контакт со вашито матичен лекар, бидејќи разичните здравствени ризици се индивидуални. Најчесто потребни тестирање се мамграфии, колоноскопии, пап тестирање и слично.

Ваквите скрининзи спасуваат животи.

[Поврзано: ПРОСТАТА – Што треба да знаете за ПСА тестот?]

7 . Не превземајте непотребни ризици

 

Очекуваниот животен век е во корелација со преземањето ризици. Ова особено важи за помладите лица. Најголемиот дел од смртните случаи кај помладите не се болестите, туку од сообраќајните незгоди, повредите и насилството и слично.

[Поврзано: Совети за справување со непријатните симптоми по откажувањето на цигарите]

 

Однесувања на кои треба особено да се внимава, бидејќи го намалуваат животниот век, a тоа често се потценува особено од младите луѓе;

 

  • Неносење појас во автомобил
  • Пребрзо, невнимателно возење и возење под дејство на алкохол или опијати
  • Пушење
  • Доведување во ситуации во кои има ризик за физички повреди
  • Незаштите сексуален однос
  • Гојазност или покачена телесна тежина
  • Целосно избегнување на превентивни прегледи и одење на лекар кога се присутни одредени симптоми

 

[Поврзано: Животни навики – алкохол]

 

8 . Имајте оптимална орална хигиена

Фактот дека секојдневното користење на конецот за заби може да ви го продолжи животот можеби звучи неверојатно, но е вистина. Редовното четкање заби и користењето на соодветен конецот за заби ни помага во две многу значајни работи – превенира заболувања на непцата, но и заболувања на срцето, што веројатно не е толку очигледно!

 

[Поврзано: ГИНГИВИТИС или воспаление на непцата – причини и последици!]

 

Превенирањето и на едните и на другите заболувања, има потенцијал да го продолжи животниот век. Се прашувате каква врска имаат непцата со животниот век?

 

Кога не одржуваме добра хигиена на усната празнина, непцата стануваат хронично воспалени, односно се изложени на хронични бактериски инфекции во устата. Ова им наштетува на нашите крвни садови преку два механизми: создавање на згрутчувања и стеснување на крвните садови поради имуниот одговор и воспалението што го предизвикува инфекцијата (што води кон срцеви заболувања).

Повеќе совети за оптимално одржување на оралната хигиена, прочитајте тука.

 

[Поврзано: ПОКАЧЕН ШЕЌЕР и орално здравје – важни поенти!]

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор