fbpx

САЛАТИ погодни и како ручек, и како вечера

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Особено кога сме во процес на слабеење, значајни ни се искулително хранливите оброци кои од друга страна немаат висока калориска вредност. Како најдобар пример за вакви оброци се т.н. појачани салати кои не се составени само од свежа храна, туку и од мешунки, семиња, јатки и слична храна што има силен потенцијал да нè засити.

Во повеќе претходни објави дадовме предлози за салати од ваков тип, на пример познатото табуле или медитеранската киноа салата.

Денес два уникатни предлози за хранливи салати кои можат да ви послужат како главен оброк: Мароканска салата со кус-кус и леблебии и интересна салата со компири и леќа.

"“Online”/

 

Мароканска салата со кус-кус и леблебии

 

Мароканската кујна вклучува широк спектар на зачини, кои создаваат комплексен профил вкусови. Овие зачини и вкусови се под влијание на медитеранската и арапската кујна поради самата местоположба на Мароко. Кускусот е популарна состојка во двете кујни, а нивните салати или пилафи често вклучуваат суво овошје (во овој рецепт тоа е изоставено), но ако сте обожавател, дефинитивно може да додадете суво грозје или некакво друго суво овошје во ова јадење.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 шоља вода
  • 1 шоља или кесичка кускус
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 средно-голем морков, рендан
  • 1 црвена пиперка, ситно исецкана на коцки
  • 2 средни главици кромид, ситно исецкани
  • 1 конзерва наут, исцедена и исплакната

За сосот:

  • 2 кафени лажички вински оцет
  • ½ кафена лажичка ким
  • ¼ кафена лажичка цимет
  • ¼ кафена лажичка морска сол

 

Начин на подготовка:

  1. Во мало тенџере, доведете ја водата до вриење. Кога ќе зоврие, додадете го кускусот и  веднаш тргнете го тенџерето од оган, покријте го и оставете да отстои 5 минути. Остатокот вода (доколку има) исцедете го.
  2. Во меѓувреме, подгответе го сосот така што во мала чинија ќе изматите маслиново масло со оцет, ким, цимет и сол.
  3. Размешајте го кускусот со вилушка и истурете го во средна чинија. Додадете ги морковот, црвената пиперка, зелениот кромид и наутот и добро промешајте.
  4. Истурете го сосот врз мешавината од кускус и наут и нежно промешајте. Служете веднаш.
  • Овој рецепт прави 4 порции.


Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Fibro Gel

Калории: 331 Јаглехидрати: 46g од кои растителни влакна: 9g и шеќери: 2g;  Протеини: 13g; Масти: 7g од кои заситени масти: 1g; Витамин A:  4559 IU; Витамин Ц: 40mg; Калциум: 77mg; Железо: 3mg

 

Предлог за вечера: Салата со компири и леќа

 

Леќата е богат зеленчук со низа бенефити за нашето здравје, а чорбата од леќа не е единствениот начин на кој можеме да ги искористиме сите здравствени потенцијали на оваа намирница. Оваа брза салата е одлична идеја за лесна и здрава вечера.

 

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 2 големи главици кромид, едниот преполовен, а другиот ситно исецкан на коцки
  • 4 гранчиња мајчина душица или 2 супени лажички сува мајчина душичка
  • 1 мал ловоров лист
  • 1 чаша зелена леќа, исчистена, добро измиена и сварена
  • 1 мал ловоров лист
  • ½ кафена лажичка морска сол
  • 4 шољи вода
  • ½ кафена лажичка мелен црн бибер
  • 800g компир, исецкан на крупни коцки и сварен
  • 2 супени лажици вински оцет
  • 1 до 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 супена лажица Dijon сенф
  • ¼ шоља (околу 4 супени лажици) маслиново масло
  • неколку каламата маслинки (околу 6-7), преполовени и со извадена семка
  • 4 кисели краставички, ситно исецкани на коцки
  • свеж магдонос, ситно исецкан

Начин на подготовка:

  1. Започнете со готвење на леќата. Ставете ја исчистената леќа во мало/средно тенџере со преполовениот кромид, гранките од мајчина душица, ловоровиот лист, малку сол и 4 шољи вода. Оставете ја леќата да крчка на средна топлина 25 до 30 минути, додека не стане мека. Исцедете ja леќата, а останатите состојки отстранете ги. Поклопете го тенџерето и тргнете ја леќата на страна
  2. Во меѓувреме, сварете ги компирите: Во посебен сад, покријте ги компирите со ладна вода. Доведете ги компирите до вриење и оставете ги 15-тина минути. Кога ќе поминат 15 минути, компирите треба да бидат доволно меки за лесно да се прободат со чепкалка за заби или нож. Исцедете ги и тргнете на страна.
  3. Додека се вари компирот, ставете го исецканиот кромид и оцетот во голем, длабок сад и додадете ги лукот, сенфот, малку сол и бибер, и маслиновото масло. Додадете ги и каламата маслинките, сецканите корнишони и исецканиот кромид.
  4. Додадете ги сварените компири и леќата во садот и промешајте. Прилагодете ги зачините според вашиот вкус со дополнително сол и бибер доколку е потребно. Одозгора наросете го магдоносот и служете.
  • Овој рецепт прави 4 порции како главен оброк, а 6 како прилог.
  • Салатата можете да ја чувате во фрижидер во затворен сад најмногу 5 дена.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Fibro Gel

Калории: 372 Јаглехидрати: 51g од кои растителни влакна: 8g и шеќери: 2.6g;  Протеини: 8.2g; Масти: 16g од кои заситени масти: 2g; Витамин Б6: 0.6mg; Бакар: 0.5mg; Калиум: 924mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X