fbpx

Зошто појадокот е толку важен?

tonus

Поради разни обврски и кратко време на располагање, честопати се случува луѓето да го прескокнат појадокот или тој да биде некомплетен и во помали количини. Појадокот се смета како важен оброк и неретко слушаме дека всушност „појадокот е најважниот оброк во денот“. Зошто ваквата титула е доделена токму на појадокот и дали е таа вистината и издржана, ќе продискутираме во денешната статија.

 

Што го прави појадокот поразличен од останатите оброци и зошто е важен?

 

"“Online”/

Појадокот е првиот оброк во денот и е првата храна која ја внесуваме по спиењето, односно по ноќниот „пост“. Тој го „буди“ нашиот метаболизам и дигестија и ги обновува нивоата на шеќер во крвта. Сето тоа ни дава енергија за да може денот да ни започне. Покрај тоа, тој ја подобрува будноста и концентрацијата и обезбедува низа на нутриенти потребни на организмот.

Појадокот бил тема на бројни истражувања и истите утврдиле одредени бенефити од неговото практикување. Се смета дека јадењето појадок допринесува кон подобра регулација на телесната тежина, намален ризик од појава на тип 2 дијабет и срцеви заболувања.

Треба да напоменеме дека времето за појадок е индивидуална навика и желба. Некои луѓе јадат неколку часа по будењето, додека други јадат веднаш. Во овој поглед, нема погрешен или точен пристап. Целта на појадокот е да ни даде енергија и да го придвижи нашиот метаболизам. Кога ќе процениме дека е време за појадок е личен избор.

 

 

Кои се бенефитите од појадувањето?

 

Прескокнувањето на појадокот може да го наруши ритамот на „постење“ и јадење. По спиењето телото е во состојба кога му е потребно извор на енергија и нутриенти.

 

1 . Извор на енергија

 

Можеби и најочигледната причина, енергијата која ја добиваме од појадокот нé придвижува и овозможува да ги извршуваме претстојните обрвски. Бидејќи главниот извор на енергија е глукозата, нејзините ниски нивоа по будењето успешно ги обновува појадокот. За време на ноќта, глукозата складирана како гликоген во телото, се ослободува во крвта со цел нормално функционирање. Ова е особено важно за мозокот, кој речиси целосно се потпира на овој шеќер за енергија. Иако телото може да ги употребува и мастите како извор на енергија, нивната разградба е поразлична и нашето ниво на енергија ќе биде помало.

Луѓето кои сакаат да ја намалат телесната тежина често се двоумат околу помислата да го прескокнат доручекот, со цел да го намалат внесот на калориите. Но, одредени истражувања покажуваат дека луѓето кои појадувале имале повеќе енергија и биле поактивни во текот на денот, што доведува пак до согорување на внесените калории. Исто така, истражувањата покажале дека луѓето кои го прескокнуваат појадокот се склони кон јадење на разни „грицки“ пред ручекот, што пак може да имаат еднакво калории како и самиот појадок.

 

2 . Внес на неопходни нутриенти

 

Преку здрав појадок ние го снабдуваме телото со низа на витамини, минерали и макронутриенти кои ќе му пружат енергија. Без појадокот, ќе биде потешко да се задоволат дневните потреби за сите нутриенти во преостанатите 2 оброка. Јадењето наутро ни пружа шанса да имаме поразновидна исхрана и да консумираме  повеќе типови намирници во текот на денот.

 

3 . Помага при контролирање на телесната тежина

 

Истражувања покажуваат дека луѓето кои практикуваат да имаат појадок, се генерално послаби од оние кои го прескокнуваат. Ова се смета дека е поради внесот на протеини и влакна кои може да ни го пружи појадокот. Ваквите нутриенти се клучни за чувството на ситост, што може да спречи внес на дополнителни калории во текот на денот. Сепак, треба да се внимава на типот на намирниците кои ги вклучуваме во нашиот појадок, како и на количеството.

 

4 . Не’ буди и ни ја подобрува концентрацијата

 

Доколку го прескокнеме појадокот, можно е да се чувствуваме како да не сме целосно расонети или фокусирани. Бидејќи на нашиот мозок му е потребна глукозата за функционирање, ниското ниво во утринските часови може да влијае на нашата концентрација и будност. Исто така, одредени истражувања укажуваат дека децата и адолесцентите кои редовно појадувале, имале подобри резултати и успеси во училиште. Тие полесно ги прателе предавањата и имале подобра концентрација и меморија.

 

5 . Може да допринесе кон поздрави навики во исхраната

 

Статистиката покажува дека луѓето кои редовно имаат здрав појадок, имаат целокупно подобра исхрана и немаат нездрави грицки меѓу оброците. Особено ова било истакнато кај децата, кои доколку го прескокнат појадокот или појадокот им е нецелосен, потребата од дополнителна храна пред ручекот е поголема. Грицките (чипс, колачиња, соленки, кроасани) се најчесто храна која е со ниска нутритивна вредност. Таа содржи често и додадени шеќери или сол, а е сиромашна со нутриентите како влакна, протеини и витамини. Некои луѓе се посклони и на внесување премногу кофеин поради ниски нивоа на енергија, често како резултат на прескокнат појадок.

Посветете му внимание на појадокот

Без разлика каков ви е денот и колку време имате за појадок, секогаш постојат опции за краток но нутритивен оброк. Доколку го прескокнете појадокот, обидете се бар да имате здрава ужинка ( пр. овошје, јатки или јогурт).

Постојат разни опции за појадок кои се подготвуваат релативно брзо – овесна каша, смути, здрав сендвич со зеленчуци, јајца и сл. Доколку немате време наутро, обидете се и подгответе си го појадокот  претходната ноќ. Овесната каша, чиа пудинг, сендвич, салата или здрав мафин може да се подготват однапред и да се здрав и вкусен појадок.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор