fbpx

Покачени ЕНЗИМИ на ЦРН ДРОБ – Што треба да знаете?

tonus

Црниот дроб е вториот најголем орган во телото и орган коj извршува над 500 значајни функции. Меѓу многуте функции, тој ги обработува хранливите материи од храната и пијалаците и ги филтрира потенцијално токсичните супстанции од крвта кои сме ги внеле преку храната или на друг начин.

Ензими на црниот дроб

Веројатно досега го имате сретнатно поимот ензими. Зад овој термин се ,,кријат” протеински молекули со своја функционалност. Ензимите на црниот дроб се активни протеини што ги катализираат или забрзуваат биолошките процеси во организмот (впрочем како и сите останати ензимски молекули). Освен за самиот метаболизам на овој орган, ваквите ензими се есенцијални и за различни процеси, вклучително филтрирање, згрутчување на крвта, екскреција, прочистување итн.

Најтипичните ензими на црниот дроб се:

"“Online”/
  • АLP – алкална фосфатаза
  • ALT – аланин трасаминаза
  • AST – аспартат трансаминаза
  • GGT – гама-глутамил трансфераза

Зголеменото ниво на овие компоненти во крвта може да биде привремено или пак да биде индикатор за одреден медицинска состојба, како хепатитис или некое друго заболување на органот. Одредени лекарства исто така можат да водат до покачување на ензимското ниво.

Што сè може да води кон зголемување на ензимите на црниот дроб?

Заболувања на црниот дроб, одредени медицински состојби, различни лекарства, па и инфекции, сето ова може да биде причина за поголеми нивоа вакви ензими во крвотокот.

Најчестите причини за состојбата можат да бидат:

  • Лекарства од групата статини и ацетаминофен (парацетамол)
  • Замастен црн дроб (алкохолно или неалкохолно)
  • Хемохроматоза
  • Срцева слабост
  • Обезност
  • Хепатит А, Б, Ц, алкохолен хепатит и автоимуна варијанта на хепатит
  • Одредени хербални суплементи и микронутритивни суплементи, како железо, витамин А и слично.

Како други причинители, поретко се појавуваат и:

[Поврзано: Што треба да знаете за да ги разберете основните параметри на вашта КРВНА СЛИКА]

Ризик-фактори за покачени ензими на црниот дроб

  • Прекумерна употреба на алкохол
  • Одредени лекарства, хербални лекови или суплементи
  • Дијабет
  • Генетска предиспозиција на заболувања на црниот дроб

[Поврзано: Животни навики – Алкохол]

Зголемените нивоа на ALT (крвен) можат да укажат на акутно оштетување на црниот дроб, зголемените вредности за ACT најчесто се индикатор за значително оштетување, додека покачените GGT најчесто се јавуваат кај алкохоличари и за жал можат да бидат знак за откажување на органот.

Кои се можните симптоми?

Поголемиот дел од луѓето не искусуваат никакви симптоми при покачување на ензимите на црниот дроб. Сепак, оштетувањата на органот кои водат кон ваквата состојба, можат да бидат проследени и со повеќе симптоми, како:

Како се третира овој проблем?

Околу една третина од луѓето со покачени ензими ќе имаат нормализација на нивоата по 2 до 4 недели. Ако ензимите останат ,,високо” подолг период, тоа е силен индиктор за посериозна инфламација или оштетувања на црниот дроб. Во ваков случај, лекарот што ве следи ќе препорача сооветни тестови на крвта, а опција се и ултразвук, компјутерска томографија и магнентна резонанца. Добра опција е и прегледот кај специјалистот хепатолог. Третманот ќе зависи од самиот причинител за покачените нивоа на ензимите на црниот дроб.

Превенција

Како што вели поговорката, секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи. За жал, одредени состојби кои водат до покачени ензими на црниот дроб не можат никако да бидат превенирани. Но, секако постојат и превентабилни причинители, како и здрави навики за општо подобро здравје на овој наш толку многу значаен орган.

Превенирајќи одредени состојби тесно поврзани со животниот стил, како метаболен синдром или пак обезност (инаку многу чести појави помеѓу населението), можеме многу да си помогнеме во превенцијата од оштетувања на црниот дроб.

[Поврзано: Метаболен синдром – секому треба да му е познат овој поим]

Впрочем, замастувањето е најчестата причина за оштетување на црниот дроб, а првата линија на терапија и превенција за оваа состојба се промените во животните навики. Самото тоа зборува сосема доволно околу моќта на животните навики во превенирањето покачени ензими на црниот дроб.,

[Поврзано: Замастен црн дроб – зошто не треба да се игнорира и што да се направи?]

Здравите навики вклучуваат:

  • Редовна физичка активност
  • Здрав начин на исхрана
  • Контролирање на телесната тежина, што е директно поврзано со претходните две точки!
  • Избегнување алкохол или пиење во умерени количества (според препораките на лекарот што ве следи доколку веќе имате одредени проблеми поврзани со црниот дроб)
  • Превенција од инфекции на црниот дроб (одржување хигиена, безбеден секс)
  • Соодветно контролирање на шеќерните нивоа при дијабет.
  • Внимателно користење на лекарства со следење од вашиот лекар

Многу повеќе околу исхраната и црниот дроб, прочитајте во една од нашите претходни статии: Која храна најмногу пречи кај ЗАМАСТЕН црн дроб?

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор