fbpx

Зошто доаѓа до несвесно и неприметно покачување на телесната тежина?

tonus

Понекогаш имаме периоди кога сме зафатени и сме преплавени од обврски. Немаме доволно време за да се посветиме на храната што ја јадеме и за нутритивноста на оброците кои ги подготвуваме. Но, по извесен период забележуваме дека нашата телесна тежина се зголемила, а не знаеме како и зошто.

Често луѓето не се целосно свесни за грешките кои ги прават, а кои доведуваат до неколку екстра килограми. Ваквите килограми се всушност резерви кои нашето тело ги прави, најчесто и во најголеми количини како масно – адипозно ткиво. Зошто доаѓа до несвесно покачување на тежината и како да го спречиме истото, се темите кои ќе ги дискутираме во продолжение.

 

Зошто всушност се поправаме?

 

Како што веќе накратко споменавме, улогата на масното ткиво е да ја зачува, односно складира вишокот енергија внесена преку исхраната. Во минатото, ваквата можност за складирање на енергијата значело опстанок за нашите предци. Но, денес храната е многу подостапна и калорична, физичката активност е намалена, а тоа се услови при кои се создава ваквото масно ткиво.

"“Online”/

Често се среќава и под името адипозно ткиво, што е друг термин за масното ткиво. Покрај ваквото адипозно ткиво, телото може да складира енергија во форма на масти и во мускулите, црниот дроб и другите органи.

Значи причината за создавањето е релативно едноставна. Внесуваме повеќе енергија од она што ни е потребно.

Но, покрај внесот на калории, бројни други фактори и навики во нашето секојдневие имаат улога врз нашата телесна тежина.

 

Причини поради кои може да дојде до ненамерно зголемување на телесната тежина

 

1 . Прекумерно седење

Седењето и општо, малата физичка активност, имаат голем допринос кон зголемување на телесната тежина. Една студија која вклучила над 400 испитаници кои имале прекумерна тежина, покажала дека нивното просечно време поминато во седечка позиција било околу 6 часа. Доколку дел од ова време е заменето со прошетки, вежбање или било каков друг тип на физичка активност, регулацијата на телесната тежина ќе биде значително полесна.

 

2 . Практикување на стриктни, ригорозни диети

 

Луѓето кои држат стриктни и ригорозни диети, каде исклучуваат голем број на намирници од исхраната, со текот на времето имаат зголемен ризик од покачена телесна тежина. Тие сакаат нагло да изгубат килограми, успеваат во тоа, но потоа таквиот начин на исхрана, бидејќи е неодржлив и нереален, го напуштаат. Со текот на времето, тие не само што ги враќаат изгубените килограми, туку најчесто дополнително ја покачуваат тежината. Некои студии ја покажуваат врската меѓу ваквото рестриктивно и стриктно слабеење со зголемениот ризик од покачување на тежината во иднина. Ваквиот феномен се смета дека е поради физиолошки промени кои настануваат во телото. Пример за ова може да бидат промените кои се случуваат во нивоата на хормоните кои ја контролираат гладта и ситоста.

 

3 . Недоволен сон

 

Покрај незаменливиот ефект кој го има спиењето на нашето целокупно здравје, тоа има и големо влијание врз регулацијата на телесната тежина. Недоволното спиење е асоцирано со поголем внес на калорична храна која е често богата со масти и шеќери.

Една студија која вклучила околу 90 жени како испитаници, покажала дека оние кои спиеле под 6 часа имале највисоки вредности за BMI (body mass index) вредноста. Други истражувања покажуваат дека спиењето над 7 часа за време на ноќта ја зголемува шансата за слабеење за над 33%.

 

4 . Консумација на премногу процесирана храна и внес на премногу шеќер

 

Храната која е високо процесирана – засладени мусли, брза храна, храна за во микробранова, пржени намирници, се смета за извор на премногу големи количества шеќер и нездрави масти. Ваквата храна се смета за голем фактор при покачување на телесната тежина ширум светот. Студија од 2019 година која вклучувала над 19,000 испитаници, покажала дека оние кои внесуваат високо процесирана храна имаат 32% поголеми шанса да имаат прекумерна тежина, наспроти оние кои ја избегнуваат оваа храна.

Ваквата храна се смета за нутритивно сиромашна, односно дава енергија и содржи многу калории, а нутритивноста и е мала и истата не ги содржи во доволни количества микронутриентите.

Прекумерниот внес на шеќер е исто така сериозен проблем, бидејќи покрај зголемување на телесната тежина, истиот го зголемува ризикот и за појава на заболувања од типот на тип 2 дијабет и срцеви заболувања.

 

5 . Изложеност на премногу стрес

 

Хроничниот стрес често се поврзува и со прекумерната тежина. При високи концентрации на стрес хормонот кортизол, докажано е дека апетитот се зголемува, а особено за високо калорична храна. Важи и обратното, па некои истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат прекумерна тежина имаат и зголемени нивоа на кортизол.

Постојат бројни методи за намалување на стресот : намалена изложеност кон ситуации кои ни предизвикуваат стрес, вежби за релаксирање, спортување, јадење здраво, редовен сон и сл. За да прочитате повеќе околу тоа како правилното дишење може да го намали и контролира стресот, кликнете тука.

 

6 . Недоволен внес на здрави намирници

 

Една студија која вклучувала над 600 испитаници со прекумерна тежина, ги проучувала ефектите кои ќе ги има исхраната со помалку масти и исхрана со помалку јаглехидрати. Испитаниците биле поделени во овие две групи и им било потенцирано да го зголемат значително внесот на зеленчуци, да го намалат внесот на храна богата со шеќер, транс масти, рафинирани јаглехидрати и сл. Нивниот фокус бил кон храна која вклучува здрави, минимално процесирани, нутритивно богати намирници.

По 12 месеци, во просек двете групи имале слично намалување на телесната тежина, односно 5,4kg за луѓето со ниско маслена исхрана и 5,9kg за испитаниците со исхрана која има помалку јаглехидрати. Ваквите резултати покажуваат дека квалитетната исхрана има клучна улога во регулација на телесната тежина, а не соодносот на макронутриентите.

Под здрава, квалитетна исхрана се подразбира онаа која вклучува: зеленчук и овошје, мешунки, полнозрнести житарки, јајца, јаткасти плодови и семиња, риба и сл.

Покрај овие причини, често може да дојде до варијации во телесната тежина и поради одредени заболувања. Нарушувањата во функцијата на тироидната жлезда се еден пример за заболвуање кое може сериозно да влијае на тежината. Во ваков случај, консултација и помош од медицинско лице е задолжителна и најдобра опција.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор