fbpx

ПОЛНЕТИ ДОМАТИ – вкусен, здрав и малку поинаков ЛЕТЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ!

tonus

Доматот е можеби најпрепознатливата намирница на летото. Тој е застапен во речиси сите свежи салати, но и во готвените јадења. Неговиот слатко-киселкаст и свеж вкус е омилен на многумина, а неговиот нутритивен профил е навистина импресивен и е причина плус за негова почеста употреба. Поради тоа, денес ќе издвоиме два рецепти кои го користат доматот малку поинаку. Станува збор за т.н полнети домати, кои се навистина еден вкусен, летен деликатес.

Нутритивен профил на доматот

Доматите многу често се присутни на нашите трпези. Тие се идеална храна, особено за топлите периоди кои се пред нас. Богати се со вода, имаат малку калории, а се високо нутритивни.

"“Online”/

Доматите содржат огромна количина на вода, околу 95%. Останатите 5% главно отпаѓаат на јаглехидрати и растителни влакна.

Во помал домат од 100g се содржат:

  • само 18kcal
  • 0,9g протеини
  • 3,9g јаглехидрати (1,5g растителни влакна)
  • 0,2g масти

Покрај тоа, тие се одличен извор на витамините A, Ц, К, Б6, Б9, како и на минералите калиум, бакар и манган. Исто така, доматите содржат и низа на антиоксиданти, првенствено ликопен, бета каротен и нарингенин.

Полнети домати со моцарела

За подготовка на овој рецепт потребни се околу 40 минути, а истиот е доволен за 3-4 лица

Потребни намирници:

  • 4 големи, цврсти домати
  • Околу 150g сецкана моцарела
  • Малку рендан пармезан
  • Сол, бибер, босилок и оригано
  • Околу 100g лебни трошки
  • Маслиново масло
  • 5-6 исецкани каламата маслинки
  • 1-2 рендани моркови
  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани или пасирани

Подготовка:

  1. Доматите исечете ги на половина и издлабете ги. Внатрешноста на доматите ставете ја на страна во длабок сад.
  2. Кон нив, додадете ги моцарелата, лебните трошки, маслиновото масло, ренданите моркови, лукот, маслинките и зачините. 
  3. Со ваквиот фил, наполнете ги доматите. Вака наполнетите домати ставете ги во тавче кое е обложено со хартија за печење. Пропрскајте врз нив малку маслиново масло и ставете ги да се печат во рерна на 200 степени, околу 15-ина минути. 
  4. Кога ќе ги извадите од рерната, пропрскајте малку од ренданиот пармезан и послужете. 

Полнети домати со ориз и зеленчуци

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу час и 15-ина минути, а истиот е доволен за 5-6 лица.

Потребни намирници:

  • 8 цврсти, големи домати
  • 4 пиперки, исецкани на кругчиња
  • 1 голем модар патлиџан
  • 3-4 компири, исецкани на помали парчиња
  • 2 главици кромид, исецкани
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 тиквичка, исецкана на коцкички
  • Околу 300g ориз 
  • Малку доматен сос
  • Сол, бибер, оригано, босилок и останати зачини по желба
  • Маслиново масло

Подготовка:

  1. Најпрвин започнете со длабење на доматите. Нивната внатрешност ставете ја настрана, бидејќи истата потоа ќе биде употребена во подготовка на филот.
  2. Во тавче ставете го кромидот на малку маслиново масло и динстајте го 5-6 минути. Потоа кон него додајте ја и исецканата тиквичка. По 2 минути, додајте го и модриот патлиџан исечкан на коцкички, пиперките и лукот. Динстајте уште неколку минути. Потоа додајте го оризот. Додадете малку доматен сон, внатрешноста од доматите и чаша вода. Доколку ви е потребно повече течности, додајте вода во текот на готвењето. Динстајте уште 5-8 минути, а потоа тргнете го филот од оган. Тој не мора да е целосно зготвен бидејќи дополнително ќе се пече во рерна. Додајте ги зачините на крај.
  3. Со ваквиот фил наполнете ги доматите, но не до врвот. Ставете ги доматите во тавче обложено со хартија за печење, а околу нив наредете ги и исецканите компири. Посолете и зачинете и пропрскајте со маслиново масло. Кон доматите може да додадете уште малку доматен сос или вода, за филот да не се исуши премногу при печењето. 
  4. Тавчето прекријте го со алуминиумска фолија и печете околу 60-75 минути на 180 степени. Некаде на половина од печењето, тргнете ја фолијата. 
  5. Послужете со малку свеж магдонос, пармезан или фета сирење. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор