fbpx

Полнети ДОМАТИ со ЛЕЌА и БУЛГУР!

tonus

Од летото не остануваат уште многу денови, па тоа значи дека треба максимално да го искористиме овој период додека пазарите се’ уште изобилуваат со свежи и здрави зеленчуци и овошки. Помеѓу нив, можеби и најзастапен и најпопуларен во нашата исхрана е доматот. Доматите се идеални за топлитe денови, бидејќи се богати со вода, содржат многу малку калори, а се богати и со витамини и минерали.

Одличен за во салати, но и во готвени јадења

Покрај останатите витамини, доматите особено го содржат витаминот Ц. Се смета дека со консумирање на еден просечно голем домат внесуваме околу 28% од дневните потреби за овој витамин. Тие исто така се богати со растителни влакна, го содржат минералот калиум, а се добар извор и на разни антиоксидантивни компоненти. Меѓу нив може да ги издвоиме ликопенот и бета каротенот.

Ликопенот е црвениот пигмент со силни антиоксидативни својства. Тој е најприсутен во лушпата од доматот и интересно е што неговите својства и количества се подобруваат по одредена термичка обработка на доматите. За разлика од ликопенот, познато е дека витаминот Ц се уништува на повисока температура. Повеќе околу доматите и здравствените придобивки кои ни ги нудат, прочитајте тука.

"“Online”/

Вкусни рецепти од домат за ручек или вечера

Во една од претходните статии ви предложивме подготовка на 2 рецепти во кои се користи доматот како главна состојка. Едниот рецепт е супа од домати и црвени пиперки, а другиот  рижото со домати. Нив можете да ги погледнете на следниот линк: 2 рецепти со МАКЕДОНСКИ ДОМАТИ!

Во продолжение, одличен рецепт кој може да служи како главно јадење за ручек или за вечера – Полнети домати со леќа и булгур!

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

Начин на подготовка:

  1. Со помало ноже најпрво исечете го врвот на доматот, а потоа внимателно извадете ја внатрешноста која ќе ја ставите во еден подлабок сад.
  2. Во подлабокиот сад потоа додајте ги фета сирењето кое претходно ситно ќе го издробите, сварениот булгур, леќата и зачините. На крајот додајте и од таанот Наросете малку ладно цедено масло, посолете и додајте малку бибер, па добро промешајте.
  3. Со мала лажичка многу внимателно наполнете ги доматите со претходно подготвената смеса. Наросете уште малку сирење или пармезан и печете 40 минути на температура од 170 – 180 степени или додека доматите не почнат да добиваат ..златеникавa нијанса”.
  • Овој рецепт прави две порции.

Нутритивна вредност:
(на една порција што може да служи како цел оброк)

500 калории; 43g јаглехидрати, од кои 13g растителни влакна и 12g шеќери; 21g масти; 23g протеини; 54mg; Витамин Ц; 3mg; Витамин Е; 40mcg; Витамин К; Фолна киселина: Витамин Б6: 0,7mg; Витамин Б1: 0,7mg; Фосфор: 260mcg; Maнган: 2mg; Железо: 5,6mg; Калиум: 1310mg; Цинк: 4mg; Бакар: 0,8mg; Калциум: 270mg; Селен: 11mcg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор