fbpx

Полнозрнестата храна и нејзините производи допринесуваат за намален ПРИТИСОК, ШЕЌЕР и ОБЕМ на СТРУКОТ – НОВА СТУДИЈА

tonus

Повозрасните лица што јадат најмалку 3 ,,сервирања” полнозрнеста храна во текот на денот, имаат

– помал раст на обемот на струкот;

понизок притисок и

"“Online”/

– понизок шеќер во крвта

со текот на времето, во споредба со оние што не јадат или јадат многу помалку полнозрнеста храна и производи.

[Поврзано: Кои масни наслаги се поопасни – на струкот или на бутовите?]

Ова се вели во едно ново истражување објавено во јули месец годинава. Студијата е објавена во списанието Journal od Nutrition и е спроведена од истражувачите на Jean Mayer USDA Human Nutrition Research Center.

 

Која била целта на истражувањето?

Целта на истражувачите била испитување како полнозрнестите и рафинираните житарки со текот на времето  влијаат врз долгорочните ризици за срцевите заболувања, како: обем на струк, крвен притисок, шеќер во крвта, триглицериди, холестерол.

[Поврзано: Во зависност од вашата возраст, што можете да направите за вашето срце да биде здраво?]

Студијата опфаќала 3100 волонтери чии претходно споменати параметри биле следени повеќе години. Станува збор за испитаници со возраст над 50 години. Истражувачите ги компарирале промените во ризик-факторите за срцеви заболувања кај волонтерите што:

не внесувале полнозрнести продукти, кај оние што внесувале сосема малку и кај оние што внесувале доволно полнозрнеста храна (3 или повеќе сервирања во текот на денот).

За едно ,,сервирање” се смета една поголема кришка интегрален леб, половина чашка овес или пак половина чашка интегрален ориз на пример.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна]

Што ни покажуваат добиените резултати?

Анализирањето на податоците се одвивало на интервали од 4 години, а за секој еден интервал, резултатите биле следни:

  • Обемот на струкот се зголемувал во просек за 2,5cm кај испитаниците со низок внес на полнозрнеста храна, наспроти околу 1cm кај волонтерите кои внесувале препорачана доза или пак повеќе од неа.
  • Просечното зголемување на крвниот шеќер и систоличниот крвен притисок било значително поголемо кај лицата со помал внес на полнозрнеста храна и производи.

[Поврзано:  ЦЕЛО зрно за ЗДРАВО срце – житарките и бетаините]

Еден од главните заклучоци на истражувачите е дека редовното консумирање полнозренста храна во склоп на она што значи здрав начин на исхрана, има да ни понуди здравствени бенефити кои одат повеќе чекори понатаму од намалувањето на килограмите и подобрата дигестија со текот на стареењето. Добиените податоци сугерираат дека луѓето што јадат повеќе полнозрнеста храна се поуспешни во одржувањето на крвниот шеќер, но и на крвниот притисок со текот на времето. Контролирајќи ги овие многу значајни ризик-фактори за кардиоваскуларни заболувања, значително си помагаме во превенцијата од срцеви болести, инаку број еден причинител за смртноста во Македонија, но и во пошироки рамки.

[Поврзано: Улогата на полнозрнестите житарки во намалувањето на холестеролот!]

 

Зошто полнозрнестата храна за поздраво срце?

Постојат повеќе причини зошто полнозрнестите житарки и нивните производи се извонредно добра храна за нашето кардиоваскуларно здравје.

Позитивниот ефект генерално се базира на 3 основи:

  • Голема концентрација на водорастворливи растителни влакна

  • Потентниот антивоспалителен состав на полнозрнестата храна

  • Солидната минерална содржина, односно минералниот состав на житарките значаен за здравјето на срцето. Станува збор за минерали како што се калиум, магнезиум, но и повеќе витамини од Б групата

[Поврзано: ФИТОХЕМИКЛИИ – уште една причина плус полнозрнестата храна да биде основа на нашата здрава исхрана!]

Антиоксидативните, антивоспалителни материи на полнозрнестата храна, како и нејзините важни минерали, имаат потенцијал силно да придонесат за намалуање на крвниот притисок. Растворливите растителни влакна се важни за подобро заситување, односно поуспшено контролирање на телесната тежина, но и за контролирање на шеќерот во крвта.

[Поврзано: Кој е тој хормон на СИТОСТА и зошто е толку важен?]

Полнозрнестиот, интегрален леб и житарките за доручек – најважната полнозрнеста храна!

Низ анализите се покажало дека најголемите допринесувачи за внесот на полнозрнеста храна кај волонтерите во текот на денот се интегралниот леб и житарките што се користат наутро за доручек.

Затоа е важно да избереме леб кој е навистина полнозрнест и житарки што во себе немаат додадено шеќери. Како полесно да ја препознаеме полнозрнестата храна и да не бидеме излажани, прочитајте тука.

Во просек, еден човек внесува околу 5 сервирања храна од житарки. Треба да тежнееме барем 3-4 од нив да бидат полнозрнести.

Колку е препорачаниот дневен внес за полнозрнести житарки, прочитајте тука: КОЛКУ е дневната препорака за внес на ПОЛНОЗРНЕСТИ житарки?

[Поврзано: Лебот е здрава храна! Каде и зошто грешиме?]

 

Извор:

,,Whole- and Refined-Grain Consumption and Longitudinal Changes in Cardiometabolic Risk Factors in the Framingham Offspring Cohort”, The Journal of Nutrition, 13 July 2021

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор