fbpx

Подгответе здрави, вкусни и ниско калорични ПЛЕСКАВИЦИ од леќа и наут!

tonus

Мешунките се едни од најздравите намирници кои Медитеранската кујна редовно ги употребува. Тие се високо нутритивни, а притоа се поприлично ниско калорични. Нивниот неутрален, пријатен вкус ги прави одлични за подготвување и комбинирање со други зеленчуци, зачини, месо и сл. Денес, издвојуваме два рецепти за подготовка на посни плескавици од мешунки, односно од леќа и наут.

Мешунки – одличен извор на влакна, протеини и комплексни јаглехидрати

Леќата припаѓа во семејството на мешункасти плодови заедно со гравот, грашокот, наутот итн. Присутна е во различни варијанти, односно облици и бои: црвена, кафена, црна и зелена. Но, сите имаат слична нутритивна вредност.

Оваа мешунка е особено богата со протеини (една од најбогатите растителни храни со протеини), растителни влакна, железо и други компоненти со низа корисни дејства за нашето тело. Дополнително, лесна е за приготвување, а има и доста ниска цена. Ова ја прави леќата можеби најдостапниот извор на протеини од храната.

"“Online”/

Во својот состав содржи дури 25% протеини и има солидна количина на железо. Ова ја прави леќата добра замена за месните производи. Ова е многу важно за вегетаријанците.

Во 200g зготвена леќа се содржат:

  • 232 калории
  • 40g јаглехидрати (од кои дури 16g се растителни влакна)
  • 18g протеини
  • 1g масти

Наутот е исто така доста популарна мешунка и наоѓа примена во разни кујни и во безброј рецепти. Тој има доста импресивен нутритивен состав.

Содржи задоволително количество на калории , обезбедувајќи 46kcal на 28g. Околу 67% од калориите доаѓаат од јаглехидратите, а останатите од протеините. Содржината на маснотиите е сосем ниска.

Наутот исто така, нè обезбедува со витамини и минерали, но и значителна количина на растителни влакна и протеини.

Во само 28g подготвен наут се содржи:

  • 8g јаглехидрати
  • 2g растителни влакна
  • 3g протеини
  • 12% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин Б9

Посни плескавици од леќа

За подготовка на овој рецепт потребно ќе ви биде околу 1 час, а истиот е доволен за околу 2-3 порции.

Потребни состојки:

  • 1 шолја леќа, неподготвена
  • 2 и пол чаши вода
  • Маслиново масло
  • Сол и црн бибер
  • 1 главица кромид, исецкана
  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 морков, исецкан
  • 1 лажичка соја сос
  • ¾ шолја измелен овес (во форма на овесно брашно)
  • ¾ шолја лебни трошки

Подготовка:

  1. Леќата сварете ја во водата (потребно е околу 45 минути за таа да се свари). Тие треба да се меки и речиси да нема преостанато вода.
  2. Во тавче, на малку маслиново масло, пропржете го кромидот, лукот и морковот околу 5 минути.
  3. Во сад, измешајте ги леќата и пропржените зеленчуци со останатите состојки (зачини,  соја сос, лебни трошки и овесно брашно).
  4. Ваквата смеса фино изгмечете ја и измешајте ја. Од неа формирајте плескавици (би требало да добиете околу 10 плескавици). Ваквите плескавици може да се пропржат во тавче 2-3 минути на секоја страна или може да се печат во тавче на 200℃, околу 15 минути.
  5. Послужете со свежа салата, парче интегрален леб и сос по ваш избор.

Вегански плескавици од наут

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 45 минути и истиот е доволен за 4 лица.

Потребни намирници:

–       1 свеж домат

–       1 конзерва наут (сварен)

–       1 главица кромид

–       3 чешниња лук

–       Малку сушено оригано и босилок

–       Малку сол, црн бибер и црвен пипер

–       Околу 60-70g овес

–       Околу 120-150g претходно подготвен хумус

Начин на подготовка:

  1. Ставете го доматот во блендер. Испасирајте го, а потоа додадете ги и останатите состојки и блендирајте додека не добиете фина, густа смеса.
  2. Смесата префрлете ја во друг сад, покријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер (4 часа или преку цела ноќ). Овој чекор не е неопходен, но помага да се добие подобра текстура.
  3. Загрејте ја рерната на 200℃. Ставете хартија за печење во тавче и пропрскајте сосем малку маслиново масло. Од смесата формирајте бургери и ставете ги врз хартијата. Печете околу 20 минути, потоа превртете ги и печете дополнителни 15-20 минути. Тие треба да имаат фино заруменета, златна боја. Оставете ги да се оладат и послужете со интегрален леб и свежа салата од сезонски зеленчуци.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор