fbpx

Прекумерната поспаност не смее да се потценува

tonus

Поспаноста во текот на денот е нормална појава, особено ако сме имале недоволен или неквалитетен сон. Но, статистиките покажуваат дека помеѓу 10 и 20% од луѓето во САД имаат прекумерна поспаност за време на денот. Анкета  спроведена во САД во 2020 година и истата покажува дека во 3 дена од неделата испитаниците се жалеле на прекумерна поспаност. Тие исто така имале промени и ефекти врз нивното расположение и физичко здравје.

Иако ваквата поспаност не се смета за некакво нарушување, таа не треба да се потцени. На овој начин можно е телото да ви дава сигнали дека немате доволно сон или може да е индикатор за некое друго нарушување на сонот.

 

Што претставува прекумерната поспаност за време на денот?

 

"“Online”/

Оваа состојба всушност претставува потешкотија да останеме будни и фокусирани за време на денот. Покрај ова, желбата за спиење може да е прекумерно нагласена. Ваквата потреба од сон може да е поистакната кога сме во седната позиција, на пример возејќи или седејќи на работа. Поспаноста е нормална појава кога не сме имале адекватен сон претходната ноќ. Но, за прекумерна поспаност може да се смета кога се осеќаме поспани и без енергија, неколку месеци во континуитет. Луѓето со оваа состојба имаат потешкотии со одржување на будноста и фокусираноста во делови од денот кога не би требало да го искусуваат тоа. Потребата за сон доаѓа автоматски и во несоодветни периоди од денот.

 

Ваквата поспаност може да лесно да се помеша со умор, бидејќи и двете состојби имаат слични ефекти врз телото. Главната разлика е тоа што луѓето со умор можно е да имаат проблеми при заспивањето, иако се исцрпени и без енергија. Покрај тоа поспаноста е нешто што го асоцираме исклучиво со менталната и психичката потреба од сон, додека уморот може да го осеќаме во целото тело.

 

Кои се симптомите и последиците од оваа состојба?

 

Преку повеќе претходни статии ја имаме нагласено неопходноста од редовен и квалитетен сон. Дефицитот може да доведе до бројни симптоми кои можеби во прв момент не се поврзуваат токму со спиењето.

Некои од следните појави може да се симптоми за прекумерна поспаност:

  • Проблем да останеме будни
  • Чувствување иритантност или надразливост
  • Проблеми со меморијата
  • Проблеми со одржување на фокусираност и концентрација
  • Потешкотии со учење и фокусирање на нови информации
  • Потешко донесување на одлуки
  • Подолго време на реакција

 

Додека како последици од прекумерна поспаност за време на денот може да се:

  • Зголемен ризик за појава на несреќа при управување со автомобил или некоја машина или уред
  • Намалена продуктивност на работното место или полош академски перформанс
  • Намален квалитет на живот
  • Проблеми со регулирање на емоциите и расположението
  • Потешкотии при интеракција со други луѓе

 

Ваквите проблеми може да се особено штетни и нагласени кај помладата генерација, луѓето што работат во смени, медицинските лица и луѓето кои често возат. Истражување покажало дека прекумерната поспаност во текот на денот кај деца, може да влијае врз нивниот раст и развој. Кај возрасните лица ваквата состојба може да доведе до повреди при пад, влошени когнитивни функции, губење на меморијата и сл.

 

Недостатокот на сон како причина за прекумерната поспаност

 

За појавата на оваа состојба може да се препишат бројни потенцијални фактори. Една од најглавните и очигледни причини е секако хроничниот недостаток на сон.

Покрај тоа, прекумерната поспаност може да се јави и поради спиење со нарушен континуитет или поради лош квалитет на сон. Будењето повеќе пати во ноќта, го нарушува природниот тек на циклусот на спиење. Ова може да доведе до прескокнување на фазите од циклусот кои се клучни за квалитетот и ефектите што ги пружа добриот сон.

Навиките кои ги имаме, како и начинот на живот може да се дел од другите причини за оваа појава. Пушењето, непрактикување на физичка активност и лошата исхрана се дел од факторите кои може да влијаат врз квалитетот на спиење.

Доколку ваквата поспаност се појавува и покрај редовен и долг сон, тоа може да биде сигнал за некои други нарушувања.

 

Останати фактори и нарушувања кои може да влијаат

 

Aпнеа за време на спиењето е пример за нарушување кое директно влијае врз прекумерната поспаност. Тоа се манифестира преку паузи во дишењето или периоди на плитко дишење за време на спиењето. Ваквите паузи се со различно времетраење и се најчесто многубројни во ноќта. Ова доведува до често и кратко будење во ноќта кое го нарушува нормалниот тек на спиењето. Бидејќи луѓето се често и несвесни дека се буделе во текот на ноќта, ваквата состојба може и некогаш да е незабележлива. Најчеста форма на спиечка апнеа е опструктивната, а ризик факторите за неа се: прекумерна тежина, алергии, фамилијарна историја.

Состојби кои го нарушуваат циркадијалниот ритам, односно го нарушуваат нашиот „внатрешен часовник“ може да имаат сличен ефект.

Останати фактори за појава на прекумерната поспаност може да бидат: депресија, анксиозност, Паркинсова болест, хронични болки, прекумерна тежина и др.

 

Сепак треба да нагласиме и повториме дека ваквата поспаност се разликува од нормалната поспаност предизвикана од недостаток од сон. Потребно е поспаноста да трае над 3 месеци за да се смета како состојба на прекумерна поспаност. Ваквата поспаност исто така се јавува кај луѓе кои сметаат дека имаат редовен и квалитетен сон. Оваа состојба е важна да се забележи и третира бидејќи може да влијае на различни начини врз вашето здравје и квалитет на живот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор