fbpx

Често се разболувате, постојано сте уморни? Можеби не ги “храните” вашите бактерии!

tonus

Се проценува дека за секоја човечка клетка постојат барем 10 клетки на микроорганизми во нашето тело. Според ова, очигледна и јасна е застапеноста и важноста на микроорганизмите за нашиот организам. Тие се присутни во огромен број и имаат низа на функции

Голем дел од микроорганизмите ги колонизираат цревата, каде се навистина неопходни и незаменливи.

Микрофлората во гастроинтестиналниот тракт е уникатна и различна кај сите луѓе. Таа е дом на најразлични микроорганизми (бактерии, но и вируси, фунги, квасци..) кои заедно имаат околу 3 милиони гени, односно таа е 150 пати генетски поразновидна од човековото тело. Поединечниот и уникатен состав на микрофлората може да одреди како еден човек ќе ја дигестира храната, ќе се справува со инфекции и болести и сл. 

"“Online”/

Одредени научници од областа, на микробиомот реферираат како на орган, дополнувајќи дека се работи за еден од најважните органи! Станува збор за комплексот од микрофлора кој започнува од усната празнина, продолжува со хранопроводот, желудникот и цревата, завршувајќи со излезот од дебелото црево. 

Зошто е важно да имаме здрава дигестија?

Искуствата и истражувањата покажуваат дека здравата дигестија е важна не само за оптималното варење, туку за различни аспекти од дологорочната општа здравствена состојба. Ако имаме здрава дигестија, ќе се чувствуваме поенергично, поретко ќе се разболуваме, ќе имаме подобро ментално здравје и подобар емоционален баланс.

Од друга страна, дисбалансот во цревната микрофлора има силен потенцијал да води кон автоимуни заболувања, дијабет, невродегенеративни нарушувања, па дури и депресија и анксиозност.

[Поврзано: Нездравата храна може да влијае лошо и на расположението!]

Ова неминовно повторно не’ води кон добро познатиот заклучок: Ние сме тоа што го јадеме!

Неправилниот начин на исхрана освен што не’ спречува да ги внесеме сите неопходни нутриенти за оптимално функционирање на нашето здраво тело, води и кон оштетување и промени во составот на нашата микрофлора. Ова понатаму, помеѓу останатото, води кон дополнителни проблеми со апсорбирањето на хранливите материи, бидејќи корисните бактерии во огромна мера ни помагаат во процесирањето на храната и создавањето на хранливи материи што можат да бидат апсорбирани.

Во продолжение ќе разгледаме 3 компоненти што мораме да ги внесуваме преку исхраната, односно се есенцијални за нашиот организам. Ќе видиме и зошто се фокусираме токму на нив.

Триптофан

Станува збор за позната аминокиселина која се наоѓа во голем број различни прехранбени продукти, како месо, риба, тофу, јајца, чиа семе итн. Внесениот триптофан, во телото се конвертира или преведува во бројни други молекули со различни многу значајни функции. 

[Поврзано: Како лошиот сон влијае на метаболизмот?]

Ќе зборуваме само околу две од нив: серотонин и мелатонин. Серотонинот силно делува на нашето расположение, односно просто кажано, не’ прави среќни. Мелатонинот пак, игра исклучително важна функција во процесот на спиење и заспивањето. Така, нискиот внес на триптофан негативно ќе се одрази на спиењето и на нашето расположение.

[Поврзано: МЕЛАТОНИН – суплемент за спиење – КАКО и КОЛКУ да се зема?]

Тирозин

Уште една аминокиселина која е застапена во храна како што се бадемите, но се наоѓа и во мешунките, семките од тиква, рибата итн. Внесениот тирозин, во телото се конвертира во бројни други молекули со различни многу важни функции.

Ќе споменеме само две: допамин и адреналин. Допаминот е молекула што не’ мотивира, додека адреналинот е клучен при справувањето со стресни ситуации. Надостатокот од овие компоненти може да има соодветни исклучително негативни последици.

[Поврзано: На кои начини телото Ви сигнализира дека е под стрес?]

Индол-3-млечна киселина

Кога е внесена во дигестијата, оваа киселина се конвертира во индол пропионска киселина, под дејство на нашите корисни бактерии од микрофлората.

Индол пропионската киселина всушност претставува еден од најмоќните антиоксиданти во нашето тело! Што значи ова?

Во нашиот организам постојано се одвиваат огромен број на биохемиски процеси кои како “нус продукти” имаат бројни компоненти, што неретко се слободни радикали. Станува збор за особено негативни компоненти кои имаат силна реактивност и силен потенцијал да прават оштетувања низ нашите клетки (дури и нашиот ДНК материјал!) од различните ткива и органи. Ваквите оштетувања на долг рок можат да водат дури и до малигни заболувања.

Антиоксидативните компоненти делуваат на слободните радикали на начин што ги неутрализираат, одржувајќи го нашето здравје.

[Поврзано: Кисела зелка, јува, кисели краставички, цвекло, кефир, јогурт – Рецепт за ИНСТАНТНО подобрување на ДИГЕСТИЈАТА! Зошто?]

Внесувањето на овие компоненти преку храната е неопходно, но не е доволно!

Видовме дека внесувањето на овие компоненти е неопходно, но исто така неопходно е нашиот микробиом да е во баланс за успешно да ги конвертира во соединенијата што ни се важни за оптимално здравје.

Што значи да се има здрав микробиом?

Oдредени микроорганизми во нашиот микробиом ги разградуваат зеленчуците и овошките, одредени се ,,задолжени” за месото, млечните производи итн. Така, во она што се подразбира под здрав микробиом, постојан бројни различни микроорганизми со свои специфични карактеристики.

Ако имаме исхрана што е еднолична и нездрава, на пример често јадеме пици, лиснати, сладоледи и различни слатки, всушност го ,,тренираме” нашиот систем да работи само во една насока. Што значи ова? Нашата микрофлора ќе се промени, односно најмногу ќе се развиваат микроорганизмите што можат да ја искористуваат таквата храна. 

Но, тие ќе се рамножуваат значително побрзо од останатите и за не толку долго време потполно ќе ,,завладеат” со нашата дигестија. 

Секако, ова ќе се случи на сметка на останатите корисни бактерии. Ќе се наруши она што често го слушаме ,,БАЛАНСОТ во нашата цревна флора”! 

За среќа, овој процес е повратен (иако не секогаш!), па со правилна исхрана и животен стил, можеме да го вратиме баласот во нашиот цревен микробиом. Но за таа цел ќе биде потребно долго време и упортност.

Телото се обидува да ги добие хранливите компоненти од корисните бактерии дури и кога имаме дисбаланс во микрофлората!


Иако телото се обидува, сепак се создава дисбаланс во неопходните хранливи компоненти што се нуспродукти на корисниот микробиом.

Како буквално со модерниот начин на исхрана го убиваме нашите корисни микоорганизми?

  • Консумирање на големи количества процесирана храна
  • Непотребна употреба на антибиотици
  • Неконтролиран хроничен стрес
  • Преголема употреба на хигиенски средства

[Поврзано: Не е мит! Мозокот и дигестијата се поврзани!]

Што можеме да направиме за да ја подобриме состојбата со нашиот микробиом?

Како што веќе и напоменавме претходно, можно е дури и многу значително да се подобри состојбата во нашата дигестија, односно во микробиомот. Клучни се три фактори:

  • Промени во исхраната
  • Физичка и ментална активност (Вежби за телото, но и за умот. Само 10-15 минути пешачење дневно, може да поттикне раст на корисна цревна микрофлора) 
  • Соодветна суплементација

Во однос на исхраната, Медитеранскиот начин на исхрана е најдобриот и во овој контекст. Зошто? Тој претставува одличен извор на пробиотици, но воедно и на ПРЕБИОТИЦИ – храна за корисната цревна микрофлора.

Секојдневниот внес на полнозрнеста храна, мешунки, јаткасти плодови, семиња и свежа храна е клучно. Повеќе на оваа тема, прочитајте тука

[Поврзано: ПРАВИЛНО ДИШЕЊЕ – 3+ типа на вежби за правилно дишење!]

Што се однесува до суплементирањето – Дневните препорачани количества фибер кои треба да се внесуваат се: околу 38g за мажи и околу 25g, за жени. Кај повозрасните мажи, препораката е околу 30g, а кај повозрасните дами – околу 20g.

Фиберот или растителните влакна претставуваат храна за корисната флора, а бројките јасно покажуваат дека најчесто луѓето се во дефицит или имаат силен недостаток.

Тоа може да се надмине со редовно суплементирање со продукти како што е ФИБРОГЕЛ.

[Поврзано: ФИБРОГЕЛ – Природни растителни влакна!]

ФИБРОГЕЛ

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор