fbpx

Дали да се јаде ПРЕД или ПО физичка активност?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Прашањето дали и колку треба да јадете пред физичката активност, нема баш универзален одговор. Некои сметаат дека е оптимално јадењето мал оброк кој ќе обезбеди екстра енергија, други дека најдобро е да се вежба на ,,гладно”, со цел поуспешно слабеење, но и избегнување на проблемите со дигестијата и грчевите.

Како и да е, јадењето пред умерената физичка активност, како што се пешачењето или возењето велосипед е доста индивидуално прашање.

Јадење пред физичка активност

Јадењето пред умерената физичка активност може да биде од клучно значење ако имате намера да го зголемите интензитетот на вежбањето или времетраењето. На пример ако имате намера да внесете забрзани интервали во секојдневното пешачење, да комбинирате пешачење со некакви вежби со тежина или пак да се искачувате по нагорнини или да планинарите, не внсувањето на протеинска и јаглехидратна храна пред овие поинтензивни активности, може да создаде непријатности.

"“Online”/

Експертите советуваат – доколку активноста трае повеќе од еден час и е со посилен интензитет од оној на кој се чувствувате пријатно или пак има одредени интервали во кои забрзувате, паметно би било да имате мал оброк пред активноста.

Доколку вежбате непосредно пред еден од трите главни оброци, добро е да имате мала ужина како бананата пред вежбањето, наместо оброк.

 

Што да јадете?

 

Оброкот пред активностите главно треба да се базира на протеини кои ќе ја надоместат штетата направена во мускулите и јаглехидратна храна која ќе даде дополнително енергија за подолга и поинтензивна активност(пешањече).

Fibro Gel

Доколку по вежбањето(под еден час) имате главно јадење, најдобро е пред вежбањето да имате мала јаглехидратна ужина како банана, мал овесен оброк, мал сендвич или слично. За подолготрајните и поинтензивни активности, добро е да си направите некакво здраво смути од овошки и некакви јатки.

За да избегнете стомачни непријатности при вежбањето од споменатите мали оброци, јадете барем половина час пред самата активност.

Јадење по физичката активност

Истражувањата велат дека оние кои првиот оброк во денот го имаат по утринската физичка активност, можат да очекуваат поуспешно губење на вишокот масно ткиво или вишокот килограми. Тоа се должи на забрзаниот метаболизам и помалата достапност на глукоза во телото која би се користела за енергија, па наместо неа и нејзините резерви, телото се потпира на резервното масно ткиво како примарен енергетски извор. Така, ако за примерна цел имате слабеење, веројатно јадењето по активноста е паметно решение за вас.

Доколку ја користите оваа стратегија, треба да внимавате на калорискиот внес од претходниот ден, а за поинтензивните и подолготрајни активности и кај утринската физичка активност важат погоре споменатите препораки за применување на помали ужини и оброци. Ваквите мали оброци се важни заради тоа што умерената активност може да ви изгледа потешка од што би требало да биде и на среден и подолг рок да ве натера да се откажете од неа.

Исто така, треба да внимавате оброците по активноста да бидат соодветно хранливи, а доколку активностите се со помал интензитет и времетраење, можете да имате само мала ужина доколку главниот оброк е за неколку часа.

Добри, здрави избори за мал оброк пред вежбањето:


• сладок јогрут во комбинација со некакво овошје

мало парче леб со путер од кикирики

овес во било каква варијанта

банана

кришка леб од банана

• суво овошје(смоква, грозје итн), но не суво овошје со додаден шеќер

• некакво смути доколу правите поинтензивна активност

• гранола барови

Важно да се напомене е да ги следите калориите на ваквите внесени ужини, бидејќи лесно можете да претерате, особено доколку имате ужина пред активноста и оброк непосердно по неа.

 

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X