fbpx

ПРЕДИЈАБЕТОТ е ЖОЛТ картон. Како да не премине во ДИЈАБЕТ?

tonus

Ако имате предијабет, шансите да добиете дијабет тип 2 ви се драстично зголемени. Поточно, ризикот е дури 50%.

Дијабетот тип 2 е дијагноза која дефинитивно сакате да ја избегнете, бидејќи го зголемува ризикот од срцеви проблеми, проблеми со крвните садови, очите, бубрезите итн.

[Поврзано: Што секој од нас би требало да знае за ДИЈАБЕТЕС]

"“Online”/

За среќа, постојат сосема добри вести. Предијабетот е еден вид ,,жолт картон”, состојба на предупредување која треба да нè освести и насочи на вистинскиот пат. Ако кај некоја состојба вреди да се направат промените во животниот стил, тогаш тоа е дефинитивно кај предијабетесот (и неговата превенција). Искуствата речиси недвосмислено покажуваат дека превземените промени на лошите животни навики (пред сè оние за исхрана и седечкиот начин на живот), можат да го СТОПИРААТ прогресирањето на предијабетот во дијабет.

Што претставува предијабетес?

Поголемиот дел од луѓето знаат, но да потсетиме: Крвниот шеќер расте по оброците, а хемискиот ,,гласник” или хормонот инсулин се излачува од панкреасот, како одговор на тој раст. Инсулинот има за цел да го намали глукозното ниво во крвта, преку интензивирањето на влезот на шеќерот од крвта во клетките, кои понатаму го употребуваат за енергија.

Дијабетот тип 2 е дијагноза при која клетките стануваат резистентни, односно отпорни на инсулинот или кога панкреасот не може да создаде доволно од овој значаен хормон за да ги задоволи потребите на организмот.

Ако имате предијабетес, вашиот крвен шеќер е повисок од нормалните граници, но не доволно висок за да може да се дијагностицира дијабет. При предијабет, најверојатно е присутна и инсулинската резистентност или панкреасот има проблеми со продукцијата на доволно инсулин.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – сè почест проблем!]

Дали постојат предупредувачки знаци?

За жал, вообичаено не се јавуваат некакви предупредувачки симптоми кои би можеле да ни укажат дека имаме проблем со предијабетична состојба. Во поретки случаи, можни се некои поблаги симптоми, како потемнувања на кожата во пределот на вратот или под пазувите, понекогаш проследено и со ситни израстоци на кожата.

Токму заради овие причини, според одредени истражувања, дури од 80 до 90% од лицата со предијабет воопшто и не се свесни дека го имаат!

Па, како да знаеме дали имаме и да си помогнеме во превенирањето?

Одговорот тука е јасен, преку свесноста за ризик-факторите за предијабет, нивното контролирање преку здравиот начин на живеење и редовните контроли на крвниот шеќер.

Третманот и превенцијата кај предијабетот подразбираат едно исто – Здрав начин на живот!

Значи, ако знаете дека имате некој (или комбинација) од следните наведени фактори, треба многу посериозно да ја сфатите потребата од здрав начин на живеење и почесто да правите рутински прегледи на крвната слика:

  • Гојазност или повишена телесна тежина

  • Обем на струк поголем од 100cm за мажи и 90cm за жени – големиот обем на струк означува дека имате тип на маснотии во пределот на стомакот, што делуваат на зголемување на ризикот од инсулинска резитентност.

[Поврзано: Кои масни наслаги се поопасни – на струкот или на бутовите?]

  • Генетска предиспозиција за развивање на дијабет – некој од вашите родители (блиски роднини) или нивни родители, имале дијагностициран дијабет.
  • Исхрана богата со препроцесирана производи – различни грицки, слатки, газирани и овошни пијалаци, месни, млечни произвпди итн.

[Поврзано: НАЈОПАСНИТЕ калории: ТЕЧНИТЕ калории!

 Горчливата вистина за благите сокови!]

Доколку имате зголемен обем на струк, заедно со повишен крвен притисок и нарушен липиден статус (повишен маснотии и/или холестерол во крвта), имате состојба која се нарекува метаболен синдром. За жал, доколку соодветно не ѝ се посвети внимание, ваквата состојба најчесто води кон развивање на дијабет тип 2.

[Поврзано: МЕТАБОЛЕН СИНДРОМ – секој би требало да знае што подразбира овој поим!]

Дури и ако имате само еден или ниеден од наведените ризик-фактори, а имате над 46 години, силно се препорачува рутински да го проверувате крвниот шеќер, барем еднаш годишно.

Предијабетесот се дијагностицира со неколку крвни тестови. Два важни тестови се крвниот шеќер на гладно и HbA1c тестот (тромесечен просек на шеќерните нивоа).

Кои се главните промени во животниот стил што треба да ги превземеме?

Како што веќе еднаш споменавме, третманот и превенцијата од предијабетичните состојби се исти – ПРОМЕНИ ВО ЖИВОТНИОТ СТИЛ! Притоа, две најважни работи кои се издвојуваат се потребата од контролирање на телесната тежина и потребата од редовната физичка активност.

[Поврзано: Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта]

Секако, здравата телесна тежина, како по правило има потреба од здрав и правилен начин на исхрана. Ако имате прекумерна телесна тежина, слабеењето дури и само 5-7% од вашата телесна тежина, може значително да ви помогне во превенцијата од предијабет, но и од развивање на дијабет тип 2.

[Поврзано: Секој намален килограм е важен и се брои! Зошто?]

Промените во животниот стил (во кратки црти) кои треба да ги направите, за да спречите предијабет и развој на дијабетес:

  • Редовна физичка активност која подразбира најмалку 150 минути умерени аеробни активности на неделно ниво, како секојдневно пешачење по 20-тина минути на ден, на пример.
  • За полесно губење и контрола на телесната тежина, имајте здрава и правилна исхрана и избегнувајте препроцесирани производи.
  • Немојте да пушите!
  • Побарајте медицинска стручна помош кога мислите дека ви е потребна за подобра контрола и поуспешно третирање.
    Закажете консултација за програмата за дијабет и предијабетична состојба на Д-р Митов, на следниот линк: ПРОГРАМА за Дијабет и предијабетична состојба.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор