fbpx


„СЕ ЗАПУШТИВ...”

„Се запоставив себе си…”

Тоа се најлошите зборови кои еден човек може да ги каже за себе си.

Макар и да сме зафатени со семејството, со работата, или со што и да е друго, НИШТО не треба да доаѓа по цена на запуштање на себе си.

Човек може да се запушти себе си на неколку начини:

  • телесно, може да го запостави своето тело и со тоа – своето здравје, 
  • емоционално, да си ги потиснува емоциите и да не пази на тоа што го прави среќен, 
  • професионално, да не напредува, да не расте и да учи нови вештини,
  • социјално, да ги прекине односите со луѓе кои му значат, 
  • ментално, да не чита повеќе тоа што го интересира,
  • духовно, да ја изгуби врската со својот дух и духовен живот.

Да се запостави себе си човек, значи да ги покани проблемите во животот. Тие бездруго можат да дојдат, но запоставувањето е сигурна покана за: здравјето да се влоши, професионалниот живот да стагнира, бракот да се растури, да се одалечиме од останатите, но и од себе си. Животот бара да се негуваме самите себе, да се грижиме самите за себе и само така ќе бидеме во состојба да им помогнеме и на останатите.

Проект ЈАС е противотров на запуштањето.

Проект ЈАС е иницијатива за 8 неделна МОТИВАЦИЈА и ОРГАНИЗАЦИЈА за свесно враќање на фокусот кон себе си и поттик за личниот развој.

Во затворена Фејсбук група, членовите на Проект ЈАС, ќе имаат пристап до:

  • 8 предавања, едно неделно, на важни теми од аспект на личниот развој, 
  • 8 работилници посветени на работата на самиот себе, 
  • Домашни задачи со цел континуирана работа на себе си, 
  • 8 неделни мениа за здрава исхрана, 
  • 8 неделни планови за физичка активност за ревитализација на здравјето,
  • Практични совети за мотивација и организација, алатки за личен развој
  • Заедничко читање и анализа на книгата ИКИГАИ (Гарсија, Мирајлес; Издавачки центар ТРИ)
  • Атмосфера на поддршка и мотивација во групата!

8 неделниот предизвик ќе се одвива во 4 фази, секоја по две недели.

I фаза: ТЕЛО – првите 2 недели фокус на односот кон своето тело, како здравјето да ви стане приоритет, кои превентивни прегледи и тестови треба да ги направите според возраста. Првата работа на патот на личниот равој е да се осигураме, колку што е максимално можно, дека ќе бидеме здрави.

II фаза: УМ – како разговараме со себе, се охрабруваме или сами си создаваме препреки, што можеме да направиме за да го подобриме текот на мислите, како да доминираат позитивните мисли и оптимизам.

III фаза: ЕМОЦИИ – каков вид на незадоволство преовладува во вашиот живот, кое е добро, а кое лошо незадоволство, како ги обработувам своите емоции, низ какви емоционални наочари го гледам светот и како да го променам тоа, дали е очекувано да сме постојано среќни?

IV фаза: ДУХ – во што верувам, но вистински, која е мојата смисла на животот – моето ИКИГАИ, како можам на најдобар начин да им се посветам на тие околу мене. Проект ЈАС е само вовед во добрата релација не само со себе си , туку и со тие околу нас!

Период на пријавување: 26 август до 6 септември!

Почеток: 6 СЕПТЕМВРИ 2021! 

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор