fbpx

Дали ПРЕКУМЕРНАТА ТЕЖИНА го зголемува ризикот за проблеми со ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА?

tonus

Во оваа денешна статија ќе се задржиме на поврзаноста меѓу покачената тежина, како еден од главните проблеми и ризици во јавното здравје и проблемите со тироидната жлезда, исто така загрижувачко чести и застапени кај голем број луѓе.

 

Која е функцијата на тироидната жлезда?

Тироидната или штитна жлезда е  мала жлезда во облик на пеперутка, сместена во централниот, преден дел на вратот. Иако многу мала, таа игра екстремно значајни метаболитички улоги преку излачените тироидни хормони кои низ крвотокот се пренесуваат до секоја клетка.

Тироидната жлезда ги лачи хормоните T3 и T4. Овие хормони во крвта се јавуваат во слободен облик, како fT3 и fT4 и се врзани за транспортните протеини, тироксин – врзувачки глобулин, преалбумин и албумин.

"“Online”/

Околу 0,3% од вкупниот Т3 циркулира kako fT3 и околу 0,04% како fT4. Овие форми се биолошки активни.

Излачувањето на хормоните од штитната жлезда е под влијание на TSH (тиреостилуматорен хормон) кој го лачи хипофизата.

Всушност, овие хормони го регулираат катаболизмот, односно делот од метаболитичките патишта на создавање енергија од внесената храна. Исто така, овие хормони го помагаат контролирањето на растот на клетките, нивното обновнување и метаболизмот. На тој начин, оваа жлезда е доста значајна во регулирањето на работата на срцето, мозокот и регулирањето на телесната температура.

Значи, ако нивото на тироидните хормони опадне (хипотироидизам), телото на некој начин успорува, односно не е во можност да создаде доволно енергија од која има потреба. Но, чест случај е и претераната продукција на тироидни хормони или хипертироидизам.

Според статистиката, ваквите нарушувања почесто се случуваат кај жените, а во светот некакво нарушување на тироидната жлезда имаат над 200 милиони луѓе.

 

Како влијае покачената тежина врз ризикот за проблеми во функцијата на тироидната жлезда?

Покачената тежина се повеќе се препознава како значаен ризик фактор за нарушување на здравјето на тироидната жлезда, што влијае и на нејзината структура и на функција. Вишокот на масно ткиво придонесува за состојба на хронично воспаление, што може да го промени метаболизмот и синтеза на тироидните хормони. Ова ја поттикнува хипофизата да произведува повеќе тироидо-стимулирачки хормон (TSH), што доведува до зголемување на тироидната жлезда и поголема шанса за развој на гушавост. Дополнително, прекумерната тежина се асоцира со инсулинска резистенција и високи нивоа на инсулин, што може да ја попречи конверзијата на тироксин (Т4) во поактивниот тироиден хормон – тријодотиронин (Т3). Присуството на повеќе проинфламаторни супстанции кај луѓето со вишок килограми може директно да влијае на клетките на тироидната жлезда, веројатно предизвикувајќи тироидитис и последователен хипотироидизам

Сето ова укажува на важноста од одржување на здрава и стабилна телесна тежина, а истото ќе се рефлектира не само на здравјето и функцијата на тироидната жлезда, туку и на целокупното здравје.

 

Поврзано: Како да одржуваме ЗДРАВА ТЕЖИНА кога имаме проблем со ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор