Црниот кохош или цимицифугата, (Cimicifugae racemosae rhizome) припаѓа во големото семејство на цветни растенија (лутичиња). Станува збор за билка типична за Северна Америка. Во минатото се користела за најразлични потреби, а посебно за намалување на честите симптоми на менопаузата.
Уште од поодамна, во повеќе земји, вклучително и земји од ЕУ, оваа потентна билка претставува популарна алтернативна на хормонската терапија која се применува во периодот на менопаузата.
[Поврзано: Што можат да најавуваат топлите бранови?]
Симптоми на менопауза
Истражувањата се’ повеќе потврдуваат дека црниот кохош е ефективен за олеснување на симптомите на менопауза. Раните истражувања и анализи на оваа билка од Германија, откриваат дека цимицифугата ги подобрува психичките и физичките симптоми на менопаузата, вклучително анксиозноста, топлите бранови, ноќните препотувања и нагласената сувост на вагината.
Црн кохош за топли бранови и препотувања
Во една студија со 120 испитанички со симптоми на менопауза, црниот кохош се покажал како поефективен против топлите бранови и ноќните препотувања, отколку антидепресивот флуоксетин (Прозак).
Со оглед на резултатите на повеќето клинички студии, многумина експерти на темата заклучуваат дека црниот кохош може да биде безбедна и ефикасна алтернатива за жените што не можат или не сакаат да земаат хормонска терапија за менопауза.
Црн кохош за проблеми со спиењето кај жените во менопауза
Едно истражување од 2010 година ни открива дека црниот кохош обезбедува до 26% намалување на топлите бранови и ноќните препотувања. Во поновите студии оваа билка се поврзува и со намалени проблеми при спиењето кај жените во менопауза.
Артритис
Прелиминарните студии покажале дека црниот кохош може да помогне во намалување на воспалението поврзано со остеоартритис и ревматоиден артритис. Во преглед на научни студии, истражувачите заклучиле дека комбинацијата од црн кохош, кора од врба (Salix spp.), сарсапарила (Smilax spp.), смола гуајакум (Guaiacum officinale) и кора од топола (Populus tremuloides) може да помогне во ублажувањето на симптомите на остеоартритис. Сепак, во моментов нема доволно испитувања кои би ја поддржале употребата на црниот кохош конкретно за артритис.
Остеопороза
Одредени лабораториските студии покажале дека естрогените од растително потекло (наречени фитоестрогени) во црниот кохош може да го инхибираат губењето на коскената маса, што е забележливо кај остеопорозата. Потребни се повеќе истражувања за оваа област.
Мерки на претпазливост
Експертите на оваа тема исто така советуваат суплементите на база на црн кохош треба да се употребуваат во ограничен период – до 6 месеци, заради претпазливост. Не треба да користите црн кохош ако имате состојба чувствителна на хормони, како што се рак на дојка, ендометриоза, рак на јајниците, рак на матката и сл.
Жените со историја на рак на дојка и оние со висок ризик за развој на рак на дојка (на пример, силна генетска предиспозиција – мајка или сестра со рак на дојка), не треба да земаат црн кохош без да разговараат со лекар.
Не треба да користите црн кохош ако имате оштетување на црниот дроб или ако пиете алкохол во прекумерни количини. Бремените и доилките не треба да користат црн кохош.
Нарачајте МЕНОАКТИВ (ЦРН КОХОШ) на следниот линк:https://shop.drmitov.mk/p/meno-aktiv/Извори:
Jiang K, Jin Y, Huang L, et al. Black cohosh improves objective sleep in postmenopausal women with sleep disturbance. Climacteric. 2015;
Borrelli F, Ernst E. Black cohosh (Cimicifuga racemosa) for menopausal symptoms: a systematic review of its efficacy. Pharmacology Res. 2008;58(1):8-14.