fbpx

Вежбањето ги ,,билда” и внатрешните органи (не само мускулите) и превенира од рак! Како?

tonus

Се’ поголем број студии укажуваат дека редовната активност има да ни понуди навистина најразлични бенефити за нашето здравје. За среќа, јавноста е се’ поинформирана на оваа тема, па затоа и свесноста за важноста на активноста е во постојан пораст.

Во продолжение, преку разгледувањето на едно интересно истражување од Израел, уште еднаш ќе ја потврдиме извонредната ефикасност на редовната активност во одржувањето на нашето оптимално здравје!

Животните навики влијаат на ризикот од канцер

Сите сме свесни дека начинот на живеење, односно нашите навики за исхрана, активност, консумирање алкохол, цигари и слично, има поголемо или помало влијание врз ризикот од појава на малигни заболувања. За жал, инциденцата (зачестеноста) на ваквиот тип заболувања е голема и помеѓу населението во Македонија.

"“Online”/

Всушност, според релевантни извори, над 90% од случаите на малигните неоплазми се должат на начинот на живот и факторите на животната средина!

[Поврзано: Превенција од канцер – Колку е значајна исхраната?]

Што велат научниците од Израел?

Станува збор за ново истражување спроведено во Универзитетот Тел Авив и објавено во престижниот журнал Cancer Research, во ноември месец 2022 година.

Познато е дека физичката активност го намалува ризикот за одредени типови на канцер дури и до 35%. Всушност, ефектот е сличен како позитивниот ефект врз здравјето на срцето и дијабетот (исто така особено чести здравствени проблеми, одговорни за огромниот дел од смртните случаи во Македонија и светот).

Научниците во оваа студија одат чекор понатаму – покажувајќи дека поинтензивната физичка активност, што ја ,,црпи” својата енергија од шеќерите, има потенцијал да го намали ризикот од метастазирање на канцерот за дури 72%! Тие објаснуваат како т.н. aеробни активности можат да ја максимализираат превенцијата од најагресивните типови на канцер – метастатските.

[Поврзано: 5 едноставни промени за намален ризик од канцер!]

Повеќе детали за истражувањето

Истражувањето комбинира животински модел, каде глувчињата биле ставени под посебен, стриктен режим на вежбање и модел во кој биле собирани податоци од луѓето. Имено, податоците биле од 3000 волонтери, собирани над 20 години.

Анализата на овие информации покажала дека лицата што редовно вежбале со посилен интензитет, имале цели 72% помала зачестеност на метастатски канцер, во споредба со оние што не вежбаат. Сличното било утврдено и во анималниот модел, што им овозможило на научниците да се обидат полесно да го разберат биолошкиот механизам зад ваквиот позитивен ефект. Се смета дека причината е поголемата консумација или искористување на глукозата поттикната од вежбањето. 

Физичката активност ги прави внатрешните органи ,,пофит”

Испитувајќи ги клетките на внатрешните органи (кои најчесто се подложни на метастатски канцер, како белите дробови, црниот дроб и лимфните јазли), утврдено било дека бројот на глукозни рецептори значително се зголемува кога субјектот практикува поинтензивна физичка активност. Ова ги прави органите ефективни машини што оптимално ја искористуваат достапната енергија – слично на мускулите.

Се претпоставува дека ова се случува, бидејќи внатрешните органи влегуваат во компетиција или во натпревар за глукозата со мускулите – познати по најголемата потреба од енергија при физичка активност.

Така, ако дојде до развивање на малигни клетки, силната компетиција за глукоза со здравите, го намалува потенцијалот за метастазирање или ширење на ракот. Ако интензивните вежби се редовни, внатрешните органи трајно се менуваат – трајно се зголемува бројот на рецептори за глукоза и органите стануваат случни на мускулни ткива во оваа смисла!

Заклучокот од истражувањето е дека вежбањето не ги прави ,,фит” само мускулите и мозокот, туку и нашите внатрешни органи!

Важно е да се спомене дека овој ефект се добива со поинтензивна активност, што би значело на пример – 1 минутни интервали на сприт при прошетките или планинарење.

Научниците одат дотаму што се уверени дека овие сознанија во иднина ќе се продлабочуваат, па ќе се користат дури и за персонализирана медицина што ќе помогне во превенирање на специфични видови рак. На пример, докоторот ќе ја проучи генетската предиспозиција за одреден тип рак и ќе препорача конкретен тип на интензивна активност!

Извор:
An Exercise-Induced Metabolic Shield in Distant Organs Blocks Cancer Progression and Metastatic Dissemination 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор