fbpx

И покачениот притисок може да биде прикриен

tonus

Истражувањата и докторската пракса покажуваат дека е можно да имате т.н. прикриен висок крвен притисок. Што всушност значи прикриен висок крвен притисок?

Ова е феномен кој е спротивен на еден друг многу подобро познат медицински феномен – ,,хипертензија на белиот мантил”. Додека хипертензијата на белиот мантил претставува покачен  крвен притисок само при мерење во медицинска установа, заради анксиозноста која се јавува од самото присуство во болница и пред доктор, прикриениот крвен притисок е токму спротивното – при мерењето во установа тој е нормален, но во текот на денот е повишен.

Канадска студија

Една канадска студија на оваа тема е објавена во декември минатата година. Таа покажува дека вработените кои работат ,,седечка” работа, односно работа во канцеларија, повеќе од 49 часови неделно, имаат дури за 70% поголеми шанси за прикриена хипертензија од оние кои ја работат истата работа помалку од 35 часа неделно. Ова значи дека при работењето овие лица имале повишен крвен притисок, а тоа не можело да се утврди при медицински преглед, бидејќи во тој момент имаат нормален притисок.

"“Online”/

Во оваа стидија 19% од 3500 испитаници веќе имале дијагностицирана хипертензија и примале соодветна терапија. Но, што е позагрижувачки, дури кај 13% од останатите била утврдена прикриена хипертензија.

Студија од САД

Една студија на истата тематика е изработена во САД, на Универзитетот Колумбија во 2016 година. Истражувањето подразбирало испитаниците да носат во текот на 24 часа во денот, специјално дизајниран медицински апарат за следење на крвниот притисок. Овој апарат давал податоци за крвниот притисок на секои 30 минути.

Испитувани биле 888 средовечни (во просек 45години), вработени луѓе од кои нешто повеќе од половината жени. Добиените резултати покажале дека дури 16% од испитаниците имале т.н. прикриен висок крвен притисок или маскирана хипертензија.

Истражувачите утврдиле дека ваквата појава била најчеста кај испитуваните мажи и кај испитаниците кои претходно имале состојба наречена прехипертензија или повишен крвен притисок (од 120-139 за горниот и 80-89 за т.н. долен крвен притисок). Според проценките на американските медицински институции, дури 25% од возрасните луѓе во САД имаат прехипертензија. За хипертензија или висок крвен притисок се смета секоја вредност над 140/90.

Студијата исто така утврдува дека младите испитаници со нормалана тежина имале поголема веројатност за повишен крвен притисок при мерењата во ова испитување отколку при мерењето во лекарската канцеларија.

Главната цел на овие истражувања била да се утврди колку медицинскиот систем е способен да ги забележи пациентите со ваква состојба. Сепак, водачот на студијата доктор Јозеф Шварц вели дека резултатите треба внимателно да се толкуваат. Внимателноста е потребна поради нужноста од испитувања на поразлични групи на луѓе во повеќе нивоа, потоа поради тоа што дел од резултатите можеби не се релевантни заради тоа што многу е можна реакција на стрес кај некои испитаници.

Стресот би можел да се јави поради самото присуство на апаратите за следење на крвниот притисок, 24 часа дневно. Исто така податоците од студијата не можат да бидат искористени во лекувањето на веќе дијагностицираните пациенти. Но, студиите на оваа тема се значајни поради превенција, односно предупредување на здравствениот систем дека постои појава на прикриена хипертензија.

Феноменот прикриена хипертензија и ризикот од неа

Присуство на феноменот прикриена хипертензија покажуваат и некои студии правени во минатото. Слично како и овие две студии, тие го утврдувале ваквиот феномен кај 10 до 40% од испитаниците. Многу е значајно што е утврдено дека дури половината од оние кај кои е утврдена прикриена хипертензија, подоцна развиваат хронична хипертензија.

Хипертензијата го зголемува ризикот од развивање на различни кардиоваскуларни заболувања, вклучително срцев и мозочен удар. Во САД, годишно умираат 82.000 пациенти поради хипертензија како примарен фактор.

Што можеме да направиме за превенција

Од наведените студии можеме да видиме дека и кај не толку возрасните, работоспособни мажи и жени, може да се јави хипертензија која е недијагностицирана, а претставува ризик за развој на низа заболувања. Тоа е така поради тоа што високиот крвен притисок најчесто доаѓа без симптоми. Затоа најдобра превенција (секако, покрај здравите животни навики) е честото мерење на крвниот притисок.

Мерењата може да ги направите и дома со едноставни дигитални апарати кои може лесно да се набават. Неколку мерења дневно се доволни, секако доколку забележите зголемувања, инаку доколку вредностите се најчесто нормални, можете да го мерите превентивно, еднаш неделно.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор