fbpx

Повеќе природни решенија за ДЕПРЕСИВНОСТ

tonus

Се’ поголем број луѓе, во светски рамки, се соочуваат со депресијата и нејзините последици. Според СЗО, со некаков облик на депресивност се соочуваат повеќе од 350 милиони луѓе ширум светот, од најразлични возрасни групи.

За многумина, депресијата и тагата се една иста работа. Сепак, ова е далеку од вистината. Помеѓу чувството на тага и депресијата постојат суштински разлики. Многу повеќе детали на оваа тема, прочитајте тука.

Од клучна важност е пациентите со вакви проблеми да се обратат на професионалци колку што е можно порано и ако е потребно да започнат со терапија. Едно истражување од 2017-тата година вели дека 40 до 60% од оние што земале одредена антидепресивна терапија, покажале подобрување во симптомите за период од 6 до 8 недели, во споредба со останатите (20-40%).

Постојат и природни антидепресиви

За поблагите и умерените облици на депресија, од голема помош можат да бидат и одредени ,,поприродни” пристапи. На пример, екстрактот од кантарион (хиперицин), инаку главна активна компонента во нашиот нов производ ОПТИМАКС, се смета за потентен хербален лек кој е официјално лиценциран како антидепресив во Германија уште од 1988-та година.

"“Online”/

Германските лекари препишуваат повеќе од овој екстракт за потребите на луѓето со депресија, во споредба со било кој друг фармацевтски антидепресив. Зошто е ова случај прочитајте во една од нашите претходни статии.

Жолт кантарион

Веројатно најдобриот пример за природна помош при депресија е екстрактот од жолт кантарион.

Бројни студии се спроведени за утврдување на најактивните компоненти на кантарионот. Најскорешните истражувања укажуваат на најмалку седум типови компоненти што можат да играат значајна улога во неговиот антидепресивен ефект.

На пример, новите истражувања покажуваат дека и одредени други соединенија, покрај хиперицинот, како што се хиперфорин и адхиперфоринот, се заслужни за бенефитите и дејството на екстрактот од кантарион. Се смета дека тие делуваат врз одредени рецептори во мозокот и на тој начин помагаат при регулирање и подобрување на расположението. Исто така, тие допринесуваат кон создавање на невротрансмитерисеротонин, допамин и норадреналин, соединенија заслужни за подобро расположение.

Иако тестирани се повеќе прочистени компоненти, целокупниот екстракт засега се смета за најефективен.

[Поврзано: ОПТИМАКС – природна доза оптимизам]

Повеќе пати потврдувано дејство

Еден преглед од 2016 година, кој опфатил 35 засебни студии, покажал дека екстрактот од кантарион ги намалува и ублажува симптомите на слаба до умерена депресија, многу повеќе од плацебо и дури имал сличен ефект на комерцијален антидепресив.

Слична анализа од 2017 година, која земала во предвид 27 различни студии, покажала дека кантарионот има сличен ефект како и комерцијален антидепресив при третирање на блага до умерена депресија.

Уште едно истражување од 2015 година, каде биле анализирани 66 претходно објавени студии, со вкупно 15,161 учесник, покажало дека екстрактот од кантарион има слично дејство на комерцијален антидепресив, при третирањето на слаба до умерена депресија. Покрај тоа, користењето на ваквиот екстракт имало помалку непосакувани ефекти, наспроти антидепресивите.

Според досега достапните податоци, екстрактот од кантарион не е препорачлив за луѓето со сериозна депресија. Исто така, за воочување на позитивните ефекти од кантарионот, потребно е време (најмалку неколку недели).

При подолго земање на суплементот, неопходно е внимателно да се прочита упатството. Кај луѓето со посветла кожа кои земаат поголеми дози од екстрактот, можно е да дојде до зголемена сензитивност при изложување на сонце. Исто така, луѓето кои користат други терапии и лекарства, потребно е да се консултираат со нивниот лекар пред започнување со користње на екстрактот од кантарион. Ваквиот суплемент не се препорачува за трудници и за жени кои дојат.

ОПТИМАКС може да нарачате тука.

Други потенцијални “природни антидепресиви”

  • Зелен чај – една студија од Јапонија, со повозрасни волонтери, покажува дека пиењето 4 чаши зелен чај дневно, го намалува ризикот од депресивност за 44%. Слично намалување на ризикот е утврдено и за најтешките облици на депресија. Сепак, потребни се повеќе податоци за причинско-последични врски во наредните студии.

    [Поврзано: 5 благодети на ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ]
  • Омега 3 масни киселини – според некои истражувања и анализи, поголемите дози на омега 3 можат да го подобра расположението и да помогнат при депресија. Едно истражување од 2015 година вели дека овој тип маснотија може да придонесе за подобрување на симптомите на депресивност и кај децата и кај повозрасните. Ефектот се смета дека се должи на антиинфламаторните карактеристики и намалувањето на кортизолот, т.н. стресен хормон.

    [Поврзано: Кои се омега 3, а кои омега 6 масни киселини? Кои се најдобрите ПРИРОДНИ извори?]

  • Витамин Д – витаминот Д се ,,бори” со депресијата преку повеќе механизми, вкучително преку намалување на инфламацијата, регулирање на расположението и заштита од неврокогнитивни дисфункции. Постојат бројни студии што укажуваат на тоа дека витаминот Д може да помогне дури и кај лицата со потешка депресија. Затоа, важно е да внимаваме и да немаме дефицит или недостаток од овој витамин/хормон.

    Други микронутриенти на кои треба особено да внимаваме во намерата за третирање и превенција од депресија се витамините од Б групата, како и цинкот и магнезиумот.

    [Поврзано: Клучот за над 4000 клеточни функции – ВИТАМИН Д]
  • Лаванда – постојат бројни искуства за различните бенефити на лавандата, вклучително способноста да не’ опушти и да овозможи подобар сон. Голем дел од оние што страдаат од депресија, имаат и проблеми со несоницата, па лавандата може да им биде од значителна помош. Постојат повеќе студии кои го потврдуваат ефектот на лавандата во однос на спиењето.

    [Поврзано: Чудесната билка од Медитеранот – ЛАВАНДА и нејзините лековите својства]
  • Валеријана – цветна билка што се користи за најразлични намени уште од далечни времиња. Иако се потребни повеќе истражувања, се смета дека валеријаната значително помага за смирување и несоница.
  • Шафран – одредени податоци покажуваат дека екстрактот од шафран помага при симптомите на депресија, но повисоките дози можат да имаат серизони несакани ефекти.ОПТИМАКС може да нарачате тука. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор