fbpx

3 ПРИРОДНИ РЕШЕНИЈА за ЗАПЕК – КИВИ, СУВИ СЛИВИ и ФИБРОГЕЛ

tonus

Терминот запек, а се среќава и како опстипација или констипација, се користи за опишување на ситуацијата кога дебелото црево не може да се испразни, иако се чувствува потреба за празнење.

Обично, запекот е лесно решлив проблем, но доколку не му се придава внимание, може да премине  во хронична состојба, која на долг рок може да има потешки последици. 

Во една од претходните статии имаме објаснувано кои се можните причини за ваквите проблеми, а во продолжение повеќе околу природните лекови со кои можеме да си помогнеме. Иако станува збор за ,,природни лекови”, нивната ефикасност е исклучителна, односно буквално може да ви го решат проблемот!

"“Online”/

[Поврзано: Запек – нередовна и тврда столица – како да си помогнете?]

Природни РЕШЕНИЈА за хроничниот запек

Едно истражување од Универзитетот Мичиген, САД, го испитувало ефектот на неколку храни во однос на запекот. Истражувачите уште еднаш ги потврдуваат повеќе пати докажаните информации – псилиумот (ФИБРОГЕЛ) и сувите сливи се погодни за третирање на хроничната констипација. Дополнително на ова, силен позитивен ефект во однос на запекот потврден е и кај кивите, но се нагласува дека се потребни повеќе истражувања во оваа насока.

[Поврзано: За што сè се добри познатите КИВИ?]

Она што исто така се нагласува во истражување е дека псилиумот и сувите сливи имаат значително посилен ефект во справувањето со запекот. Како и да е, ефектот на кивите исто така е солиден и без никакви несакани ефекти.

[Поврзано: НОВА СТУДИЈА – ФИБРОГЕЛОТ може да помогне при НАДУЕНОСТ и ГАСОВИ?]

Нешто повеќе за истражувањето

За испитување на ефектите, истражувачите ангажирале 79 волонтери со хронична констипација. Секој од нив консумирал 100g суви, 12g псилиум влакна или 2 излупени киви, во период од 4 недели, 29 пациенти консумирале киви, 24 сливи и 22 псилиум. 

Кај сите групи имало подобрување на ,,нападите” на констипацијата и тоа: 67% кај групата што јадела суви сливи, 64% кај псилиум групата и 45% кај лицата што консумирале излупени киви. 

[Поврзано: Што го прави ФИБРОГЕЛОТ еден од најдобрите природни извори на растителни влакна?]

Кај групата што консумирала киви било утврдено најзначајно подобрување во однос на надуеноста, а кај псилиум групата најдобар ефект бил утврден во однос на абдоминалниот дискомфорт, односно пациентите имале значително подобрено чувство во стомакот во однос на претходно. 

[Поврзано: НОВА СТУДИЈА – Како растителните влакна во ФИБРОГЕЛ помагаат за подобра контрола на шеќерот]

Сè повеќе расте популарноста на т.н. функционална храна

Пациентите сè почесто бараат релевантни природни третмани за најразлични здравствени проблеми, односно природни продукти со научно докажан ефект. Експертите сметаат дека ова е случај заради тоа што луѓето со право веруваат дека природните продукти се побезбедни, но и поевтини од препишаните конвенционални лекарства. 

Во овој контекст, т.н. функционална храна сосема логично, добива се повеќе на популарност. Споменатата студија потврдува уште неколку природни продукти како извонредна функционална храна – суви сливи, киви и ПСИЛИУМ.

[Поврзано: Придобивки од редовното користење ФИБРОГЕЛ]

Докторите сè почесто се охрабруваат да препорачуваат и третирање на одредени проблеми со ваков пристап. Нормално, во голем дел од случаите неопходна е и т.н. конвенционална терапија. Изборот на третирање на одреден проблем зависи и од преференците на пациентот.

 

Извор:

,,Exploratory Comparative Effectiveness Trial of Green Kiwifruit, Psyllium, or Prunes in US Patients With Chronic Constipation”,

The American Journal of Gastroenterology, June 2021.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор