fbpx

КРВЕН ПРИТИСОК – Што означуваат броевите? Зошто горниот е можеби позначаен?

tonus

Проблемите со крвниот притисок се помеѓу најчестите здравствени проблеми на модерното време. Причините за ова главно лежат во модерниот начин на живот – лоша, масна и солена исхрана, физичка неактивност, хроничен стрес итн.

[Поврзано: СТРЕСОТ и покачениот притисок – кратки практично совети]

 

Тивок убиец

 

Токму заради овие причини и заради тоа што покачениот притисок, па дури и хипертензијата, ,,доаѓаат” без НИКАКВИ симптоми, многу е важно општата популација да биде информирана за некои најосновни информации на оваа тема, сè со цел, ПРЕВЕНЦИЈА, но и соодветен третман. Поради сериозноста на состојбата кај која отсуствуваат  симптомите, високиот крвен притисок често се нарекува и тивок убиец.

"“Online”/

 

Во повеќе од претходните статии зборувавме за различни аспекти од оваа проблематика, а со истото темпо ќе продолжиме и во иднина.

На пример, посветивме повеќе внимание на тоа како се поврзани стресот и притисокот, како полнозрнестата храна и најобичните утрински прошетки можат да има терапевтско при хипертензија, но и како правилно да ја практикувате позитивната рутина за мерење кревен притисок…

 

[Поврзано: Зошто е важно редовно да се мери притисокот и како правилно да го измерите во домашни услови?]

 

Што означуваат броевите?

 

Крвниот притисок претставува притисокот со кој крвта дејствува на ѕидовите од крвните садови (артериите). Ова е наједноставната дефиниција.

Кога го мериме притисокот, добиваме две вредности (плус онаа за пулсот). ,,Горниот” или систолен и ,,долниот” или диастолен. На пример, 120/80.

Горниот број го претставува количеството притисок во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул.

Долниот број го претставува крвниот притисок за време на паузата помеѓу контракциите на срцето.

Хипертензијата пак, се дефинира како повишен крвен притисок или притисок над нормалата, во еден подолг период. Според Европското кардиолошко друштво, тој притисок е над границата од 140/90 mmHg.

За разлика од повеќето раширени митови на темата, фактите се јасни: покачениот притисок (во било кој дел од животот) во никој случај не е нешто нормално и нешто што треба да биде игнорирано!

[Поврзано: Висок крвен притисок – може да имаме со години БЕЗ НАШЕ ЗНАЕЊЕ – Колку често треба секој од нас да мери притисок?]

Што значи нормален, а што нарушен крвен притисок?

 

Според релевантни и угледни здравствени извори, како Американската асоцијација за здравје на срцето, за нормален крвен притисок се смета оној до 120mmHg за горниот, и до 80mmHg за долниот. Овие вредности треба да нè поттикнат да останеме на патот на здравите навики, односно пред сè балансирана исхрана и редовна физичка активност.

Во интервалот од 120mmHg до 129mmHg (без разлика дали долниот е до 80Hg), станува збор за покачен крвен притисок.

За висок крвен притисок или хипертензија се дефинира оној во регионот помеѓу 130mmHg и 139mmHg за горниот и 80mmHg и 89mmHg за долниот.

Крвниот притисок од 140mmHg до 180mmHg (над 90mmHg за долниот), се смета за хипертензија од втор степен.

Секоја вредност над 180mmHg за горниот и 120mmHg за долниот се смета за хипертензивна криза или шок и неопходна е ургентна консултација со лекар.

Она што е значајно да се сфати и е евидентно од претходно наведеното е следно: За научниците 10 единици крвен притисок е значителна разлика, дури таква да може да менува дефиниции и да значи различни терапевтски модалитети!

Тоа е уште една причина за да го сфатиме крвниот притисок како сериозна состојба.

Сите наведени бројки важат БЕЗ ОГЛЕД на возраста! Хипертензијата не е нормална состојба во било кој период од животот!

[Поврзано: Високиот притисок е порака која гласи: ,,Смени ја исхраната веднаш!]


Хипертензија не може да се дијагностицира со едно мерење

 

За да се заклучи, односно за да се дијагностицира било која од претходно наведените состојби, освен последната, потребни се повеќе мерења и потоа вадење на просек. Единечни ситуации на покачен притисок не можат да се сметаат за хипертензија. Сепак, ваквите случаи се добар сигнал дека треба да го следиме нашиот притисок на долг рок.

 

[Поврзано: И покачениот притисок може да биде прикриен!]

 

Која вредност е позначајна, онаа за систолниот или за диастолниот крвен притисок?

Вообичаено, повеќе внимание се обрнува на систолниот или горниот крвен притисок (првиот број на екранот), бидејќи низ искуствата и истражувањата се покажува како главен ризик-фактор за срцевите заболувања. Ова особено важи за лицата на 50 години.

Кај мнозинството од луѓето, систолниот притисок расте со текот на годините, поради сè поголемите пречки или наслаги во крвните садови и поради поголемата индиценца (зачестеност) на кардиоваскуларни проблеми, општо.

 

Како и да е, без разлика која вредност е повишена, читањата за крвниот притисок можат да се употребат за дијагностицирање на хипертензија. Според поновите истражувања, ризикот од смртност поради исхемичен срцев удар и поради мозочен удар се дуплираат со зголемувањето на 20mmHG на систолниот и 10mmHG за диастолниот. Ова важи за лицата од 40 до 89 години.

 

Како да го превенираме и лечиме високиот крвен притисок?

 

На оваа тема има доста да се зборува, но тука ќе ги наведеме само најзначајните животни навики кои значително помагаат во превенцијата, а некои и во самиот третман од високиот крвен притисок:

1) Сведете го внесот на сол на минимум и внимавајте на т.н. скриена сол која може да се најде во многу производи.

2) Консумирајте помалку заситени масти, а повеќе здрави масти и целозрнаста храна богата со растителни влакна.

3) Имајте редовна физичка активност.

4) Намалете го внесот на кофеин! (пијте слабо засладени пијалаци, наместо кафе, кока кола и енергетски пијалаци)

5) Најдете начин со кој ќе се справувате со стресот.

6) Намалете ја телесната тежина или не дозволувајте да се здебелите.

7) Доколку консумирате алкохол, сведете го тоа на минимум.

 

ПРОГРАМА НА Д-Р МИТОВ за ХИПЕРТЕНЗИЈА

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор