fbpx

Како КРВЕНИОТ ПРИТИСОК влијае врз здравјето на БУБРЕЗИТЕ?

tonus

Проблемите со кардиоваскуларното здравје се особено чести и нажалост, се причина за голем број смртни случаи. Тие се сметаат за број 1 здравствен проблем кај општата популација. Проценките се дека, во 2019 година, 17,9 милиони луѓе умреле како последица од некое срцево заболување. Оваа бројка е екстремно алармантна и всушност претставува 32% од вкупниот број на смртни случаи таа година. Дополнително, проблемите со кардиоваскуларното здравје може да бидат причина и за низа на други заболувања и проблеми со здравјето, меѓу кои спаѓаат и бубрежните заболувања. Поради тоа, денес ќе се задржиме малку повеќе на поврзаноста меѓу високиот крвен притисок и здравјето на бубрезите.

Што претставува хипертензијата и зошто доаѓа до истата?

Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

  • Систолички или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул
  • Диастолички или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

Висок крвен притисок или хипертензија, е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

"“Online”/

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:
  • Бубрежни заболувања
  • Опструктивна спиечка апнеа
  • Вродени срцеви заболувања
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Честа употреба на алкохол
  • Проблеми со надбубрежните жлезди

Како се поврзани покачениот крвен притисок и бубрежните заболувања?

Покачениот крвен притисок е штетен за речиси сите органи, бидејќи ги менува крвните садови кои се извор на сите потребни нутриенти, кислород и сл. Хипертензијата всушност ги стегнува и стеснува крвните садови и постепено тоа доведува до оштетување и нивно ослабнување. Ова не е исклучок и за бубрезите и крвните садови кои се наоѓаат во нив. Клетките на бубрезите (нефроните) се снабдени со сите потребни нутриенти и кислород преку густа и богата мрежа на крвни садови, каде поминува голем волумен на крв.  Ваквите измени кај нив всушност може да го намалат и ограничат протокот на крв. Доколку дојде до тоа, се менува и нарушува нормалната функција и на бубрезите. Тоа значи дека тие повеќе не функционираат оптимално и таа нивна улога на филтрирање на крвта е веќе ослабната. Ваквата нарушена функција е особено штетна бидејќи од крвта не се филтрираат непотребните, често штетни материи. Дополнително, вишокот на течност во крвта (кој е резултат на нарушената функција на бубрезите) може да доведе до дополнително зголемување на крвниот притисок, со што ваквиот опасен и штетен циклус е додатно влошен.

Заштитете го здравјето на бубрезите преку регулирање на крвниот притисок

Како што рековме, покачениот притисок е опасна и сериозна состојба, иако навидум нема очигледни и непријатни симптоми. Но, со текот на времето, таа го зголемува значително ризикот за различни заболувања. Оштетувањето и загрозувањето на здравјето на бубрезите поради покачениот крвен притисок е кумулативен, постепен процес кој може да се случува со години. Статистиката вели дека хипертензијата е главниот ризик фактор за проблеми со бубрежното здравје, а веднаш по него е дијабетот. Симптомите на проблеми со здравјето на бубрезите може да бидат: недостаток на апетит, лошење, вртоглавица, замор, главоболки, зачестено или поретко мокрење, губење на телесната тежина, грчеви во мускулите и сл. Најдобар начин да го избегнеме тоа е превенција, односно навремено снижување на крвниот притисок. Многу повеќе на темата – покачен крвен притисок, може да прочитате тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор