fbpx

Висок крвен притисок – може да имаме со години БЕЗ НАШЕ ЗНАЕЊЕ – Колку често треба секој од нас да мери притисок?

tonus

Во претходните статии често зборувавме на тема хипертензија, од различни аспекти. Видовме за каква состојба се работи, препорачавме храна и исхрана што најмногу одговараат и за висок, но и за низок притисок, а покажавме и како правилно треба да се мери крвниот притисок.

 

Во продолжение, зошто е значајно да имаме превентивни мерење на крвниот притисок и колку често треба да мериме во зависност од возраста и медицинската историја?

 

[Поврзано: Во зависност од возраста, што треба да правиме за да го оддржиме здраво нашето срце?]

"“Online”/

 

,,Тивок убиец”

 

Постојат повеќе митови на тема висок крвен притисок. Еден од најчестите е дека ваквата состојба не е толку опасна по здравјето и дека е дел од нормалниот, физиолошки процес на стареење. Фактите зборуваат нешто сосема поинакво.

Имено, високиот крвен притисок, на долг, па и на пократок рок (ако е превисок), може да води кон навистина сериозни здравствени компликации!

 

Исто така, повишениот крвен притисок не е нормална појава во било кој период од животот, на било која возраст. Тој е сигнал дека нешто не е во ред.

Хипертензијата претставува еден од најважните ризик-фактори за кардиоваскуларните, но и некои други чести заболувања.

За жал, ваквата состојба најчесто се појавува без никакво предупредување, односно нема симптоми. Заради овие причини, често пати високиот притисок се нарекува и ,,тивок убиец”.

[Поврзано: Покачениот притисок многу често е прикриен!]

Единствениот начин соодветно да му ,,влеземе во траг” е превентивно да го мериме, а ако постои очигледен ризик или веќе воспоставена дијагноза, постојано да го следиме, преку редовни мерења. 

[Поврзано: Утринските прошетки го намалуваат притисокот слично како и некои лекови!]

 

Хипертензијата многу често не се дијагностицира во ординација

 

Домашното редовно мерење на притисокот, исто така значително им помага на медицинските лица во дијагностицирањето на хипертензијата.

Зошто?

Некои луѓе, заради нервозата и возбудата, покажуваат нереално висок крвен притисок во канцеларијата на лекарот. Ваквиот феномен е познат под називот ,,хипертензија на белиот мантил”.

Дополнително, реална слика за тоа колкав е притисокот не може да се добие од само едно или неколку мерења. На пример, притисокот варири во различни периоди од денот. Така, се наметнува потребата од подолготрајно следење.

 

Значи, серијата мерења во домашни услови, ќе му дадат на лекарот одлична основа во одлучувањето дали имате хипертензија или не.

Клучно е да се нагласи дека за да дојдеме до релевантни податоци за крвниот притисок, односно вредности кои можеме да веруваме дека се точни, потребно е да имаме добра техника за правилно мерење на притисоко и стриктно да следиме одредени постапки.

[Поврзано: Полнозрнестата храна може да има ТЕРАПЕВТСКО дејство при хипертензија]

Колку често секој од нас треба да го мери крвниот притисок?

 

Имајќи предвид дека крвниот притисок најчесто не покажува речиси НИКАКВИ симптоми, прилично е јасно дека повеќе од потребни се превентивни мерење. Дополнително, како што исто така споменавме, често пати оваа состојба не се сфаќа сериозно, па ,,помалите” отстапување од нормалниот притисок 120/80, се сметаат за нерелевантни, односно неважни. Сепак, токму ваквите отстапки треба да ни бидат индикатор после кој ќе се обратиме на лекар и кои ќе нè наведат многу почесто и посериозно да го следиме својот притисок.

Но, како секој од нас да знае кога и колку често треба да го мери својот притисок?

Добро е секое домаќинство да има сопствен апарат за мерење притисок



Истражувањата покажуваат дека огромен дел од луѓето не само што имаат скриена прехипертензија или состојба пред да дојде до развој на висок притисок, туку имаат и скриена хипертензијанекогаш и со години!

Како и кај секоја друга медицинска дијагноза, раното утврдување на хипертензијата, уште подобро, на прехипертензијата, ќе значи повеќе време за реакција и речиси со сигурност подобар исход. Раното утврдување е можно со редовни мерења според препораките.

Најчести препораки за зачестеноста на мерењето крвен притисок:

 

  • Здравите лица под 40 години, треба да го мерат притисокот барем еднаш годишно.

  • Здравите лица над 40 години, добро е да го мерат својот крвен притисок барем еднаш месечно.

  • Оние што имаат ризик-фактори за нарушен крвен притисок – ,,незначително” повишен притсок, гојазност и покачена телесна тежина, дијабет, нездрава исхрана, пушење, прекумерна употреба на алкохол, физичка неактивност, генетска предиспозиција – треба да го мерат почесто крвниот притисок, без разлика на својата возраст (најмалку неколку пати месечно).

  • Доколку имате некој од симптомите на високиот притисок, добро е веднаш да го измерите и без разлика на резултатот, да се обратите на вашиот лекар, особено ако симптомите се поконзистентни. Најчестите симптоми на високиот притисок се: – болка во градите

– недостаток од здив

– замаглен вид

– симптоми типични за срцев удар (парализирање и губење на контролата врз некои мускули на лицето и екстремитетите)

– крвава урина

– главоболка и збунетост

За жал, тие ретко се појавуваат кога е присутна дијагнозата, а најчести се при поекстремни варијации на притисокот.

 

Детален опис како, кога и колку пати треба да го мерите притисокот, прочитајте тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор