fbpx

Ново истражување ја објаснува врската меѓу работата во рани утрински смени и крвниот притисок

tonus

Многу често зборуваме на нашиот блог за важноста и неопходноста од доволен и квалитетен сон. Здравиот режим и навики за спиење кои спаѓаат во т.н „хигиена на спиење“ се исклучително важни за нашето здравје, но и за непречено извршување на секојдневните активности и обврски. Но, ваквата хигиена на спиење е често нарушена поради разни надворешни фактори врз кои нажалост,  немаме секогаш контрола.

Работата во смени е еден таков пример кога доаѓа до нарушување во хигиената на спиење. Луѓето кои работат во смени имаат понекогаш нарушен и поинаков ритам на спиење од оној кој се очекува. Доаѓа до промени во ритамот на спиење и неговиот квалитет и континуитет. Во медицината постои и состојба поврзана токму со овој феномен и е наречена нарушување на сонот поради работењето во смени.

Па поради тоа, во денешната статија издвојуваме неодамнешно истражување кое покажува каков здравствен ефект има работата во смени рано наутро.

"“Online”/

 

Зошто работата во смени влијае врз спиењето и неговиот квалитет?

 

Ова т.н нарушување кај луѓето кои работат во смени може различно и на повеќе начини да влијае, во зависност од работата која е во прашање, како и од смените. Луѓето кои работат ноќни смени може да имаат различни симптоми од оние кои работат смени рано наутро. Нивото до кое работата во смени ќе влијае на пациентот е исто така различно и индивидуално. Некои луѓе со текот на времето се навикнуваат на работата навечер и спијат во текот на денот, но за ваквата адаптација е потребно време. Доколку ваквата состојба не се третира или нема доволно брза адаптација, таа може да доведе до:

 

  • Влошено расположение – надразливот, нетрпеливост и сл.
  • Намален перформанс и продуктивност на работно место
  • Зголемен ризик од незгоди
  • Сериозни влијанија врз здравјето на работниците

 

Доколку сакате да прочитате повеќе на оваа тема, кликнете тука.

 

Истражување – смените рано наутро доведуваат до нагли промени во крвниот притисок

 

Ново истражување, објавено во журналот „Sleep“, покажува дека ново вработени работници кои работат смени рано наутро имаат зголемен ризик од појава на кардиоваскуларни заболувања во периодот кога се адаптираат на новиот ритам на живот и работа.

Преку следење на навиките и шаблоните на спиење на група на ново вработени возачи на автобуси кои работат во смени, студијата открила дека при преминот во смените кои започнуваат рано наутро, дошло до промени во крвниот притисок на испитаниците. Имено, во период од 90 денови, колку што и траела студијата, крвниот притисок на испитаниците не се симнувал доволно при спиењето. Ваквата состојба е наречена „non-dipping“ или не-опаѓање, односно крвниот притисок бележи помалку од 10% намалување во споредба со нормалните вредности, кога сме будни.

Од сите испитаници во текот на 90 денови, 93% од нив преминале од нормални вредности за крвниот притисок за време на спиењето во состојбата на „не-опаѓање“. Ваквата бројка била за 50% повисока од работниците кои работеле нормални, денски смени. Тоа значи дека сепак доаѓа до оваа состојба и кај работници кои работат денски смени, но кај нив процентот е помал. Интересно е што по 90 денови, работниците со денски смени целосно ја елиминирале ваквата состојба и ниеден од нив немал абнормални вредности за крвниот притисок при спиењето навечер.

 

Причини за ваквата појава

 

Нездравите промени во вредностите за крвен притисок кај испитаниците се смета дека се поврзани и со променливоста во времето за спиење што тие ја имаат. Нередовноста и немањето на ритам во спиењето и будењето се смета како клучен фактор за појава на оваа состојба. Ова укажува дека е можно да дошло до нарушување во циркадниот ритам на испитаниците, односно во нивнот внатрешен биолошки часовник. Доколку сакате да прочитате повеќе околу ваквиот „внатрешен“ часовник, кликнете тука.

 

Студијата открила директна поврзаност меѓу зачестеноста на смените кои почнуваат рано наутро и промените во крвниот притисок при спиењето. Ваквото истражување укажува на фактот дека ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања се зголемува со времетраењето на работа во смени.

Студијата и нејзините резултати покажуваат поврзаност меѓу наглата транзиција во работа во смени рано наутро и промени во крвниот притисок за време на спиењето. Ова се смета како комбинација која може да доведе до зголемен ризик за срцеви заболувања. Бидејќи овој тип заболувања се број 1 по бројот на смртни случаи, тие не треба да се потценуваат и работниците во смени треба навремено и редовно да ја следат својата состојба.

 

Некои општи совети за подобар сон се:

  • Лимитирање и целосно избегнување на кофеинот пред спиење.
  • Намалена изложеност кон светлина пред заспивање
  • Практикување на дремки, но не премногу долги и доцна во денот
  • Обидете се да постигнете некаков ритам во спиењето
  • Во консултација со лекар, користете мелатонински суплементи
  • Избегнувајте го алкохолот
  • Собата во која спиете нека е темна, проветрена, тивка
  • Не јадете непосредно пред спиење, особено храна богата со шеќер
  • Пред заспивање, практикувајте релаксирачко туширање

 

Секако овие се општи совети, а за работниците во смени е клучно да пронајдат ритам и шаблон на спиење кој им одговара и кој ги обезбедува со доволен и квалитетен сон.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор