fbpx

Високо ПРОЦЕСИРАНАТА храна го зголемува ризикот за појава на карцином на ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО!

tonus

Денешното темпо нажалост нè спречува да имаме константно правилна исхрана, исполнета со здрави и нутритивни намирници. Понекогаш, недостатокот на време се одразува врз нашите навики за јадење, па така процесираната храна се наоѓа на нашата трпеза. Таа е веќе подготвена или се подготвува за краток период, па од тој поглед е доста практична за деновите кога немаме многу време. Но, на нашиот блог веќе имаме зборувано за начинот на кој може да го намалите внесот на процесираните намирници. Денес, ќе се надоврземе на оваа тема и ќе погледнеме една неодамнешна студија која покажува како влијае процесираната храна врз ризикот за колоректален карцином.

Што претставува процесираната и високо процесираната храна?

Под процесирана храна се подразбира било кој тип на храна или намирница кои трпи некој начин на обработкафизички или хемиски. Најчесто тоа се процесите на миење, сецкање, димење, термички обработки (пастеризирање, мрзнење, печење), ферментирање или пак додавање на одредени конзерванси.

Ваквите обработки не се ништо ново и човекот ги употребува веќе илјадници години. Тие се одличен начин да се заштити храната од расипување, а и често  се користат и за полесен транспорт и подолго складирање. Во некои случаи (како мрзнењето и ферментирањето) нутритивниот состав на храната сосем малку се променува, па некогаш дури и се подобрува и зачувува.

"“Online”/

Но, проблемот настанува со високо процесираната храна, односно храна која е преполна со шеќери, сол, масти и конзерванси. За ваквата храна е потребно сосем малку или не е потребно воопшто било каква подготовка, односно таа е веднаш погодна за консумирање. Во овој тип на храна се вбројуваат :

  • Кондиторските производи (чоколади, бомбони, смоки, слатки и сл.)
  • Пржените производи – пр. чипсот
  • Процесираните месни производи
  • Сладоледи, торти и слични слатки производи
  • Безалкохолни пијалоци
  • Низа на млечни продукти со додаден шеќер

Високо процесираната храна го зголемува ризикот за карцином на дебелото црево

Колоректалниот или карциномот на дебело црево се смета за третиот најсмртоносен тип на карцином во САД. Една понова студија покажува дека високо-процесираната храна го зголемува ризикот за прекумерна тежина, хипертензија, холестерол, но и за карцином на дебелото црево. Ризикот за овој тип на рак главно доаѓа преку голема консумација на процесирани месни продукти и црвено месо, а низок внес на растителни влакна и полнозрнести житарки. Исто така, процесираните намирници се обично високо калорични, содржат големи количини на сол или шеќер – фактори кои допринесуваат за зголемена телесна тежина, состојба која е добро познат ризик фактор за колоректален карцином. Во оваа конкретна студија биле вклучени околу 3200 пациенти со овој тип на карцином. Истражувањето покажало дека мажите кои консумирале најмногу процесирани намирници имале за 29% повисок ризик за овој тип канцер. Меѓутоа, ваквата поврзаност не била утврдена кај жените. Научниците откриле дека и одредени типови на намирници директно го зголемувале ризикот – црвено месо и месни преработки, процесирани продукти од пилешко и црвено месо, газирани пијалоци и сл. Процесираната храна исто така се смета дека допринесува за т.н хронично воспаление или хронична инфламација. Затоа, од особена важност е да се внесуваат што е можно повеќе свежи намирници – овошје, зеленчук, житарки, мешунки, јатки, семки и сл. Ваквата храна содржи разни антиоксиданти, како и соединенија кои делуваат анти-воспалително. Ваквата храна исто така помага и да се одржи здравјето на нашата цревна микрофлора, што е директно поврзана со имуниот систем, а преку тоа и со ризикот за голем број други заболувања.

За да прочитате повеќе околу штетните ефекти на високо-процесираните намирници врз кардиоваскуларното здравје, кликнете тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор