fbpx

Редовната активност може да го продолжи животот и до 12 години!

tonus

Сите знаеме дека редовната физичка активност е нераскинлив дел од она што значи здрав начин на живот. Оттука, сосема логично би било да се заклучи дека активното живеење има потенцијал да ни го продолжи животот.

 

[Поврзано: ОСУМТЕ ТАЈНИ на луѓето што живеат НАД 100 години!]

 

Во таа насока, денес ќе разгледаме една мета-студија од 2012 година, која анализира податоци од 13 истражувања на тема: Поврзаност помеѓу степенот на активност и очекуваниот животен век.

"“Online”/

 

Кардиоваскуларните заболувања – главен виновник за смртноста во Македонија

Најглавниот причинител за смртност во т.н. ,,Западен свет”, па и кај нас во Македонија, се срцевите и малигните заболувања.

 

[Поврзано: Зависно од вашата возраст – што треба да правите за здраво СРЦЕ!]

 

На пример, според нашиот завод за статистика, во 2020-тата година, близу 42% од сите смртни случаеви се поврзани со болестите на циркулаторниот систем, потоа следуваат неоплазмите со 15% и околу 15% респираторните болести, заедно со Ковид-19.

 

[Поврзано: Враќање на физичката активност ПО прележан Ковид-19. Како и колку?]

 

 

Редовна физичка активност – Веројатно најдобрата превентива за најчестите причини за смртност

 

Најважните ризик-фактори за срцевите и цереброваскуларните заболувања, вклучуваат пушење, хипертензија, гојазност, дијабет и нарушен липиден профил, заедно со артериска фибрилација кај исхемичните мозочни удари.

 

[Поврзано: Физичка активност и срцеви заболувања]

 

Редовната физичка активност има силен потенцијал значително да ја намали веројатноста за појава на сите претходно споменати ризик-фактори, но и да ја подобри состојбата при веќе постоечката дијагноза, вклучително кај артериска хипертензија, дијабет тип 2, дислипидемија, коронарни срцеви заболувања итн. Дополнително, редовната активност ги намалува изгледите и од најчестите малигни промени, како ракот на дебело црево, на дојки, бели дробови, панкреас, матка итн.

[Поврзано: Физичка активност и превенција од малигни болести]

 

Моментално, сè уште е актуелна пандемијата со коронавирусот, па важно е да се каже дека постојат и истражувања кои ни даваат податоци според кои може да се заклучи дека редовната активност го намалува и ризикот од една од најзначајните компликации од Ковид-19. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

 

 

Нешто повеќе околу споменатата мета-студија и нејзиниот метод

 

Имајќи го предвид сето претходно кажано, логично би било да се заклучи дека редовната активност го продолжува животниот век. Но, дали тоа е навистина така и доколку е така, колку долго е тоа продолжување?

 

Токму со оваа тематика се занимава претходно споменатата мета-студија. Во неа се вели дека водењето физички неактивен (седечки) начин на живот е главниот поединечен ризик-фактор за смртноста во Европскиот регион, подиректно предизвикувајќи дури 10% од смртните исходи во периодот до 2012 година.

 

За идентификување на релевантни истражувања, оваа мета-студија ја користела огромната база на податоци на познатиот PubMed, пронаоѓајќи околу 2000 различни истражувања што подоцна биле филтрирани до 13 кои содржеле детални податоци околу очекуваниот животен век на активните (спортисти и рекреативци), во споредба со неактивните лица.

 

[Поврзано: Како седечкиот начин на живот БУКВАЛНО ни го скратува животот?]

 

 

Што ни велат резултатите?

 

Утврдениот просечен животен век кај редовно физички активните луѓе (и мажите и жените), од сите вклучени истражувања е околу 4 години подолг, во споредба со оној на неактивните индивидуи.

 

Споменатиот број на години, одговара на процентот (30-35%) на намалена смртност (поради редовна активност) од сите причини.

 

[Поврзано: 8 КОНКРЕТНИ чекори кон ПОДОЛГ ЖИВОТ!]

Треба да се напомене дека споменатите студии не разгледуваат доста други ризик-фактори што можат да бидат директно или индиректно поврзани со смртноста и не ни даваат информации за тоа каков треба да биде интензитетот на вежбањето. Како и да е, тие јасно укажуваат на сериозна поврзаност помеѓу долгиот живот и редовната активност.

 

[Поврзано: Пешачење за СЛАБЕЕЊЕ – колку и како?]

Според мета-студијата, редовното вежбање поседува потенцијал да го зголеми очекуваниот животен век кај мажите и жените дури и повеќе од овие споменати 4 години, бидејќи активноста влијае на огромен број ризик-факотри директно поврзани со смртноста, а кои тука не се земени предвид.

 

Значи, споменатите проценки од околу 4 години се конзервативни, експертите сметаат дека заедно со непушењето, нормалната телесна тежина (исто така директно поврзана со редовната активност), редовната физичка активност има потенцијал да го продолжи животот во просек и до 12 години!

 

[Поврзано: Практични совети: КАКО да ЗАПОЧНАМ со физичка активност?]

 

 

Главен извор:

,,Does Physical Activity Increase Life Expectancy? A Review of the Literature” , PubMed, July 01. 2012

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор