fbpx

Проблеми со простатата – едни од најчестите здравствени проблеми кај мажите

tonus

Постојат бројни здравствени проблеми кои се јавуваат често кај мажите и кои заслужуваат особено внимание и нега. Можеби еден од најзачестените проблеми, особено кај повозрасната машка популација, е проблемот со простата. Здравствените проблеми кои може да се јават, а се поврзани со простата, се повеќе на број, но сите бараат различен третман и внимание. Затоа во денешната статија, ќе ги издвоиме најчестите состојби, нивните симптоми и потребните чекори за нивно третирање.

 

Кои се најчестите проблеми со простатата кои ги имаат мажите?

 

Пред да започнеме, да издвоиме неколку реченици со кои ќе ја објасниме функцијата на простата во организмот. Таа претставува жлезда, која е лоцирана веднаш под мочниот меур кај мажите. Таа го опколува горниот дел од цевчето преку кое урината се празни од мочниот меур. Главната функција на простатата е да произведува течност која ќе ги храни, негува и транспортира сперматозоидите преку спермата. Простата е со големина и форма на орев, но со стареењето може да се зголеми.

Проблемите кои се јавуваат кај простата се најчесто кај мажи кои имаат над 50 години. Таа може да биде отечена или да биде зголемена поради различни состојби:

"“Online”/
  • зголемување на простата или често опишано и како бенигно зголемување на простатата или бенигна хиперплазија на простатата
  • воспаление на простатата и
  • рак на простатата.

 

Што претставува зголемување на простатата?

 

Ваквата состојба е многу честа и е главно поврзана со стареењето. Над 33% од мажите над 50 години ќе имаат симптоми на зголемување на простатата во својот живот. Точната причина за ваквото зголемување не е позната, но тоа не е предизвикано од рак, а и не ги зголемува шансите и ризикот за појава на рак.

Зголемена простата може да предизвика притисок врз уринарните патишта, па може да делува врз нормалното мокрење.

Најчестите симптоми се:

 

  • Потешкотии при започнување или прекинување на мокрење
  • Слаб проток на урина
  • Чувство на непотполно празнење при мокрењето
  • Зачестена потреба од мокрење
  • Често мокрење во текот на ноќта

 

Доколку забележите некои од овие симптоми, обратете се на вашиот лекар за помош. Ваквата состојба обично лесно се третира и мали промени во навиките може да помогнат. Тоа може да биде: помалку пиење на течности – особено на диуретици (кафе, чај, алкохол), пиење на лекарства, пиење на чаеви или екстракти на природна база и сл.

 

Воспаление на простатата

 

Ваквата состојба може да е предизвикана од бактериска инфекција, но најчесто таа настанува без никаква инфекција и од непознати причини. За разлика од зголемената простата или ракот на простата кои најчесто се состојби асоцирани со постари мажи, воспалението на простатата може да се јави и кај помладата популација. Главно, мажите на возраст од 30 до 50 години се засегнати со ваквата состојба.

Симптомите најчесто се:

  • Болка во делот на карлицата, гениталиите, долниот дел од грбот
  • Болка при мокрењето
  • Зачестена потреба од мокрење
  • Потешкотии при мокрењето

 

При појавата на вакви симптоми, неопходна е консултација и преглед од вашиот лекар. Ваквата состојба се третира со лекарства и најчесто трае неколку недели или месеци.

 

Рак на простатата

 

Ваквиот тип на рак се смета за еден од најчестите типови на рак кај мажите. Во Обединетото Кралство, тој е најчестиот тип на рак и годишно има нови 40,000 дијагностицирани случаи. Точните причини за појава на ваквиот рак се непознати, но ризикот се зголемува со стареењето. Ваквата состојба ги става мажите над 50 години во ризик, а најчесто се среќава кај оние кои имаат над 65 години.

Ризикот за појава на рак на простатата исто така се зголемува и зависи од:

  • Етничката група
  • Генетиката и фамилијарната историја

 

Симптомите за ваквата состојба може да бидат тешко воочливи и да бидат слични со оние на зголемената простата. Тие може да бидат:

 

  • Потребата од почесто мокрење и често мокрење за време на ноќта
  • Наглата потреба од мокрење
  • Потешкотии при започнување со мокрење
  • Слаб проток на урина
  • Чувство на непотполна испразнетост
  • Појава на крв во урината или спермата

 

При појава на некој од овие симптоми, потребна е проверка и консултација со вашиот лекар. Најчесто симптомите се поради зголемување на простатата, но неопходно е можноста за присуство на рак да се исклучи. Ваквиот тип на рак се смета дека бавно прогресира и шансите за негово успешно третирање се најчесто добри и високи. Понекогаш нема потреба од моментален зафат или третирање, туку само редовна контрола и мониторирање.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор