fbpx

Пушењето СЕРИОЗНО ги влошува симптомите на артритис!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

На глобално ниво, одредени здравствени состојби и заболувања стануваат се почести и позастапени кај. Едно од нив е и артритисот и се проценува дека само во САД околу 54,4 милиони луѓе имаат дијагностициран артритис. Статистиката исто така вели дека ваквата состојба е позачестена кај жените отколку кај мажите. Ризикот за појава на артритисот се зголемува со возраста, но и начинот на живеење, а огромен број истражувања покажуваат дека и цигарите може да имаат особено негативен ефект. Поради големата застапеност на артритисот како и бројот на пушачи во нашата држава, ваквата комбинација може да биде особено штетна и опасна по здравјето за голем број луѓе. Затоа, денес ќе зборуваме малку повеќе за ефектите кои ги имаат цигарите врз појавата и симптомите на артритисот.

Што претставува артритисот?

Артритисот генерално означува состојба на воспаление на зглобовите. Но, терминот се употребува за опишување на околу 200 состојби кои предизвикуваат некакви проблеми со зглобовите, ткивата кои ги опкружуваат, како и други сврзни ткива.

Поголемиот дел од овие 200 состојби се ревматоидни, односно хронични. Порано се сметаше дека артритисот е типичен само за постарите лица, но денес знаеме дека може да се јави и кај помладите.

"“Online”/

Најчестата форма на артритис е остеоартритисот. Други, исто така чести форми на ова заболување се и ревматоидниот артритис, фибромијалгија и гихт.

Типичните симптоми на хроничните ревматоидни заболувања, освен болки во зглобовите, вклучуваат и отоци, вкочанетост, но и низа на други симптоми, кои се развиваат постепено, но може да се јават и одеднаш. Одредени ревматоидни состојби можат исто така да бидат поврзани со имуниот систем.

Што го зголемува ризикот за појава на артритис?

Не постои единечна причина која директно води кон било кој тип на артритис. Обично, постојат повеќе ризик-фактори зависно од формата на артритисот.

Можни причини се:

  • хронична инфламација
  • повреда, што може да води кон дегенеративен артритис
  • нарушен метаболизам, кој води кон гихт
  • генетски, најчести кај остеоартритис
  • инфекции
  • нарушен имунитет – ревматоиден артритис, лупус

Некои луѓе се генетски склони кон одреден вид артритис, но сепак, дополнителните фактори како повреди, инфекции, пушење, напорна физичка работа веројатно се во релација со експресијата на тие гени.

Која е поврзаноста меѓу артритисот и пушењето?

Пушењето се смета како сериозен и значаен ризик фактор во поглед на појавата на артритисот, а најмногу за ревматоидниот артритис (РА). Поголем број истражувања покажале дека цигарите се ризик фактор за појавата на ревматоидниот артритис, особено за луѓето кои пушат долг временски период. Точниот начин на кој цигарите делуваат врз појавата на оваа состојба не е сосема разјаснет. Научниците сметаат дека пушењето делува врз функцијата на имуниот систем и со тоа ја зголемува шансата за појава на овој тип артритис. Некои истражувања покажуваат и дека цигарите може да го променат одговорот на телото кон одредени лекарства за оваа состојба.

Научно потврдени факти за поврзаноста меѓу пушењето и ревматоидниот артритис:

  • Лицата кои се долгогодишни пушачи е поверојатно да развијат РА.
  • Лицата кои се пушачи може да имаат намален и влошен одговор кон лекарства за РА.
  • Пушењето може да ги влоши симптомите на ревматоидниот артритис. Тоа може да доведе до посилна болка и може да допринесе кон ширење и активирање на артритисот во други делови од телото.
  • Жените кои се пушачи дополнително го зголемуваат ризикот за појава на РА. Некои истражувања покажуваат дека жените кои пушат имаат повеќе од двојно поголем ризик.
  • Доколку е потрена хируршка интервенција, пушењето го зголемува ризикот од компликации. Дополнително, закрепнувањето е значително побавно кај пушачите.

Загрижувачки е што голем број од луѓето кои страдаат од ревматоиден артритис, не се свесни за ризикот и штетата кои ги носи пушењето. Дополнително, постојат и одредени фактори кои може дури да го отежнат процесот на откажувањето од цигари. За многумина цигарите претставуваат еден вид на дистракција која навидум ги олеснува симптомите и живеењето со болката од артритисот. Но, откажувањето на цигарите е неопходен и клучен чекор за подобро здравје и подобар квалитет на живот. Пушењето исто така го зголемува и ризикот за појава на други заболувања, со што состојбата може дополнително да се комплицира и влоши.

Fibro Gel

Затоа, не чекајте и започнете со процесот на трајно отжакување на цигарите. Доколку сакате да прочитате како може да ги зголемите шансите за успешно откажување, кликнете тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор