fbpx

Што одлучува дали сме ранобудници и кои се бенефитите од будењето порано?

tonus

Кој рано рани, две среќи граби. Ваквата позната и стара изрека ја истакнува и потенцира убавината во будењето рано наутро.

Обврските, работата и секојдневието често имаат сериозно влијание врз начинот на живеењето, а особено врз спиењето. Многумина работат во смени или пак имаат работа која го спречува редовниот, квалитетен сон. Дури и без обврски, некои луѓе едноставно сакаат да се будат подоцна и да останат малку подолго будни во претстојната ноќ. Науката покажува дека постојат и одредени гени кои може да ни дадат поголема предиспозиција кон будењето рано наутро или будењето покасно во денот. Луѓето кои практикуваат рано да се будат, ќе ви кажат дека истото има низа на предности, а токму нив ќе ги продискутираме во денешната статија.

 

"“Online”/

Будењето рано и генетиката – колку е таа важна за нашите навики за спиење?

 

Науката има асоцирано околу 300 места во човечкиот геном со навиките за спиење. Некои истражувања покажуваат дека дел од причината зошто некои луѓе се будат полесно рано наутро, е поради разликите во начинот на кој мозокот реагира на надворешните сигнали или стимули – првенствено светлината. Светлината се смета за главниот двигател на нашиот внатрешен часовник и е особено важна во циклусот на спиење.

Па така, генетиката се смета дека има голема улога во преференците за будење рано наутро.

Една студија, спроведена од компанијата „23andMe“, вклучила 90,000 испитаници кои дале свој примерок на ДНК преку плунка. Испитаниците потоа биле прашани дали се сметаат за луѓе кои се ранобудници или не. Преку споредба на добиените одговори од ваквата анкета и ДНК-та на испитаниците, истражувачите сакале да добијат одговор дали постојат регии во ДНК-та кои се заслужни за ваквите навики на спиење. Тие нашле 15 различни регии во ДНК-та, кои ја зголемуваат шансата (од 5 до 25%) да одредена личност биде „ранобудник“.

Покрај тоа, според истражувањето, жените се посклони (48,4%) кон будење порано, споредено со мажите (39,7%).

Дури 63,1% од луѓето над 60 години се изјасниле дека преферираат будење рано наутро, наспроти 24,2% проценти од испитаниците кои биле под 30 години.

Од ова може да заклучиме дека будењето рано наутро е поврзано не само со генетиката, туку со полот, возраста како и низа на други надворешни фактори.

 

Кои се придобивките од будењето рано наутро?

 

1 . Повеќе време за себе

Раното утро е период од денот кога навистина владее мирот, тишината и спокојот. Пиењето на утринското кафе може навистина да ве релаксира и да ви даде мир и енергија за добар почеток на денот. Ваквите ритуали може навистина да ве направат да се чувствувате подобро и да влијаат позитивно на менталното здравје и расположение.

 

2 . Повеќе време за подготовка на здрав појадок

Најчесто поради брзање кон работното место или било каква друга обврска, го прескокнуваме или имаме појадок кој е брзо подготвен и не секогаш здрав.

Будењето рано ви дава повеќе време за подготовка на здрав и вкусен појадок во кој ќе имате време да уживате. Самиот чин на јадење треба да биде релаксиран и во него да бидеме присутни, а не да биде во брзање.

 

3 . Имате повеќе време за физичка активност

Иако времето од денот кога вежбаме е лична преференца, тоа е често диктирано и од обврските што ги имаме. Вежбањето пред работа може да биде одличен начин за расонување, покачување на нивото на енергија и подобро расположение. Ова може да го направи работењето, а и целиот ден, полесен а ние да се чувствуваме поисполнето. Со вежбањето доаѓа до лачење на ендорфини, хормони кои го намалуваат стресот и анксиозноста и го зголемуваат нивото на енергија.

 

4 . Може да биде прв чекор кон подобра хигиена на спиење

Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои си легнуваат и се будат порано, имаат најчесто подобар, подолг и поквалитетен сон. Тоа може да допринесе кон подобро расположение, подобра концентрација и намален ризик од одредени заболувања. Здравата навика и хигиена на спиење може да имаат исклучително голем бенефит за здравјето.

 

5 . Ги прави утрата порелаксирани

Доколку имаме доволно време за подготвување за претстојните обврски, без потреба од брзање, целото утро може да биде порелаксирано и помалку стресно. Будењето само малку порано од вообичаеното, може да ви даде скапоцено време за полесна подготовка и уживање во утрото. Исто така, за градење на константен и функционален режим на будење рано, потребно е дисциплина и воведување на ред во животните навики. Ова може да биде доста корисно кај луѓето кои се трудат да воведат некаква рутина во периодите на спиење, а и во секојдневните навики.

 

6 . Поголема продуктивност

Утрата за многумина се најпродуктивен дел од денот. По расонувањето, ние имаме најголемо ниво на енергија, сме свежи и подготвени за обврските. Рано наутро често има помалку работи кои може да ни пречат и дефокусираат, па затоа може да завршиме и повеќе од обврските. Ова значи повеќе слободно време за нас и луѓето околу нас во остатокот од денот, особено во вечерните часови.

 

Совети за полесно будење наутро

 

  • Постепено станувајте порано – секој ден алармот нека ви биде поставен 10-15 минути порано, се додека не дојдете до посакуваното време. Секако, за да не се будите уморни, обидете се и легнувајте си порано навечер.
  • Мотивирајте се – будењето порано има низа на придобивки и истото ви дава повеќе време за себе, кое може да го искористите за правење на нешто што ви значи и ве радува.
  • Раздвижете се – по будењето напуштете ја собата и раздвижете се низ домот. Направете си кафе, напитје се чаша вода и измијте го лицето со поладна вода. По извесен период, поспаноста ќе помине и ќе се чувствувате свежо.
  • Повремено дозволете си да станете подоцна – за викендите или слободните денови, дозволете си станување и подоцна во денот. Станувањето порано не треба да биде обврска или товар, треба да биде нешто што ќе го подобри нашето секојдневие
  • Навечер, избегнувајте потешки оброци, зачинета храна и храна богата со шеќери – ваквата храна може да ви предизвика потешкотии со дигестијата, а храната која има доста шеќери може да го отежни процесот на заспивање.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор