fbpx

Зошто РАСТИТЕЛНИТЕ ВЛАКНА се препорачливи при ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ?

tonus

Во оваа денешна статија ќе се задржиме на растителните влакна, еден од најпотценетите аспекти од исхраната, иако класично не се признаени како „нутриент“. Ќе зборуваме за нивниот корисен и позитивен ефект во поглед на здравјето на црниот дроб и зошто лицата со замастен црн дроб треба да дадат повеќе значење на растителните влакна во исхраната.

 

Внесот на растителни влакна преку исхраната е неопходен и клучен за здравјето!

Растителните влакна или фибер припаѓаат на групата на јаглехидрати. Познато ни е дека јаглехидратите се есенцијални или неопходни макронутриенти. Сепак, иако припаѓаат во оваа група, растителните влакна се недигестибилни или несварливи за нашиот дигестивен систем, поради отсуството на соодветни ензими. Тие сепак се сметаат за нутриенти кои имаат низа на позитивни влијанија во организмот. Имено, растителните влакна ја попречуваат работата на дигестивните ензими со што се успорува дигестијата и на тој начин се избегнуваат шеќерните пикови, а потоа и наглите падови кои се ризични по здравјето. Ваквите осцилации во нивото на шеќер во крвта (кои најчесто се јавуваат по внес на храна која е богата со рафиниран шеќер) може да предизвикаат да се чувствуваме постојано гладни. Ваквиот ефект може особено да биде корисен и позитивен кај лицата со дијабет, кои веќе имаат нарушена и отежната регулација на крвниот шеќер. Овој ефект на растителните влакна всушност допринесува до намалување на гликемискиот индекс на храната.

Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со фибер, значително го намалува ризикот од развивање на дијабет тип 2. Поради ваквиот заситувачки ефект на влакната, но и со нивното стабилизирање на нивото на шеќер, тие индиректно допринесуваат за подобра регулација на гладта, а со тоа и на телесната тежина. Затоа, тие се особено препорачливи за лицата со преддијабет или дијабет и навистина може да допринесат кон подобра регулација на шеќерот во крвта.

"“Online”/

Растителните влакна исто така ја подобруваат цревната перисталтика и го намалуваат ризикот од појава на најчестите дигестивни заболувања. Дополнително, ризикот за појава на дијареа и констипација значително се намалува. Во цревата, фиберот подлежи на делумно метаболизирање и поради тоа има улога на пребиотик, односно храна за цревната микрофлора. Ова е исто така една од неговите неопходни улоги и нешто што значително допринесува за нашето здравје. Покрај тоа, бројни истражувања покажуваат дека растителните влакна може го намалат нивото на холестерол во крвта. Во една студија, биле вклучени над 4600 испитаници и било утврдено дека внес од 25g на растителни влакна во денот, влијае особено позитивно на крвниот притисок, регулација на телесната тежина, нивото на холестерол, шеќерот во крвта и сл. За жал, во општата популација постои сериозен дефицит од растителни влакна и дневните препораки од 20-25g ретко се задоволуваат. Поради тоа, во продолжение издвојуваме неколку намирници кои може редовно да ги користите, а ќе допринесат за значително поголем внес на овој тип нутриент.

 

Како растителните влакна влијаат на здравјето и функцијата на црн дроб? Дали лицата со замастен црн дроб треба да внесуваат повеќе влакна преку исхраната?

Храната богата со растителни влакна, како што е овошјето, зеленчукот, полнозрнестите житарки и мешунките, помагаат во регулирањето на метаболизмот и го намалуваат ризикот од заболувања на црниот дроб. Растворливите влакна, особено, се врзуваат за холестеролот во дигестивниот систем и помагаат во неговото излачување, а со тоа го намалуваат нивото на холестерол во крвта и го намалуваат оптеретувањето на црниот дроб. 

Дополнително, влакната се добро познати дека го промовираат здравјето на цревата со поттикнување на разновиден и избалансиран микробиом. Здравата цревна микрофлора произведува т.н кратко-верижни масни киселини  преку ферментација на растителните влакна. Овие молекули имаат антиинфламаторни својства и можат да го заштитат здравјето и функцијата на црниот дроб. Бидејќи влакната помагаат и во контролата на нивото на глукоза во крвта, главно преку забавување на апсорпцијата на шеќерите од храната – ризикот од безалкохолно масно замастување на црниот дроб, поврзано со инсулинската резистентност и дебелината, се намалува. 

Растителните влакна се препорачуваат и како еден вид превентивна мерка, но и кај лицата со веќе дијагностицирано замастување на црниот дроб. Нивниот севкупен позитивен ефект може да овозможи полесно менаџирање и третирање на состојбата. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор