Редовно на нашиот блог зборуваме за растителните влакна, дел од храната кој не се смета за типичен нутриент, а сепак нуди низа на незаменливи придобивки. Во оваа статија, ќе зборуваме како тие може да делуваат позитивно и на покачениот холестерол.
Што претставуваат растителните влакна?
Растителните влакна или фибер припаѓаат на групата на соединенија наречени јаглехидрати. Познато ни е дека јаглехидратите се есенцијални или неопходни макронутриенти. Сепак, иако припаѓаат во оваа група, растителните влакна се недигестибилни или несварливи за нашиот дигестивен систем, поради отсуството на соодветни ензими. Тие сепак се сметаат за нутриенти кои имаат низа на позитивни влијанија во организмот.
Како што укажува и самото име, растителните влакна се наоѓаат во растителните намирници, односно во делот од нив кој е недигестибилен. Меѓутоа, различни намирници содржат различни форми на растителни влакна. Имено, се работи за големи и сложени молекули, кои навистина може да имаат безброј различни форми и структури. Тие главно се делат на две групи – растворливи и нерастворливи растителни влакна. Двата типа на влакна се наоѓаат во намирници како: зеленчук, овошје, полнозрнести житарки, мешунки и сл. Инаку, самото име ја објаснува разликата – растворливите влакна се раствораат во вода и формираат еден вид на желатинска/гел структура во цревата. Во ваква форма тие може да подлежат на делумна дигестија од цревната микрофлора, па поради тоа овој тип влакна може да биде извор на сосема мало количество калории. Нерастворливите влакна, од друга страна, не формираат ваква структура и тие поминуваат низ цревата без значителни промени. Поради фактот дека се целосно недигестибилни и нерастворливи, овој тип влакна воопшто не е извор на калории.
Како растителните влакна можат да помогнат при покачен холестерол?
Храната богата со растителни влакна може да има голем допринос во намалување на нивото на холестерол, а особено доколку содржи повеќе растворливи влакна. Растворливите влакна, кои се наоѓаат во храна како: овес, грав, леќа, јаболка и во низа други растителни намирници, се раствораат во вода за да формираат супстанца слична на гел во дигестивниот тракт. Овој гел може да се врзе со жолчните киселини, кои се синтетизираат од холестерол, и да го олесни нивното излачување од телото. Бидејќи црниот дроб треба да произведува повеќе жолчни киселини, тој всушност ги црпи резервите на холестерол во телото, со што се намалува нивото на холестерол во крвта.
Дополнително, растворливите влакна можат да ја забават апсорпцијата на холестеролот од исхраната, што дополнително го намалува нивото на холестерол во крвта. Истражувањата покажуваат дека зголемување на внесот на растворливи влакна за само 5-10 грама дневно може да резултира со 5-10% намалување на ЛДЛ – т.н „лош“ холестерол. Покрај нејзините ефекти за намалување на холестеролот, храната богата со растителни влакна е корисна и за целокупното кардиоваскуларно здравје преку подобрување на контролата на шеќерот во крвта, полесно одржување на здрава тежина и подобрување на дигестивното здравје.
Сето ова укажува на важноста од редовниот внесот на растителни влакна, нешто што нажалост недостасува во модерната исхрана. Доколку не внесувате доволно влакна, тогаш постои можноста за нивно суплементирање. Нашиот производ ФИБРОГЕЛ е токму тоа – 100% чисти растителни влакна, од кои поголемиот дел се веќеспоменатиот – водорастворлив тип. Фиброгел докажано помага при намалување на холестеролот, но и управување со тежината, подобрување на дигестијата, редовно празнење на цревата и сл.
Доколку сакате да прочитате повеќе или да нарачате ФИБРОГЕЛ, кликнете ТУКА.