fbpx

Можат ли РАСТИТЕЛНИТЕ ВЛАКНА да го намалат ризикот од појава на ИНСУЛИНСКА РЕЗИСТЕНЦИЈА?

tonus

Во оваа статија ќе зборуваме за поврзаноста меѓу инсулинската резистенција и внесот на растителни влакна. Ќе објасниме зошто влакната може да имаат заштитнички и дури превентивен ефект врз појавата на оваа состојба.

 

Што претставува инсулинската резистенција?

Инсулинската резистентност или отпорност на инсулин е многу честа состојба при која клетките прекинуваат да ,,одговараат” на инсулинот. Во САД, речиси 1/3 од населението има облик на ова нарушување, а во зависност од критериумите за негово дефинирање, оваа бројка може да биде и значително повисока. И кај нас ситуацијата е сериозна.

Според истражувањата на оваа тематика, дури 33% од децата и тинејџерите кои се соочуваат со обезност, имаат инсулинска резистентност. Значи, обезноста е сериозен ризик-фактор.

"“Online”/

И покрај ваквите загрижувачки бројки, наједноставните промени во начинот на живот можат драматично да помогнат во превенцијата и подобрувањето на оваа состојба.

Кога клетките ќе престанат соодветно да одговараат на ,,стимулациите” од инсулинот, станува збор за инсулинска резистентност или отпорност. Во вакви услови, панкреасот почнува да лачи уште повеќе инсулин со цел да го намали шеќерот во крвта. Ова води кон високи нивоа на инсулин во крвта, состојба наречена хиперинсулинемија.

Со текот на времето, резистентноста на клетките кон инсулинот може да се зголемува, предизвикувајќи високи нивоа на шеќер, но и на инсулин во крвотокот. На крајот може да дојде до оштетувања на панкреасот и следствено, намалена продукција на инсулинот.

Инсулинската резистентност е најчестата причина за дијабет тип 2, заболување кое опфаќа и до 10% од светската популација, но и за гестацискиот дијабет и предијабетот – исто така доста чести заболувања.

 

Можат ли растителните влакна да делуваат превентивно?

Растителните влакна, особено растворливите влакна, имаат значајна улога во превенција и заштита од појава на инсулинска резистенција. Ваквото нивно дејство се должи на неколку клучни механизми. Прво, растворливиот тип на влакна, како што објаснува и самото име, се раствораат во вода за да формираат супстанца слична на гел која ја забавува апсорпцијата на шеќери, а со тоа го стабилизира нивото на глукоза во крвта и го намалува излачувањето на инсулин. Ваквиот ефект помага да се спречат нагли скокови, односно „пикови“ , но и падови на нивото на шеќер во крвта кои со текот на времето можат да доведат до инсулинска резистенција. Ова всушност значи дека растителните влакна го намалуваат гликемискиот индекс на храната, тема за која веќе имаме зборувано и може да прочитате повеќе тука.

Дополнително, влакната ја подобруваат ситоста, што помага во полесно менаџирање на тежината. Покачената тежина е инаку еден од главните и највлијателни ризик фактори за појава на инсулинска резистенција. Исто така, растителните влакна го промовираат растот на корисните цревни бактерии, кои произведуваат т.н кратко-верижни масни киселини (SCFAs) преку процесот на ферментација. Научните студии се повеќе ги откриваат здравствените придобивки од овој тип на соединенија, а меѓу нив е и подобрена инсулинска сензитивност, како и подобрување на низа други метаболички патишта.

Исхраната богата со растителни влакна го намалува и целокупното воспаление, кое е добро познато дека ја забрзува појавата на инсулинска резистенција, преку модулирање на имунолошките одговори и намалување на нивоата на воспалителни цитокини. Колективно, овие ефекти го нагласуваат заштитниот и превентивниот потенцијал на растителните влакна против развојот на инсулинската резистенција, но и подобрување на целокупното здравје и метаболизам.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор