fbpx

Можат ли РАСТИТЕЛНИТЕ ВЛАКНА да го намалат ризикот од КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ?

tonus

Постојано ги споменуваме растителните влакна на нашиот блог како еден од можеби најпотценетите аспекти од исхраната. Иако тие генерално не се сметаат за „класичен“ нутриент, тие имаат низа на корисни ефекти врз нашето здравје. Особено позитивно влијаат на дигестивното здравје и гастроинтестиналниот тракт, а во продолжение ќе зборуваме и за нивното позитивно дејство, односно за начинот на кој тие може да го намалат ризикот од колоректален карцином.

 

Што претставуваат растителните влакна и зошто е важно да ги внесуваме?

Растителните влакна или фибер припаѓаат на групата на јаглехидрати. Познато ни е дека јаглехидратите се есенцијални или неопходни макронутриенти. Сепак, иако припаѓаат во оваа група, растителните влакна се недигестибилни или несварливи за нашиот дигестивен систем, поради отсуството на соодветни ензими. Тие сепак се сметаат за нутриенти кои имаат низа на позитивни влијанија во организмот. Имено, растителните влакна ја попречуваат работата на дигестивните ензими со што се успорува дигестијата и на тој начин се избегнуваат шеќерните пикови, а потоа и наглите падови кои се ризични по здравјето. Ваквите осцилации во нивото на шеќер во крвта (кои најчесто се јавуваат по внес на храна која е богата со рафиниран шеќер) може да предизвикаат да се чувствуваме постојано гладни. Овој ефект на растителните влакна всушност го намалува нејзиниот гликемискиот индекс.

Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со фибер, значително го намалува ризикот од развивање на дијабет тип 2. Поради ваквиот заситувачки ефект на влакната, но и со нивното стабилизирање на нивото на шеќер, тие индиректно допринесуваат за подобра регулација на гладта, а со тоа и на телесната тежина.

"“Online”/

Растителните влакна исто така ја подобруваат цревната перисталтика и го намалуваат ризикот од појава на најчестите дигестивни заболувања. Дополнително, ризикот за појава на дијареа, констипација сериозно се намалува. Во цревата, фиберот подлежи на делумно метаболизирање и поради тоа има улога на пребиотик, односно храна за цревната микрофлора. Ова е исто така една од неговите неопходни улоги и нешто што значително допринесува за нашето здравје.

Растителните влакна се смета дека го намалуваат и ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања, а тоа е докажано и преку повеќе истражувања и студии. Една таква студија, од Универзитетот Харвард, САД, следела над 40 илјади машки здравствени работници, при што утврдила дека оние што имале исхрана најбогата со фибер, имале намален ризик од срцеви заболувања за дури 40%. Покрај овие импресивни ефекти на фиберот, во продолжение ќе погледнеме и понови истражувања кои покажале дека тој може да има и заштитнички, позитивен ефект и кај некои типови карцином – или во случајот на истражувањето – меланом.

 

Дали растителните влакна го намалуваат ризикот од колоректален карцином?

Растителните влакна се силно проучувани за нивната способност да го намалат ризикот од колоректален карцином, една од можеби најчестите форми на карцином. Исхраната богата со влакна помага да се намали овој ризик преку неколку клучни механизми. 

Прво, влакната додаваат волумен на столицата и ги „разредуваат“, односно ги намалуваат потенцијално штетните ефекти на одредени супстанции кои може да предизвикаат рак на дебелото црево. Ваквиот ефект на влакната всушност помага побрзо да се движат овие супстанции низ дигестивниот тракт, намалувајќи го времето на контакт со слузницата на дебелото црево. 

Дополнително, одредени видови влакна, особено растворливите влакна, се ферментирани од страна на  цревните бактерии, а за време на тој процес се создаваат т.н кратко-синџирни масни киселини – како што е бутиратот. Бутиратот има анти-инфламаторно дејство и се смета дека дури делува заштитнички на цревното здравје преку уништување на канцерогените клетки, додека го поддржува здравјето на здравите, функционални клетки на дебелото црево. 

Високиот внес на влакна, исто така, ја подобрува разновидноста на микробиомот и го поддржува бројот на здрави колонии на корисните бактерии, кои се важни за здравјето на дебелото црево. Од друга страна, се спречува прекумерното размножување и колонизирање со штетните, непосакувани бактериски типови кои впрочем се поврзуваат со зголемен ризик за појава на овој тип на карцином. Студиите покажуваат дека луѓето кои јадат исхрана особено богата со влакна имаат дури и до 20% помал ризик од развој на колоректален карцином во споредба со оние кои внесуваат малку влакна преку исхраната. Интересно е што науката дури нашла корелација помеѓу зголемениот внес на влакна по добивање на дијагнозата и зголемени шанси за преживување. Ваквите откритија и докази ја нагласуваат важноста на растителните влакна во превенција, но и еден вид на „терапија“, односно справување со колоректалниот карцином.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор