fbpx

Зошто РАСТИТЕЛНИТЕ ВЛАКНА се важни и препорачливи за време на БРЕМЕНОСТА?

tonus

За време на бременоста, постојат низа на нутриенти за кои мајката има нагласена потреба и се од есенцијално значење за правилен тек на бременоста. За голем дел од нив и самите потреби се зголемуваат поради развојот на плодот. Неколку примери се калциумот, фолната киселина, железото, витаминот Д итн.

Но, постојат и други нутриенти за кои можеби не се зборува толку, а сепак нудат низа на придобивки. Денес, ќе ги издвоиме и ќе зборуваме за растителните влакна, кои иако не се класифицираат како класичен нутриент, сепак може да бидат исклучително корисни и силно се препорачливи кај трудниците.

 

Што претставуваат растителните влакна и зошто е важно да ги внесуваме?

Растителните влакна или фибер припаѓаат на групата на јаглехидрати. Познато ни е дека јаглехидратите се есенцијални или неопходни макронутриенти. Сепак, иако припаѓаат во оваа група, растителните влакна се недигестибилни или несварливи за нашиот дигестивен систем, поради отсуството на соодветни ензими. Тие сепак се сметаат за нутриенти кои имаат низа на позитивни влијанија во организмот. Имено, растителните влакна ја попречуваат работата на дигестивните ензими со што се успорува дигестијата и на тој начин се избегнуваат шеќерните пикови, а потоа и наглите падови кои се ризични по здравјето. Ваквите осцилации во нивото на шеќер во крвта (кои најчесто се јавуваат по внес на храна која е богата со рафиниран шеќер) може да предизвикаат да се чувствуваме постојано гладни. Овој ефект на растителните влакна всушност го намалува нејзиниот гликемискиот индекс.

"“Online”/

Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со влакна, значително го намалува ризикот од развивање на дијабет тип 2. Поради ваквиот заситувачки ефект на влакната, но и со нивното стабилизирање на нивото на шеќер, тие индиректно допринесуваат за подобра регулација на гладта, а со тоа и на телесната тежина.

Растителните влакна исто така ја подобруваат цревната перисталтика и го намалуваат ризикот од појава на најчестите дигестивни заболувања. Дополнително, ризикот за појава на дијареа, констипација сериозно се намалува. Во цревата, фиберот подлежи на делумно метаболизирање и поради тоа има улога на пребиотик, односно храна за цревната микрофлора. Ова е исто така една од неговите неопходни улоги и нешто што значително допринесува за нашето здравје.

 

Зошто растителните влакна се препорачливи кај трудниците?

Влакната се особено важни во одржувањето на целокупното здравјето за време на бременоста, бидејќи нудат повеќекратни придобивки кои ја поддржуваат благосостојбата и на мајката и на фетусот. Растителните влакна, особено оние кои ги среќаваме во полнозрнестите житарки, овошјето, зеленчукот и мешунките, помагаат во регулирањето на нивото на шеќер во крвта, намалувајќи го ризикот од гестациски дијабетес – состојба која може да има сериозни импликации и за мајката и за детето. 

Дополнително, влакната помагаат во спречување на опстипација, вообичаена состојба за време на бременоста поради хормоналните промени кои го забавуваат варењето на храната, но и поради зголемениот притисок од самата матка. Влакната допринесуваат за поредовни движења на дебелото црево и помагаат да се намали ризикот од хемороиди, уште еден чест проблем поврзан со бременоста. Храната богата со растителни влакна придонесува и за полесна контрола врз телесната тежината и апетитот преку подобрување на ситоста и спречување од можно прејадување, а со самото тоа го намалуваат ризикот од прекумерно покачување на тежината. Ова е важно за избегнување на разни компликации кои се јавуваат поради висока тежина за време на бременоста.

Понови истражувања покажуваат дека улогата на влакната во одржување на здрав и разновиден цревен микробиом, исто така може да влијае позитивно преку одржување на имунолошката функција на мајката, како и намалување на степенот на системското воспаление, што потенцијално може да влијае на текот на бременоста. 

Поврзано: Кој тип на храна се препорачува, а кој не за време на бременоста?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор