fbpx

Глобалниот тренд наречен РАСТИТЕЛНИ млека – кои им се предностите, а кои недостатоците?

tonus

Сé поголем број луѓе избираат растителни, како алтернатива за млечните животински производи. И тоа не е општ заклучок, многу истражувањата го покажуваат овој нов тренд.

Мотивите за ваквото однесување на луѓето можат да бидат најразлични, од избегнување на потенцијалните здравствени ризици од животинските млека, постење, лактозна интолеранција, алергии, па до барање начин за слабеење, односно избегнување на масното кравјо млеко богато со калории.

Помеѓу најпопуларните алтернативи на животинските млечни продукти се и т.н. растителни млека, кои можат да бидат од најразлично потекло – соја, ориз, бадем, овес, киноа итн.  

"“Online”/

Во продолжение, нешто повеќе околку нив, нивната хранлива вредност и споредба меѓу различните типови растителни млека.

Нутритивна споредба помеѓу различните типови млека (во количество од околу 1 чаша или 230ml)

Тип на млекоКалорииЈаглехидратиШеќериВкупни мастиПротеини
Кравјо (полномасно)150kcal12g12g8g8g
Млеко од овес
(незасладено)
120kcal16g3g5g3g
Соја млеко (незасладено)80kcal4g1g4g7g
Оризово млеко (незасладено)120kcal22g10g2g0g
Бадемово млеко (незасладено)40kcal1g0g3g2g

1) Млеко од соја

Соиното млеко се прави од житарката соја, односно нејзиниот протеински изолат и се смета за најквалитетна замена за кравјото млеко, пред сé, заради високата протеинска содржина, но и богатите вкусови карактеристики.

Како и повеќето растителни млека, така и ова, може во одредена количина да содржи компоненти, т.н. згуснувачи кои помагаат за одржување на соодветната конзистенција, а понекогаш може да содржи и други растителни масла, како подобрувачи на вкусот.

Од табелата се гледа дека соиното млеко содржи речиси исто протеини колку кравјото млеко, скоро воопшто нема шеќери, а има и дупло помалку маснотии. Дополнително, тоа не соджи холестерол (како и сiте растителни продукти) и има многу ниска концентрација на заситени маснотии. Значи, соиното млеко има помала калориска вредност од кравјото.

Од микронутриентите, соиното млеко е послаб извор на калциум, но во последно време повеќето вакви производи се збогатени со овој минерал. Од друга страна, тоа е добар извор на калиум, а покрај калциумот некогаш му се додаваат и витамин Б12, витамин А и Д итн.

Заради овие причини, соиното млеко се смета за најдобрата, но е и најчесто користената замена за кравјото млеко.

Според досегашните научни податоци, соиното млеко треба да го избегнуваат само алергичните на соја.

2) Млеко од овес

Млекото од овес има кремаста структура и одличен вкус, што го прави избор во комбинација со житарки, но може да се пие и самото.

Како што се гледа од табелата, јаглехидратната содржина е висока, додека протеините и мастите се ниски. Иако природно содржи дополнителни микронутриенти, како одредени витамини од Б групата, дури и повеќе од кравјото млеко, сепак не се смета за алтернатива која често треба да се користи. Подобар е во својата природна форма – полнозрнаста житарка.


3) Млеко од бадеми

Заедно со соиното, најкористеното растително млеко на пазарот. Одличните вкусови карактеристики на бадемовото млеко се надополнети со ниската калориска вредност, солидната протеинска концентрација и ниските масти. Сепак, обичните бадеми се далеку подобар протеински извор.

Калциумот и витаминот Д, се најчесто додаваните микронутриенти кои инаку ова млеко не ги содржи (само мали количества калциум).


4) Оризово млеко

Оризовото млеко се прави од фино сомелен ориз и вода. Како и другите растителни млека, содржи одредени помошни компоненти за згуснување и подобрување на вкусот и стабилноста.

Предноста на ова млеко е тоа што речиси никој не е алергичен на него. Ова го прави добар избор за оние кои не консумираат кравјо млеко од различни причини, но се алергични на соино и некои други млека.

Има свој типичен вкус, кој за многумина е особено пријатен, но макронутритивната вредност и не му е така силна страна. Содржината на протеини му е помалку од 1 грам во една чаша, содржи малку масти, а јаглехидратната содржина му е огромна, па така и калориската вредност.

За разлика од претходните 3 растителни млека, има особено ниска микронутритивна содржина, односно минерална и витаминска содржина. Затоа, понекогаш му се додаваат калциум и витамин А, Д.

Заради овие причини, се смета за најлоша опција помеѓу растителните млека, особено за луѓето кои имаат потреба од повеќе протеини, децата и оние кои слабеат.

Главните предности на растителни млека во однос на кравјото млеко:

◦ Помалку калории.

◦ Повеќето растителни млека имаат помалку шеќери и маснотии од кравјото.

◦ Иако не се толку добар извор на минерали и витамини, растителните млека се најчесто збогатени со оние микронутриенти со кои е богато кравјото млеко.

◦ Повеќето растителни млека можете да ги направите во домашни услови, што значи можете да ги избегнете високите цени.

◦ За разлика од животинските, растителните млека не содржат воопшто холестерол.

◦ Кравјото млеко има премногу натриум.

◦ Кравјото млеко е чест алерген, а многумина не можат да ја дигестираат лактозата (млечниот шеќер).

◦ Кравјото млеко може да создаде зависност.


На крајот, при купувањето растителни млека, внимавајте на:


Додадените шеќерида имаат што помалку или воопшто да немаат.

Содржината на протеини и калциум – да биде повисока.

Витамин Б12 – важно за оние кои се на строга растителна исхрана.

Цената – доколку е превисока, правете го дома.


Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор