fbpx

За деновите кога немате многу време – вкусни и здрави САЛАТИ СО ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ!

tonus

Оризот е една од најкористените житарки ширум светот. Често го среќаваме како рафиниран, односно бел ориз или како интегрален. Секако, се препорачува употребата на интегралниот, бидејќи процесот на рафинација ги отстранува голем дел од нутриентите. Во продолжение, ќе издвоиме два брзи и здрави рецепти со интегрален ориз, кои се идеални за деновите кога немате премногу време за готвење.

Нутритивна вредност на интегралниот ориз

Како што споменавме, интегралниот ориз, впрочем како и сите интегрални житарки, не поминува низ процесот на рафинација, па така ги задржува речиси сите нутриенти. Интегралниот или често наречен и кафеав ориз, се смета за полнозрнеста житарка, која е одличен извор на растителни влакна, комплексни јаглехидрати, микронутриенти и сл. Исто така, интегралниот ориз има понизок гликемиски индекс, па така може да биде повремено користен, во умерени количини и од лицата со дијабет.

Нутритивната вредност на интегралниот ориз (200g) е:

"“Online”/
  • 245kcal
  • 5,5g протеини
  • 1,9g масти
  • 51,7g јаглехидрати
  • 3,2g растителни влакна

Дополнително, тој содржи фолна киселина, железо и низа други витамини и минерали.

Медитеранска салата со ориз

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 40 минути, а истиот е доволен за 4-6 лица.

Потребни намирници:

  • 200g интегрален ориз
  • 2 пиперки, исецкани на кругчиња
  • Една краставица, исецкана на кругови
  • 1-2 големи домати, исецкани
  • 100g пченка (по желба)
  • 1 главица кромид, исецкана
  • Една помала конзерва подготвен грав
  • Неколку маслинки, исецкани
  • Околу 100g фета сирење или урда
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1 мала лажичка мед
  • Маслиново масло
  • Балсамико оцет
  • Сол, бибер, оригано и останати зачини по желба
  • Сок од еден лимон

Подготовка:

  1. Оризот сварете го. Потоа ставете го во длабок сад за салата и кон него додајте ги: пиперките, краставицата, доматите, пченката, кромидот, маслинките и гравот.
  2. Пропрскајте ја салатата со маслиново масло, балсамико оцет и додајте го сокот од лимон. Зачинете и посолете по желба.
  3. Фино промешајте, а на крајот додајте го и фета сирењето или урдата.
  4. Послужете.

Салата од интегрален ориз, наут и печени пиперки

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 40 минути, а истиот е доволен за 3-4 лица.

Потребни намирници:

  • Околу 200-250g интегрален ориз
  • 1 конзерва подготвен наут
  • 3-4 печени зелени пиперки
  • 1-2 свежи домати, исецкани
  • 1 краставица, исецкана на кругови
  • Неколку маслинки
  • Малку свеж магдонос

За преливот:

  • Сол, бибер и зачини по желба
  • Сок од лимон
  • 1 чешне лук
  • Една лажичка сенф
  • 1 мала лажичка мед (по желба)
  • Маслиново масло

Подготовка:

  1. Оризот сварете го и ставете го во длабок сад.
  2. Подгответе го преливот, така што ќе ги измешате сите состојки заедно.
  3. Кон сварениот ориз додајте ги исецканите зеленчуци и нежно промешајте.
  4. Потоа додајте го преливот и дополнително промешајте.
  5. Послужете.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор