fbpx

Вкусни и здрави есенски рецепти со ЦВЕКЛО!

tonus

Есента е период кога пазарите се особено богати со исклучително нутритивни и здрави намирници. Сезонските овошја и зеленчуци се најдобриот избор кога сакаме да ја подобриме нашата исхрана и здравје. Особено зеленчуците може да се искористат овој период и да се подготват во разни јадења, зимници, салати и сл. Салатите иако често се користат како прилог на главното јадење, може да послужат и како здрава ужина или вкусна вечера. Затоа, во продолжение издвојуваме два сезонски рецепти кои се подготвуваат со употреба на еден од најздравите претставници на есента – цвеклото.

Цвекло – богат извор на микронутриенти, но и на антиоксиданти

Цвеклото е двегодишно растениe со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови и спаѓа во категоријата на најкорисни и најлековити градинарски култури. Се користи целото растение и може да се употребува во текот на целата година. Многу често се ферментира заради повеќе причини. Ова растение изобилува со есенцијални хранливи материи како голем број на разни микронутриенти но и некои фитохемикалии кои нудат повеќе различни здравствени придобивки.

Цвеклото е ниско калорично, а од друга страна има висок процент на витамини и минерали. Практично, ги содржи речиси сите потребни витамини и минерали за човекот, секако во различни количества.

"“Online”/

100g приготвено цвекло има само 44kcal, а ни обезбедува и:

  • 10g jaглехидрати
  • 1,7g протеини
  • 0,2g маснотии
  • 2g растителни влакна
  • 6% од Дневниот Препорачан Внес за витамин Ц
  • 20% од ДПВ за витамин Б9
  • 16% од ДПВ за манган

Застапени се и други елементи во помали колични, но и неоргански нитрати и пигменти, кои имаат низа на корисни дејства по здравјето на човекот.

Цвеклото поради присутните нитрати може да има особено корисно дејство во поглед на крвните садови и кардиоваскуларното здравје. Некои спортисти дури го употребуваат сокот од цвекло за подобрување на нивниот перформанс.

 

Медитеранска тава со цвекло

За овој рецепт потребни ви се околу 30 минути, а истиот е доволен за 3-4 порции.

Потребни намирници:

  • 2 домати, исечени на поситни парчиња
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку свеж магдонос
  • Сол, бибер и сушено оригано
  • Малку балсамико оцет
  • Неколку маслинки
  • 3 парчиња цвекло, тенки исечкани
  • Една мала главица кромид, ситно и тенко исецкана
  • Фета сирење (околу 100-150g)
  • 2 моркови, исецкани на кругчиња
  • Маслиново масло

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 200°C. Во големо тавче за печење ставете ги доматите, лукот, фета сирењето, цвеклото, кромидот и морковите. Фета сирењето нека биде централно позиционирано, а зеленчуците распоредете ги околу и врз него. Пропрскајте со малку маслиново масло.
  2. Покријте го тавчето со алуминиумска фолија и ставете го да се пече, околу 20 минути. Зготвениот зеленчук посолете го и зачинете го по желба. Пропрскајте со капка маслиново масло и додајте балсамико оцет по желба. Фино промешајте и сервирајте со малку свеж магдонос и свежи, исецкани маслинки.

 

Салата со киноа и цвекло

За подготовка на оваа салата ќе ви бидат потребни околу 30 минути, а истата е доволна за околу 4 лица.

Потребни намирници:

  • 1 шолја киноа
  • Малку маслиново масло
  • 3 поголеми парчиња цвекло, излупени и исецкани
  • 1 врзоп младо кромидче, исецкано
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку сок од лимон
  • Свеж магдонос
  • Сол и мелен црн бибер
  • Балсамико оцет
  • Малку фета сирење или урда

Подготовка:

  1. Подгответе ја киноата така што ќе ја измешате со 2 чаши вода. Ваквата смеса доведете ја до вриење, а потоа оставете ја со капак да врие околу 15-20 минути, односно додека киноата не омекне и не ја впие целата вода. Тргнете ја од оган и оставете ја покриена со капакот уште 3-5 минути.
  2. Во меѓувреме, во тавче со маслиново масло ставете ги цвеклото и младиот кромид и динстајте ги околу 10 минути. Потоа, додајте го лукот и гответе уште 2-3 минути. Кон ова, додајте ја зготвената киноа, сокот од лимон и магдоносот. Зачинете со сол, бибер и балсамико оцет по желба.
  3. Ваквата салата послужете ја топла со малку фета сирење или урда на врвот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор