fbpx

Два рецепти за подготовка на риба со сезонски зеленчуци

tonus

Летото е одличен период да се комбинираат бројните достапни свежи зеленчуци со вкусно парче печена риба. Во медитеранскиот начин на исхрана рибата зазема една од централните позиции. Таа се смета за особено хранлива или нутритивно богата храна, како и одлична опција за разни рецепти. На нашите простори се консумира морската риба, но исто така во рибарниците секогаш се наоѓаат и свежите, слатководни риби. Па така, денес ви издвојуваме два рецепти кои може да ги подготвите со употреба на сезонските зеленчуци и некој тип на риба.

 

Зошто е рибата здрава и корисна за нашето здравје?

 

Рибиното месо се смета за еден од најдобрите извори на две форми на омега – 3 масните киселини – ЕРА и DHA, кои се исклучително важни, пред сè за здравјето на срцето. На пример, во месото на пастрмката, на 100g се содржат:

 

  • 0g јаглехидрати
  • 3,5g вкупни масти, од кои – 0,7g заситени, 1,1g мононезаситени и 1,2g полинезаситени
  • 20,5g протеини

 

"“Online”/

Од витамините, пастрмката ги содржи повеќето витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 и Б12) и витамините А, Д и Е.

Таа исто така се смета за релативно ниско калорично месо и содржи само 119 калории/100g.

Општо гледано, рибиното месо се смета за одличен извор на здрави масти (особено на омега-3 масните киселини), комплетни протеини како и низа на витамини и минерали.

 

Медитеранска тава од зеленчуци и риба

 

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 30 минтуи и истиот е доволен за 4 порции.

 

Потребни состојки:

  • 4 филети бело рибино месо (секој филет да тежи околу 150g)
  • Неколку свежи домати
  • 2 големи тиквички
  • Околу десетина каламата маслинки
  • Малку сушено оригано и лук во прав (може да употребите и свежи чешниња лук)
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

 

По желба:

  • Малку сок од лимон при сервирањето
  • Интегрален ориз, киноа или зготвени компири како прилог

 

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната и оставете ја да се загрее на 180℃. На тавчето во кое ќе ја печете рибата, поставете хартија за печење.
  2. Доматите исечете ги на покрупни коцкички, а тиквичката на средно дебели кругчиња. Семките од маслинките отстранете ги, а потоа исецкајте ги.
  3. Во тавчето наредете ги филетите риба, доматите и тиквичката. Врз нив расфрлајте ги исецканите маслинки. Наросете со малку сушено оригано, лук во прав, сол и бибер. Пропрскајте со малку маслиново масло и нежно промешајте ги зеленчуците.
  4. Печете 15-20 минути, односно додека зеленчуците не омекнат, а филетите риба не се испечени.
  5. По желба, послужете со интегрален ориз, киноа или печени компири.

 

Печен бакалар со зеленчуци

 

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 40 минути и истиот е доволен за 4 порции.

 

Потребни намирници:

  • Маслиново масло
  • 4 филети бакалар (може да употребите и друг тип на риба со бело месо)
  • Една главица кромид, ситно исецкана
  • 1 црвена и 1 зелена пиперка, ситно исецкани
  • 3 чешниња лук, ситно исецкани
  • 1-2 домати, покрупно исецкани
  • Малку магдонос, ситно исецкан
  • Малку сок од лимон
  • 150ml растителен бујон или вода
  • Сол и мелен црн бибер

 

 

Начин на подготовка:

  1. Загрејте масло на тавче и пропржете го кромидот и пиперките околу 10 минути. Потоа додадете го лукот и динстајте дополнителни 1-2 минути. Тргнете го тавчето од оган и додадете ги доматите, магдоносот, сокот од лимон и бујонот (или водата). Зачинете со сол и црн бибер.
  2. Во тавче за печење, ставете ги филетите риба и зачинете ги од двете страни. Покријте ги подеднакво со смесата од зеленчуци.
  3. Филетите од риба прекриени со зеленчуковата смеса ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200℃. Печете околу 20-25 минути.
  4. Послужете.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор