fbpx

Кои се главните РИЗИК ФАКТОРИ за појава на БУБРЕЖНИ КАМЧИЊА?

tonus

Бубрежните камчиња се честа појава и кај голем дел од популацијата која ги има тие нема да направат посериозен проблем. Но, кај дел може да направат одредени компликации и да бидат доста болни. Денес, ќе зборуваме за главните причини или т.н ризик фактори кои допринесуваат за формирање на ваквите камчиња.

 

Што претставуваат бубрежните камчиња?

Бубрежните камчиња се цврсти депозити или наслаги во бубрезите, кои имаат потенцијал да кристализираат, односно да преминат во камчиња со различен дијаметар и облик (шилест, поправилен топчест итн), но најчесто се работи за помали обеми. Тие се доста чест проблем помеѓу населението, а статистиките од САД велат дека над 10% од населението во одреден период од животот го развива овој проблем. Нешто поголем ризик од развој на камчиња во бубрезите имаат мажите над 30 годишна возраст и оние кои веќе еднаш го имале проблемот, но сепак, непријатните камчиња можат да се појават кај секого.

Тие може да создадат поблаги, но и значителни, многу непријатни и долготрајни болки кои имаат потенцијал да се одразат доста негативно врз квалитетот на живот. Дополнително, можни се и одредени здравствени компликации, особено ако не се побара медицинска помош, како на пример значително зголемен ризик од хронични бубрежни болести.

"“Online”/

[Поврзано: Како да се спречат камчињата во БУБРЕЗИТЕ?]

 

Кои се главните ризик фактори за појава на бубрежни камчиња?

Формирањето на бубрежни камења, или нефролитијазата, е главно под влијание на различни ризик фактори кои може да се категоризираат во неколку категории: диететски, генетски, фактори на средината и останати медицински состојби. Примарен ризик фактор во исхраната е високиот внес на храна богата со оксалати (пример спанаќ, јаткасти плодови и др.) и протеини од животинско потекло кои впрочем го зголемуваат формирањето на калциум оксалатни камења во бубрезите. Згора на тоа, нискиот внес на течности и дехидрираноста водат до поконцентрирана урина, зголемувајќи го ризикот од формирање на камчиња. Генетски гледано, лицата со семејна историја на бубрежни камења се повеќе предиспонирани, што укажува на наследна компонента во појавата на оваа состојба. Фактори на средината, како високите температури, може да ја влошат дехидрираноста, што дополнително може да го зголеми ризикот од појава на камења. Секако, за ова да се смета како ризик фактори би требало да се случува редовно, подолг временски период.

Дополнително, медицинските состојби како хиперпаратироидизам, која го зголемува нивото на калциум во урината, и гастроинтестинални нарушувања како Кронова болест, кои влијаат на апсорпцијата на калциум и оксалати, се значајни ризик фактори. Метаболичките синдроми, вклучувајќи ги прекумерната тежина, дијабетот тип 2 и хипертензијата, исто така го зголемуваат ризикот. Тие се смета дека делуваат на pH на урината, влијаејќи на формирањето на камчиња во бубрезите. Исто така, одредени лекови како што се диуретиците и антациди базирани на калциум, може да го зголемат уринарниот калциум или да ја променат уринарната хемија, промовирајќи формирање на камчиња.

Генерално зборувано, овие ризик фактори ја опишуваат сложената интеракција помеѓу начинот на живот, генетиката и здравствените состојби за можниот развој на бубрежни камчиња. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор